Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп сака да преземе контрола над регулацијата на вештачката интелигенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна уредба со која федералната регулатива за вештачка интелигенција би ги заменила законите на поединечните држави. Според него, единствен национален правилник е неопходен за САД да го задржат водството во развојот на АИ. Трамп предупреди дека компаниите не можат да бараат 50 различни одобренија и дека таков систем би го уништил технолошкиот напредок.

Најавата предизвика загриженост кај академци, безбедносни експерти и државни законодавци, кои стравуваат дека олабавените правила ќе им овозможат на технолошките компании да ја избегнат одговорноста ако нивните АИ-системи предизвикаат штета. Неколку држави веќе имаат сопствени закони за да се спротивстават на ризични практики како deepfake-содржини или алгоритамска дискриминација.

— реклама —

Технолошките лидери, пак, тврдат дека мрежата од различни државни прописи ја кочи иновацијата и ја ослабува американската конкурентност. Нараснува поддршката во Силициумската долина за централизирано и полабаво регулирање.

Нцрт-уредбата предвидува формирање работна група која би ги оспорувала построгите државни закони и би воспоставила единствен федерален пристап. Некои политичари, меѓу нив и гувернерот на Флорида Рон Десантис, остро се спротивставија на планот, предупредувајќи дека тоа претставува прекумерна федерална моќ и подарок за големите технолошки компании.

— реклама —

Стотици организации, вклучувајќи синдикати и здруженија за заштита на потрошувачи, побараа од Конгресот да го блокира потегот, предупредувајќи дека концентрацијата на моќ во Big Tech може да доведе до губење работни места, повисоки трошоци за живот и поголема зависност од енергетски интензивни дата-центри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 20 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања