Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп со проценка за Техеран: претстои интересно и неизвесно раздобје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти режимот во Техеран би можел да падне, оценувајќи дека актуелните протести имаат потенцијал да доведат до сериозни политички промени во земјата. Неговите коментари доаѓаат откако Иран утринава соопшти дека Ерфан Солтани е уапсен, но не и осуден на смрт, што е спротивно на тврдењата на неговото семејство и на една организација за човекови права, објави Reuters.

— реклама —

Во интервјуто, Трамп изрази уверување дека протестите би можеле да резултираат со пад на режимот кој е на власт од Исламската револуција во 1979 година. „Секој режим може да падне“, изјави тој, додавајќи дека „без разлика дали ќе падне или не, ова ќе биде интересно раздобје“.

— реклама —

Трамп воедно изрази скепса околу можноста власта во Иран да ја преземе иранскиот прогонет престолонаследник Реза Пахлави, кој во последниот период се наметна како еден од погласните поддржувачи на демонстрантите. Американскиот претседател оцени дека Пахлави „изгледа многу симпатично“, но додаде дека не е сигурен „како би се снаоѓал во сопствената земја“.

— реклама —

Американскиот претседател вчера изнесе и тврдење дека „убивањето во Иран запира“, без притоа да навлезе во дополнителни детали за основата на таа проценка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 22 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 1 ден

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања