Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трипуновски: 7 години Филипче и СДС имаа катастрофални политики за земјоделците кои резултираа со масовни протести, нека не глумат сега лажна загриженост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryjh6m9r832b991pMa41k

Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта, вели министерот Цветан Трипуновски.

„Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира.

На толку криминални тендери, на толку украдени пари, Венко Филипче денеска лажно глуми загриженост за земјоделците, како наводно состојбата била лоша.

— реклама —

Седум години СДС не мрдна со прст за земјоделците. Ги игнорираа и понижуваа земјоделците и затоа денеска се таму каде што се, со едвај 15 пратеници во Парламентот.

Мој совет по втор пат до Венко Филипче е тој што му го води пи-арот веднаш да го откаже, зошто се повеќе сум сигурен дека некој од внатре го мести. Понекогаш молчењето е подобра стратегија, особено кога фактите не се на негова страна.

— реклама —

Нека се држи до турбо фолкот и нека го следи и пее Харис Џиновиќ.

Во продолжение му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Македонија | пред 4 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања