Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп во понеделник пристигнува во Израел на прославата за ослободувањето на заложниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ќе допатува во Израел, каде што ќе присуствува на официјалната прослава по повод враќањето на заложниците кои беа држени во Газа, јавуваат израелските медиуми.

— реклама —

Неговиот авион треба да слета на аеродромот Бен Гурион кај Ерусалим околу 9 часот наутро, што се совпаѓа со истекот на рокот што го постави Хамас за враќање на последната група заложници.

— реклама —

Израелската полиција потврди дека се подготвува за неговата посета, а Трамп, според најавите, ќе одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, по официјална покана од неговиот претседател.

— реклама —

Сè уште не е познато дали американскиот лидер ќе може да го посети и Плоштадот на заложниците во Тел Авив, каде што секојдневно се собираат семејствата на ослободените и исчезнатите. Тие побарале лична средба со Трамп, а дел од нив предложиле токму таму тој да одржи јавен говор.

Посетата на Трамп доаѓа во чувствителен момент за регионот, по постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој се смета за првиот чекор во американскиот мировен план за Газа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 16 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 17 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања