Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп се закани со царини од 200 проценти ако Кина не испорачува магнети од ретки метали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе царини од 200 проценти на увозот на кинеска стока доколку Пекинг не обезбеди сигурни испораки на магнети од ретки земни метали во САД.

— реклама —

„Мора да ни ги дадат магнетите. Ако не ни ги дадат, ќе мора да воведеме царина од 200 проценти или нешто слично“, изјави Трамп во Белата куќа на средба со јужнокорејскиот претседател Ли Џае Миунг.

— реклама —

Тој додаде дека ваквата мерка практично би ја сопрела трговијата со Кина, но дека тоа е прифатлив сценарио доколку биде потребно.

— реклама —

Ретките земни метали се клучна суровина за современата технологија – се користат во производство на мобилни телефони, ветерници, електрични возила и воена опрема. Најважна улога имаат токму магнетите од овие метали. Кина е глобален лидер во производството и обработката на ретки земни метали, додека САД речиси целосно се потпираат на увоз.

Во услови на трговски тензии, Пекинг претходно веќе го ограничи извозот на ретки метали и магнети. Новата закана на Трамп доаѓа спротивно од неговиот помирлив тон на почетокот на август, кога најави 90-дневно продолжување на трговското примирје со Кина.

Двете земји во мај се согласија да ја прекинат размената на високи царини за да поттикнат дијалог околу трговијата, снабдувањето со ретки минерали и пристапот до чипови за вештачка интелигенција. Според „Волстрит журнал“, кинеска делегација предводена од главниот преговарач Ли Ченганг оваа недела ќе отпатува во Вашингтон за продолжување на преговорите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

si-dziping2

Кина иницира дијалог со Тајван преку опозицискиот лидер

Свет | пред 15 часа

media-library2bbm4cohp8b1aZLfl9L

Кина го мапира морското дно низ океаните, Западот алармира за можни воени цели

Свет | пред 6 дена

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

Кинескиот извоз силно расте и покрај царините на Трамп

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhg4shmchcr896Bd60Pk

Кина повика на итен прекин на американско-израелските операции во Иран

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања