Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп во ОН: „Во право сум за сè – Европа ја уништуваат енергијата и имиграцијата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library9monc1bk6s5oeWaZ5zu

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк изјави дека „бил во право за сè“, предупредувајќи дека европските држави се соочуваат со опасност од уништување поради, како што рече, „измами со зелената енергија“ и неконтролирана имиграција.

— реклама —
— реклама —

— реклама —

„Навистина сум добар во предвидување на работите. За време на кампањата рекоа дека има капа – најпродаваната капа – на која пишуваше: ‘Трамп е во право за сè’. И тоа е вистина“, изјави американскиот претседател.

Трамп ја нападна употребата на обновливи извори на енергија, особено ветерните турбини, нарекувајќи ги „измама што ја уништува Европа“. Тој истакна дека европските земји, покрај енергетските политики, се соочуваат и со „катастрофа од неограничена имиграција“.

„Ако не се одвоите од оваа зелена измама, вашите земји ќе пропаднат. Ако не ја запрете неконтролираната имиграција од луѓе со кои немате ништо заедничко, вашите земји ќе пропаднат. Јас сум претседател на САД, но се грижам за Европа. Ја сакам Европа и луѓето на Европа, и мразам да гледам како ја уништуваат енергијата и имиграцијата“, изјави Трамп.

Тој додаде дека европските лидери се обидуваат да бидат „добри и политички коректни“, но со тоа, како што рече, „ја уништуваат својата сопствена традиција и наследство“. Според него, неопходно е веднаш и силно да се преземе контрола врз „двоглавото чудовиште“ од имиграција и енергетска политика, „пред да биде предоцна“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

Четири европски сили го осудија израелскиот план за проширување на смртната казна

Свет | пред 18 часа

fon-der-lajen

Фон дер Лајен: Клучниот енергетски правец мора да биде безбеден, потребно е решение преку преговори

Свет | пред 6 дена

DSC_0109

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите

Македонија | пред 1 седмица

w_55031023

ЕУ повика на прекин на нападите во Либан

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања