Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трговска ескалација: Трамп ѝ се закани на Канада со драстични царини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryd27cureiliuadiUPLyP

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра закана до Канада, најавувајќи воведување царини од 100 отсто на целата канадска стока и производи што влегуваат во Соединетите Американски Држави, доколку земјата продолжи со спроведување на трговскиот договор со Кина.

Во објава на својата платформа „Truth Social“, Трамп порача дека канадскиот премиер Марк Карни „се лаже“ ако мисли дека Канада може да стане „претоварна станица“ преку која Кина ќе извезува стока кон американскиот пазар.

— реклама —

„Ако гувернерот Карни мисли дека ќе ја претвори Канада во претоварна станица преку која Кина ќе испраќа роба и производи во Соединетите Држави, тој е во сериозна заблуда. Кина буквално ќе ја изеде Канада, целосно ќе ја проголта – ќе ги уништи нејзините компании, општественото ткиво и начинот на живот. Доколку Канада склучи договор со Кина, веднаш ќе се соочи со царина од 100 отсто на целата канадска стока што влегува во САД“, напиша Трамп.

Заканата доаѓа во момент на растечки тензии меѓу Вашингтон и Отава. Иако Трамп подолго време води трговска војна на повеќе фронтови, Канада овој месец постигна договор со Кина со кој се намалуваат царините за кинеските електрични возила, додека Пекинг возвратно ги снижува увозните давачки за канадските земјоделски производи.

— реклама —

Односите дополнително се заострија во последните недели, со размена на јавни пораки меѓу Трамп и Карни, а ситуацијата е оптоварена и со иницијативата на американскиот претседател за преземање на Гренланд, што создава дополнителна нервоза во рамки на НАТО.

За време на престојот во Давос, Трамп изјави дека „Канада опстојува благодарение на Соединетите Држави“, по што го повлече и поканувањето на Карни да се приклучи на неговиот новоформиран „Одбор за мир“. Претходно, американскиот претседател во повеќе наврати го доведуваше во прашање канадскиот суверенитет, па дури и сугерираше дека Канада би требало да стане 51-та сојузна држава на САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп вели дека САД пресретнале брод што носел кинески подарок за Иран. Реагира Пекинг

Свет | пред 13 часа

— реклама —
si-dziping2

Кина нуди помош за Африка поради последиците од војната со Иран

Свет | пред 17 часа

nafta-696x465-1

Кина ги намали цените на горивата по падот на нафтата

Свет | пред 18 часа

media-librarybnj6a4fjvvkua7zCKpX

Кинеските астронаути остануваат во орбита уште еден месец

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања