Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Трамп: Новинарите кои пишуваат негативно го кршат законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новинарите кои негативно известуваат за неговата администрација го прекршуваат законот.

„Земаат една одлична приказна и ја прават лоша. Видете, мислам дека тоа е навистина незаконски“, порача Трамп пред новинарите во Овалната соба.

— реклама —

Тој не прецизираше конкретен закон кој, според него, е прекршен, но додаде:

„Кога 97 проценти од приказните за некоја личност се лоши, тоа веќе не е слобода на говор“.

— реклама —

Оваа негова изјава дојде откако претходно изјави дека на одредени телевизиски мрежи треба да им се „одземат“ лиценците.

Претседателот и Брендан Кар, шеф на Федералната комисија за комуникации, ги засилија заканите кон медиумите откако телевизијата АБЦ го суспендираше комичарот Џими Кимел поради неговите коментари за убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк.

Суспензијата предизвика протести кај демократите и дел од републиканците. Лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер, побара оставка од Кар, додека републиканскиот сенатор Тед Круз ги оцени постапките на Кар како „опасни“.

Трамп, пак, во Овалната соба застана во негова одбрана, нарекувајќи го „неверојатен“ и „голем Американец“.

„Мислам дека Кар е храбар човек. Не сака да гледа како медиумскиот простор се користи незаконски и неправилно“, истакна американскиот претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Дали САД блефира во конфликтот со Иран

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп поставува рок за Иран: Примирјето нема да трае бесконечно

Свет | пред 1 ден

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп најави дека САД разгледуваат валутна размена со ОАЕ и можен „финансиски потпор“ поради регионалната криза

Свет | пред 1 ден

media-librarymq018hkepk163plbXCY

(Видео) Трамп чита Библија по судирот со папата, нови реакции во САД

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања