Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп ја прошири забраната за влез: Сирија, Мали, Нигер и уште четири држави на удар од 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Државјаните на Буркина Фасо, Мали, Нигер, Јужен Судан, Сирија, Лаос и Сиера Леоне од 1 јануари 2026 година ќе се соочат со целосна забрана за влез во САД, согласно новата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.

Со најновото проширување, администрацијата додава уште седум земји на листата што Вашингтон ја смета проблематична во однос на безбедносните проверки и размената на информации, што – како што наведува Белата куќа – претставува директна закана за националната и јавната безбедност.

— реклама —

Покрај овие држави, САД воведуваат и целосни ограничувања за лица со патни документи издадени од Палестинската власт, кои претходно беа делумно ограничени.

Одлуката за Сирија претставува особено значаен пресврт. Иако Трамп во ноември јавно го поздрави доаѓањето на новиот сириски лидер Ахмед ал-Шарау по соборувањето на Башар ал Асад, последниот вооружен напад во кој загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач бил наведен како клучен повод за дополнително заострување на мерките.

— реклама —

Според Белата куќа, листата останува динамична и ќе се менува во зависност од тоа како државите ќе соработуваат во делот на безбедносните стандарди и размената на информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pedro-sances

„Нема право да истребува народ“ – Санчез со жестока порака до Израел и трајна забрана за оружје

Свет | пред 7 месеци

— реклама —
preseka

Забрана за движење на товарни возила на неколку правци

Македонија | пред 1 година

suma-333

Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања