Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп со жестока закана до Иран: „Ако ми се случи нешто, од вас нема да остане ништо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека на континуираните закани за атентат врз него, кои доаѓаат од Техеран, ќе биде одговорено со целосно уништување на таа земја.

„Не би требало да го прават тоа, но јас јасно им ставив до знаење. Што и да се случи, ќе ја дигнеме во воздух целата земја, целата држава ќе биде уништена. Имам многу цврсти инструкции – што и да се случи, ќе бидат збришани од лицето на земјата“, изјави Трамп за „Њуз нејшн“, пренесува „Хил“.

— реклама —

Трамп претходно изјави дека оставил јасни инструкции САД да го уништат Иран доколку таа земја изврши атентат врз него.

„Тие не го направија тоа и би било катастрофално за нив ако се осмелат. Не поради мене – ако го направат тоа, ќе бидат збришани. Тоа би бил крај. Оставив инструкции: ако го сторат тоа, ништо нема да остане“, нагласи Трамп.

— реклама —

Тој предупреди и дека можноста за напад врз Иран е на маса поради антивладините протести во земјата, во кои, според него, биле убиени повеќе од 3.300 луѓе во судири со иранските безбедносни сили.

Во меѓувреме, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини САД дека коваат заговор против иранската влада и дека стојат зад протестите, тврдејќи дека Вашингтон се обидува да го „проголта Иран“.

„Немаме намера да ја туркаме земјата во војна. Но, нема да им дозволиме на криминалците внатре во државата да дејствуваат неказнето. Уште полоши од внатрешните криминалци се меѓународните криминалци – и нив нема да ги пуштиме“, напиша Хамнеи во една од своите објави на социјалната мрежа Икс.

Американските разузнавачки служби, како што беше објавено претходно, го информирале Трамп за наводни закани по неговиот живот за време на претседателската кампања во 2024 година. Поранешниот државен обвинител Мерик Гарланд изјави дека заговорот бил одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше ликвидиран од САД во 2020 година, за време на првиот мандат на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 20 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 21 час

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања