Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп започна 2026 со настап пред републиканците: фокус на изборите и Конгресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше интензивен почеток на 2026 година, а неговото најавено обраќање започна во 16 часот по македонско време. Непосредно пред да ја напушти Белата куќа, Трамп на својата социјална мрежа објави кратка порака во која најави средба со републиканците од Претставничкиот дом, за кои напиша дека „навистина ги сака (речиси сите!)“.

— реклама —

Средбата се одржа во Кенеди центарот во Вашингтон, институција која во изминатите недели се најде во фокусот на јавноста поради контроверзиите околу обидот за нејзино преименување. Управниот одбор, за кој американските медиуми наведуваат дека е лично избран од Трамп, непосредно пред Божиќ изгласал предлог установата да се преименува во „Трамп–Кенеди центар“. Овој потег сè уште не е одобрен од Конгресот и наиде на остри критики, вклучително и од членови на семејството Кенеди.

— реклама —

Иако претходно се шпекулираше дека Трамп би можел да се осврне на надворешнополитички теми, како состојбата во Венецуела или изјавите поврзани со Гренланд, неговото обраќање засега беше целосно насочено кон внатрешната политика.

— реклама —

Во говорот, кој имаше јасна внатрепартиска димензија и беше насочен кон придобивање поддршка од републиканските пратеници, Трамп зборуваше за претстојните избори за Конгресот, повторно го доведе во прашање начинот на кој јавноста и медиумите ја оценуваат неговата администрација, а оддаде и почит на пратеникот Даг ЛеМалфа, кој неодамна почина.

Во текот на настапот, Трамп не ги спомена можните потези во Венецуела, ниту пак повтори претходни изјави поврзани со Гренланд или други надворешнополитички прашања, оставајќи го фокусот исклучиво на домашната политичка сцена и внатрешните предизвици со кои, според него, се соочуваат САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 1 ден

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 1 ден

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања