Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп конечно откри: Ќе има ли напад врз Гренланд?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library6p21p0pmug1rckUQz1R
Фото: AI - Skopje1

Претседателот на САД, Доналд Трамп, обраќајќи се на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека „ниедна држава или група држави, освен Соединетите Американски Држави, не е во позиција да го обезбеди Гренланд“, но нагласи дека нема да употреби сила.

„Секој сојузник во НАТО има обврска да биде способен да ја брани сопствената територија. Факт е дека ниту една држава, ниту група држави, освен САД, не е во позиција да го заштити Гренланд. Ние сме голема сила, многу поголема отколку што луѓето сфаќаат“, рече Трамп.

— реклама —

Тој ја критикуваше Данска, оценувајќи ја како „незахвална“ поради тоа што одбива да се откаже од контролата врз Гренланд, тврдејќи дека таа ѝ должи благодарност на Америка за одбраната во Втората светска војна.

„Данска падна во рацете на Германија по само шест часа борба и беше целосно неспособна да се брани, ниту себеси, ниту Гренланд. САД беа приморани да интервенираат и тоа го направивме. Да не бевме ние, денес ќе зборувавте германски и јапонски. По војната им го вративме Гренланд – колку глупаво од наша страна. А денес гледаме колку се неблагодарни“, изјави Трамп.

— реклама —

Сепак, тој јасно порача дека нема да се послужи со сила.

„Веројатно ништо нема да добиеме, освен ако не одлучам да употребам огромна моќ, со која, искрено, би биле незапирливи. Но, тоа нема да го направам. Не морам и не сакам да користам сила. Нема да употребам сила“, нагласи американскиот претседател.

Трамп додаде дека целта на САД е стекнување сопственост врз Гренланд, бидејќи, како што рече, „без сопственост не можете да го браните – не можете да го браните со закуп“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања