Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп: Не планираме враќање на средствата од царините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација не планира да враќа средства наплатени врз основа на царините што беа поништени од Врховниот суд, најавувајќи дека прашањето ќе заврши во долготрајни судски постапки.

По пресудата со која судот утврди дека еднострано воведените царини биле незаконски, во фокусот се најде можниот поврат на средствата што американските увозници ги плаќале во изминатата година. Тие би можеле да побараат враќање на парите од Американската царинска и гранична служба.

— реклама —

Според проценка на економистите од моделот Пен-Вортон за буџетска анализа, потенцијалниот трошок за федералната влада би можел да достигне околу 175 милијарди долари.

Еден од судиите, Брет Кавано, кој беше во малцинство при донесувањето на одлуката, наведе дека Соединетите Американски Држави можеби ќе треба да вратат милијарди долари на увозниците што ги платиле царините, иако дел од нив можеби веќе ги префрлиле трошоците врз потрошувачите.

— реклама —

Во јавноста се оценува дека процесот на евентуален поврат на средствата би можел да предизвика правен и административен хаос. Запрашан дали администрацијата ќе ги почитува можните обврски за враќање на парите, Трамп изјави дека очекува споровите да траат со години и ја оцени судската одлука како „страшна“ и „целосно погрешна“.

Тој додаде дека прашањето не е дополнително разгледувано и дека, според него, целата тема ќе се решава пред судовите во наредните години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања