Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ТРИПУНОВСКИ

tripunovski-vlada

(Видео) „Немаат кредибилитет да бараат оставки“, премиерот го брани министерот за земјоделие од интерпелацијата на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека интерпелацијата поднесена од СДСМ за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски е неоснована и безпредметна, посочувајќи дека аргументите на опозицијата не држат.„Сметам дека интерпелацијата не е основана имајќи ги предвид наводите кои се таму изнесени. Имајќи ги предвид политиките на СДСМ кон земјоделците, неисплатените плати во Национални шуми, неисплатените субвенции, долгови, тие имаат најмалку право да зборуваат за оставка или интерпелација“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека интерпелацијата е легитимен демократски инструмент, но изрази уверување дека министерот Трипуновски ќе ги презентира своите аргументи и ќе одговори на обвинувањата.„Во демократијата има и такви инструменти, уверен сум дека министерот ќе ги презентира своите аргументи, ама мојот став е дека апсолутно е безпредметна оваа интерпелација“, рече премиерот.Претходно, СДСМ поднесе интерпелација за работата на министерот Трипуновски, обвинувајќи го за, како што наведуваат, „системска корупција, злоупотреба на службената положба и катастрофални политики“ кои, според нив, го довеле земјоделството до колапс.Од партијата посочуваат дека се крателе субвенции, се укинале програми и биле суспендирани европски фондови, при што илјадници земјоделци останале без поддршка. Дополнително, наведуваат и случаи на корупција кај најблиските соработници на министерот, како и сериозни проблеми со функционирањето на институциите во ресорот.Интерпелацијата е поднесена во Собранието и се очекува да биде предмет на расправа во наредниот период.

Настани | пред 3 дена

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

„Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана. Некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација.Министерот Трипуновски додаде -„Имаме доволно аргументи со кои ќе се соочиме и ќе покажеме што е сработено во изминатите две години, за разлика од нивните седум години“.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

 „Денеска продолжува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во општина Кавадарци, еден од најзначајните центри на агросекторот во државата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост“, посочи министерот.Тој додаде дека на ниво на општина има над 7.000 хектари под лозов насад.„Без разлика дали се работи за голема или мала општина, целта на кампањата е да се посетат сите краеви во нашата држава за да поразговараме за сите досегашни активности, за сите моментални активности. И една од поважните цели на оваа кампања е да ги слушнеме земјоделците, за во каква насока треба да се движи македонското земјоделство“, истакна министерот Трипуновски.

Македонија | пред 4 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска преку објава на неговиот фејсбук-профил реагираше на поднесената интерпелација за неговата работа, упатувајќи критики кон екс министерот и актуелен пратеник Љупчо Николовски.„Љупчо Николовски се јави,навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!Нејсе, да му одговорам. Политички не постоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно!Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС.Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер!Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер”, напиша Трипуновски.

Македонија | пред 4 дена

media-library7g1db1kgornb601xP7i

Трипуновски: Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

„Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион. „Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, посочи министерот. Тој истакна дека откупната цена е задоволителна за земјоделците, воедно најави дека Инспекторатот ќе продолжи внимателно да го следи процесот, со цел да се обезбеди фер и непречен откуп.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети сточарот Никола Колев, кој крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, беа оштетени и објектите и сточниот фонд. При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела држава. „Објектот е изграден со помош на општествено одговорни компании од овој дел и пошироко, нормално помогна и локалната самоуправа со механизација во делот на расчистување на речните корита“, исстакна министерот Трипуновски.„Никола сега има услови повторно да работи и да произведува“, истакна министерот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library265bt04vr9g893YXRPP

Трипуновски: Согласно податоците на ДЗС бележиме раст во производството на кравјо и овчо млеко во 2025  

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп истакна дека Државниот завод за статистика излезе со анализите во делот на 2025-та година каде што податоците говорат дека во делот на кравјото млеко произведени во 2025 година се некаде околу 290.000 литри, што е за 2,7% повеќе од 2024-та година.„Во делот на овчото млеко, произведени се околу 27.000 литри што е за 4% повеќе во однос на 2024-та година. Согласно податоците на ДЗС кај козјото млеко има мал пад. Во делот на производството на јајца имаме зголемување во однос на 2024-та година“, појасни министерот. „Не секогаш бројот на грлата треба да ја прати продукцијата, понекогаш може да се зголеми продукцијата иако има стагнација на бројната состојба бидејќи можеби се работело на генетскиот потенцијал во делот на сточниот фонд, исхрана“, посочи тој. Министерот додаде дека ќе се работи за во тековната 2026 година да има повеќе задржани женски јагниња односно зголемување на бројната состојба на овците во Македонија.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjh6m9r832b991pMa41k

Трипуновски: 7 години Филипче и СДС имаа катастрофални политики за земјоделците кои резултираа со масовни протести, нека не глумат сега лажна загриженост

Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта, вели министерот Цветан Трипуновски.„Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира.На толку криминални тендери, на толку украдени пари, Венко Филипче денеска лажно глуми загриженост за земјоделците, како наводно состојбата била лоша.Седум години СДС не мрдна со прст за земјоделците. Ги игнорираа и понижуваа земјоделците и затоа денеска се таму каде што се, со едвај 15 пратеници во Парламентот.Мој совет по втор пат до Венко Филипче е тој што му го води пи-арот веднаш да го откаже, зошто се повеќе сум сигурен дека некој од внатре го мести. Понекогаш молчењето е подобра стратегија, особено кога фактите не се на негова страна.Нека се држи до турбо фолкот и нека го следи и пее Харис Џиновиќ.Во продолжение му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“, додава тој.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfdfqhe7rlp7p2MXdlwD

Трипуновски до Лукаревска: Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Собранието одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството. Во своето обраќање, министерот истакна дека протестите организирани од опозицијата се обид за политичка манипулација, нагласувајќи дека токму тие кои денес критикуваат, во минатото оставиле сериозни проблеми во земјоделството. Тој посочи дека оризопроизводителите во сабота истакнаа дека имаат залихи на ориз од пред пет години, период кога, како што рече, на власт била СДСМ. „За разлика од минатото, кога оризот не беше третиран како стратешка култура, оваа Влада презеде конкретни чекори. Оризовата арпа ја дефиниравме како стратешка култура и обезбедивме откуп за потребите на државните стоковни резерви“, нагласи тој. Министерот информираше дека во 2024 година била реализирана мерка за кофинансирање, набавка на комбајни и сушари за ориз, со вкупна поддршка од над 35 милиони денари, имало 57 апликанти и сите биле одобрени. „Во производната 2025 година во вашето заминување, недомаќински, нефер, ја испразнивте браната Калиманци со цел да имаме тешка производна година. Со домаќинско управување, со сите заложби што ги направи Владата и Министерството, со санирање на онаа катастрофална состојба во системите за наводнување успеавме да ја покриеме секоја земјоделска површина со доволна количина на вода и да се посее оваа важна култура за нас“, појасни министерот Трипуновски. Владата реализираше откуп на околу 2.400 тони оризова арпа за стоковните резерви, како и дополнителна мерка од 6 денари по килограм предадена арпа, за што биле издвоени над 90 милиони денари. „Во делот на зелената нафта јас бев еден од критичарите кој што ја критикуваше таа мерка затоа што поделивте зелена нафта за паркирање на тракторите, не за обработка, не за да биде дополнителна додадена вредност и компензација на трошоците во делот на земјоделското производство. Истата мерка, минатата година е зголемена за 100% и сега земјоделците добиваат сериозна количина на нафта и претставува сериозен инпут во делот на олеснување на прозводните трошоци“, посочи тој. Министерот ги отфрли тврдењата дека субвенциите се намалени, потенцирајќи дека годишните програми најчесто изнесуваат околу 100 милиони евра. „Во 2024 година со преземањето на власта наследивме сериозна финансиска дупка во овој сегмент. Со ребаланс во 2024 година и со пренамената на средства во декември месец се обезбедија дополнителни 40 милиони евра со кои што се исплатија заостанатите обврски кон македонските земјоделци“, истакна министерот Трипуновски. Дополнително, тој информираше дека од Програмата за 2026 година досега се исплатени над 30 милиони евра субвенции. „Ние правиме санација на онаа состојба која што сме ја наследиле. Ние сме вистински партнери на земјоделците. Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС“, порача министерот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа трибина во општина Кичево, во преполна сала со земјоделци.На трибината се разговараше за досегашните активности на Министерството, како и за тековните и идните мерки и политики во секторот земјоделство. Посебен акцент беше ставен на директната комуникација со земјоделците со цел креирање на политики кои ќе одговараат на нивните реални потреби.„Се наоѓаме во еден земјоделски крај каде што во нашиот регистар има евидентирано некаде околу 1.500 земјоделски стопанства. Најголема застапеност е во делот на пчеларството, сточарството и во делот на полјоделските култури“, истакна министерот Трипуновски.„Ние во идниот период продолжуваме со овие активности и во другите делови од нашата држава. Со цел да го опфатиме секој еден наш сограѓанин, секој земјоделец, секоја рурална општина и да разговараме за актуелните теми во делот на земјоделството“, посочи министерот.Тој додаде дека една од главните поенти на ваквите трибини е размена на дискусии со земјоделците, во делот на тоа во каква насока треба да се движат политиките на министерството, на Владата во целина.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој регион.„Општина Неготино, заедно со Демир Капија, има над 3.850 регистрирани земјоделски стопанства во Регистарот, а располага со повеќе од 8.000 хектари обработлива земјоделска површина. Најголем дел од производството е насочено кон лозарството, по што овој регион е препознатлив“, истакна министерот.Министерот Трипуновски додаде дека целта на посетата е директна комуникација со земјоделците, како и презентирање на актуелните политики на Министерството.Тој истакна дека ваквите средби се клучни за креирање на идните политки во агросекторот.„Знаете дека се наоѓаме во делот на Тиквешијата, регион што е познат по квалитетот на македонското грозје. Регион каде што се произведува македонско квалитетно вино, кое е барано надвор од нашите граници“, појасни министерот.Министерот Трипуновски истакна дека минатата година беше успешна, имаше берба со над 120 милиони килограми македонско грозје. Оваа година очекува да биде уште поуспешна година затоа што се работи на системите за наводнување, за да има навремена количина на вода, системите се санираат за да бидат во полна функција.„Ние како Министерство продолжуваме посветено да работиме“, додаде тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Росоман.Министерот посочи дека како владина гарнитура, остануваат цврсто посветени на политиката на нула толеранција за корупција, особено во делот на управување со институциите.„Мора да потсетиме за разлика во едно претходно време, во време на СДСМ и ДУИ каде што се заштитуваа функционери кои што имаа направено злоупотреби, овојпат тоа не е така“, потсети министерот.„Ги охрабрувам сите земјоделци и граѓани, доколку имаат сознанија за злоупотреби, манипулации или за било какви незаконски дејствија, веднаш да ги пријават“, порача тој.Министерот Трипуновски очекува дека надлежните институции до крај ќе го истражат случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk0r20vj4hh2hbZp65tB

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со својот тим ја продолжи теренската кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, во општина Росоман, меѓу земјоделците.Министерот ги посети населените места Трстеник и Росоман, каде директно разговараше со граѓаните за нивните предизвици, потреби и предлози.„Целта на овие активности е преку комуникација да се слушнат размислувањата, идеите и сугестиите на земјоделците, како и да се разговара за актуелните политики и идните насоки за развојот на земјоделството“, истакна министерот.Министерот посочи дека во комуникација со размена на искуства, сугестии и идеи е подобро да се градат идните чекори кои што ќе ги води Министерството.Тој додаде дека општина Росоман е земјоделски регион со над 3.000 хектари обработлива површина и повеќе од 2.500 корисници и баратели на земјоделска поддршка, тоа е еден од показателите дека Росоман има сериозен потенцијал во делот на земјоделското производство.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со својот тим ја продолжи теренската кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, во општина Росоман, меѓу земјоделците.Министерот ги посети населените места Трстеник и Росоман, каде директно разговараше со граѓаните за нивните предизвици, потреби и предлози.„Целта на овие активности е преку комуникација да се слушнат размислувањата, идеите и сугестиите на земјоделците, како и да се разговара за актуелните политики и идните насоки за развојот на земјоделството“, истакна министерот.Министерот посочи дека во комуникација со размена на искуства, сугестии и идеи е подобро да се градат идните чекори кои што ќе ги води Министерството.Тој додаде дека општина Росоман е земјоделски регион со над 3.000 хектари обработлива површина и повеќе од 2.500 корисници и баратели на земјоделска поддршка, тоа е еден од показателите дека Росоман има сериозен потенцијал во делот на земјоделското производство.

Македонија | пред 1 месец

media-library02bjt0hduc0b6mDeZpZ

Трипуновски: Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово ја започна кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, од таму порача дека Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство.„Во рамки на кампањата, во наредниот период ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Активностите ќе се реализираат преку два големи и шест помали тима, кои што ќе ја посетат секоја една општина “, истакна министерот.Министерот Трипуновски посочи дека целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици.Во Босилово согласно Фарм регистарот регистрирани се над 1.600 земјоделски стопанства и околу 10.000 хектари обработливо земјиште, од кои 2.000 хектари се во државна, а 8.000 хектари во приватна сопственост.„Ние како Министерство продолжуваме да ги спроведуваме политиките, во комуникација сме со секој еден земјоделец“, додаде министерот.Тој истакна дека Владата посветува внимание кон секој еден земјоделец кој што произведува, секој еден земјоделец е важен.

Македонија | пред 1 месец

media-library47tmhluq1cp46PRTcmg

Трипуновски: Од почетотокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците

Од моментот на носењето на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, заклучно со последните исплаќања, кон земјоделците се исплатени околу 20 милиони евра, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „Топ тема“. Министерот посочи дека во изминатиот период Министерството одржало серија состаноци со најголемиот број земјоделски здруженија, со цел креирање на мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата за финансиска поддршка, на кој се разговараше за предлози, идеи и сугестии од земјоделските здруженија. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на потребите на производителите“, истакна Трипуновски. Тој додаде дека во рамките на Министерството функционираат потсекторски групи за секое производство, во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, наукатата, бизнис секторот и администрацијата.Во тие потсекторски групи детално се разговараше за содржината на Програмата и за мерките што треба да ја подобрат конкурентноста и развојот на земјоделското производство“, нагласи министерот. По донесувањето на Програмата биле одржани и дополнителни состаноци, на кои биле презентирани новините на Програмата. Министерот Трипуновски потенцираше дека Министерството останува отворено за соработка со сите земјоделци и здруженија.Вратата на Министерството е отворена за секој кој сака да се консултира за одредени теми. Јас секогаш сум на терен, помеѓу земјоделците, затоа што само преку директна комуникација можеме да креираме политики што навистина ќе им помогнат“, порача министерот Трипуновски. 

Македонија | пред 1 месец

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Откупени 26 милиони килограми тутун

Денес можеме да се пофалиме со конкретни бројки, согласно кварталните извештаи за 2025 година се бележи раст во откупот и продажбата на земјоделското производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Наткаст“.„Согласно извештаите за примарните земјоделски производи и преработките, ќе видите дека сме извозно ориентирани и бележиме зголемување токму во овој сегмент“, посочи министерот.Тој нагласи дека државата повеќе не е увозно зависна од свежа храна.„Сакам да ја споменам и кампањата „Македонско најдобро“, која ќе продолжи и во наредниот период, а со која ја подигаме свеста кај домашните потрошувачи за значењето на купување домашни производи“, додаде министерот Трипуновски.Во делот на тутунопроизводството, министерот потенцираше дека е забележан сериозен раст на производството и рекордно висока откупна цена.„Оваа година просечната откупна цена изнесува 419 денари за килограм, додека лани изнесуваше 400 денари. За разлика од претходниот период, кога цената се движеше меѓу 160, 214 и 250 денари, денешната цена е речиси двојно повисока. Дополнително, интервентно ги зголемивме субвенциите за прва категорија тутун од 80 на 100 денари со цел да го стабилизираме секторот“, истакна министерот.Како резултат на овие мерки, годинава се откупени 26 милиони килограми тутун, за разлика од 2024 година, кога биле откупени околу 15 милиони килограми.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство.„Една од новините што ги предвидува Програмата е зголемување на праговите за тоа кој може да биде корисник на субвенции. Површината за овошни и лозови насади од 0,2 хектари се зголемува на 0,5 хектари, а кај полјоделските култури од 0,5 на 0,7 хектари. Во делот на сточарството, досега се субвенционираа и една или две крави, но сега субвенционирањето ќе започнува од третата крава па нагоре“, истакна министерот.Тој појасни дека кај овчарството минималниот број грла останува 30, додека кај козарството прагот се зголемува од 10 на 30 грла. Кај пчеларството, минималниот број пчелни семејства се зголемува од 10 на 30.Министерот Трипуновски нагласи дека сите земјоделци кои што биле досега или ќе бидат под овие прагови, нема да бидат елиминирани од субвенции наредните две години.„Сите оние кои досега користеле субвенции, а се под новите прагови, ќе имаат преоден период од две години. На пример, доколку некој лозар има 0,2 хектари лозов насад и досега користел субвенции, иако новата Програма предвидува минимум 0,5 хектари, во 2026 и 2027 година ќе продолжи да ги добива истите субвенции. Сепак, од 2028 година ќе може да оствари право само доколку го достигне прагот од 0,5 хектари“, појасни Трипуновски.Преодниот период од две години, како што истакна министерот, има за цел да им овозможи на земјоделците да се прилагодат на новите услови и да се зголеми земјоделското производство.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykv3vkvpqi42deazu7vS

Манипулациите дека малите земјоделци ќе останат без субвенции се неточни, вели Трипуновски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на собраниската говорница истакна дека опозицијата шири паника и дезинформации меѓу македонските земјоделци. Во изминатите денови сведочиме на класичен модел на политиканство од страна на опозицијата, наместо дебата, се пласираат лаги и манипулации со цел да се создаде хаос во македонскиот аграр“, истакна министерот. Тој нагласи дека измените во Програмата за директни плаќања за 2026 година не значат кратење на субвенциите, туку воведување ред и правична распределба на средствата што ги обезбедува државата.Целта е финансиската поддршка да заврши кај вистинските земјоделци“, појасни министерот Трипуновски. о измените се предвидува зголемување на минималните прифатливи прагови за користење субвенции. И тоа кај овошните и лозовите насади од 0,2 на 0,5 хектари, додека кај житните култури прагот е зголемен на 0,7 хектари. Во сточарството е предвидено минимум три крави, 30 кози, 30 овци и 30 пчелни семејства“, додаде тој. Министерот појасни дека овие измени нема да се применуваат веднаш. Земјоделците кои моментално не ги исполнуваат новите услови ќе имаат преоден период од две години за да се усогласат.Манипулациите дека малите земјоделци ќе останат без субвенции се неточни. Напротив, даваме време и поддршка за нивен раст и окрупнување, со цел поголема рентабилност и зголемено производство“, истакна тој. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, во делот на примарното земјоделско производство и преработката е евидентиран позитивен биланс, што, како што посочи министерот е дополнителен мотив за реформи во секторот. Министерот Трипуновски додаде дека една од новините е и обврската најмалку 30% од произведениот род да биде предаден во регистрирани откупни или преработувачки капацитети. Со тоа ќе се спречат злоупотреби од лица кои поседуваат земјиште го даваат под наем, не произведуваат, а користат субвенции. Се зајакнува теренската контрола преку вклучување на капацитетите на Државниот инспекторат за земјоделство како поддршка на Платежната агенција. Посебен фокус ќе има кај долгогодишните насади и сточарството“, посочи министерот. Министерот Трипуновски истакна дека пред и по донесувањето на Програмата, одржани се бројни состаноци со земјоделските здруженија, кои биле информирани за новините и истите ги поздравија. „Владата останува целосно посветена на развојот на македонскиот аграр“, порача министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryspuoj27fnlvn11N34FU

Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа

„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува Стратегија за оризопроизводство, бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура, поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ Стар. Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура. „Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи“, посочи тој. „Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме“, појасни министерот Трипуновски. Тој додаде дека ќе следува редефинирање на процесот на откуп, односно ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема. На тој начин, како што ќе се елиминираат можностите за злоупотреби.

Македонија | пред 1 месец

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Никој во овој период нема да остане без финансиска поддршка, обезбедуваме фер и постепена транзиција

„Во Програмата за 2026 година воведовме посебна мерка, која во моментов е во фаза на доработка, со цел да бидат поддржани сите мали капацитети, истата е насловена како Мерка за директни плаќања на мали земјоделски стопанства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисија на ТВ 24.„Да појаснам, земјоделец кој имал 2 декари лозов насад и ги пријавил минатата година, а со новите измени минималниот праг е 0,5 хектари, преку оваа нова мерка ќе добие транзициски период. Во наредните една до максимум три години ќе продолжиме да ги поддржуваме истите два декари, со цел земјоделецот да има време да одлучи дали ќе ги зголеми своите капацитети на 0,5 хектари или ќе одлучи да не ги проширува, по што нема да остварува право на субвенции“, нагласи министерот.Транзицискиот период ќе изнесува од една до три години, во зависност од секторот, бидејќи временската рамка е различна за различни производствени гранки.„Никој во овој период нема да остане без финансиска поддршка. Обезбедуваме фер и постепена транзиција, со цел малите земјоделци да се прилагодат на новите услови“, потенцираше министерот Трипуновски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya6nvn1m87gm83qfdsBe

Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни плаќања

„Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала околу 100 милиони евра, за 2019 година била во сличен износ, во 2020 година изнесувала околу 70 милиони евра, а во 2021 година околу 60 милиони евра.„Во 2024 година, кога сегашната Влада ја презеде одговорноста, беше наследена Програма донесена од претходната власт во износ од околу 98 милиони евра. Со ребаланс на Буџетот, износот беше зголемен на околу 115 милиони евра, а во декември беа обезбедени дополнителни средства, со што вкупната вредност достигна околу 137 милиони евра“, посочи министерот.Тој додаде дека најголем дел од средствата од Програмата за 2024 година биле наменети за исплата на заостанати обврски кон земјоделците.„Сегашната Програма од околу 98 милиони евра не значи кратење на средствата. Дополнителните средства во 2024 година беа обезбедени со цел да се исплатат наследените долгови од претходната власт“, нагласи министерот Трипуновски.Министерот потенцираше дека и во текот на годината, преку ребаланс на Буџетот, се обезбедуваат дополнителни средства за Програмата за директни плаќања, во насока на континуирана и навремена поддршка на земјоделците.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7358fu1acuka2sFJYWX

Трипуновски: Зголемување од 15% на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани

„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица. Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи. „Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни министерот Трипуновски. Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.

Македонија | пред 2 месеци

zemjodelci

Трипуновски најавува фер систем: Поддршката ќе оди кај оние што навистина произведуваат

„На последната средба што вчера се одржа во Министерството, на која учествуваа повеќе од 30-тина земјоделски здруженија и земјоделци, беше изразена поддршка за започнатите реформи во делот на субвенционирањето. Присутните ја поздравија насоката на измените, нагласувајќи дека за првпат вистинските и активни земјоделци се ставаат во фокусот на приоритети“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при своето гостување во „Лидер“.Министерот посочи дека досегашната пракса овозможувала злоупотреби, посочувајќи примери со лозови насади кои формално се одржуваат, но без реална продукција, како и овошни насади во ресенскиот регион каде што не се врши вистинска обработка, а сепак се аплицирало и се добивале субвенции. Реформите имаат за цел да воспостават фер и правичен систем во кој поддршката ќе ја добиваат оние што навистина произведуваат.Тој додаде дека во однос на големите корисници, комбинати и стопанства со поголеми површини, рентабилноста кај нив е различна во однос на малите производители, но дека и таму постојат јасно дефинирани критериуми. Министерот посочи дека во почетните години од воведувањето на субвенциите имало позитивни ефекти и раст на производството, но дека во изминатите 7 до 10 години се бележи сериозен пад во производството на храна. „Во рамките на работната група, во која лично учествувам, беше изработена детална анализа за да имаме јасен пресек и да поставиме основа за реформи, со цел прилагодување на земјоделците за новиот стратешки период 2028–2035 година“, појасни министерот. Тој додаде дека во текот на 2026 и 2027 година земјоделците постепено ќе се подготвуваат за новиот правец на државната поддршка во секторот, со цел природните предуслови што ги има државата, сонце, вода и квалитетна почва да дадат резултати какви што ѝ се потребни на земјата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски ја демантира опозицијата: Програмата за субвенции е зголемена на 137 милиони евра

„Имаше една дилема што опозицијата се обиде да ја искористи за политички поен. Верувам дека, во состојба на безидејност, немање креативност и конкретни предлози, се обидуваат набрзина да остварат политички поени. Пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од Програмата за субвенции, што го отфрлам, тоа не е точно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во радио „Лидер“. „Во текот на годината, со ребаланс или со пренамена на средства, доколку има потреба, се обезбедуваат дополнителни средства во Програмата. За потсетување, во 2024 година ја наследивме Програмата со околу 100 милиони евра. Со ребалансот што го направи сегашната Влада беа обезбедени дополнителни средства и истата изнесуваше околу 117 милиони евра, а до крајот на годината Програмата беше дополнително зголемена со пренамена на средства и изнесуваше 137 милиони евра“, потсети министерот Трипуновски. Тој посочи дека средствата биле пренаменети за исплата на заостанати обврски од претходни години, наследени од претходната власт. „Програмата што е донесена за тековната година, доколку има потреба од дополнителни средства, сигурно ќе биде дополнета. Проекцијата од 100 милиони евра е речиси идентична во изминатите 10-тина години и претставува стандардна рамка“, додаде министерот. Министерот Трипуновски нагласи дека се шират дезинформации и дека нема кратење или намалување на средствата за субвенции.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryo049b5q4ifgr8A5BupT

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски.Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде ставен на теренските контроли што ќе ги спроведуваат надлежните институции, со цел средствата да завршуваат кај вистинските земјоделци.„Минатата година беше потпишан Меморандум за соработка, со кој инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се ставени на располагање на Платежната агенција, за да се спречи одлевање на државни средства кај лица кои досега користеле субвенции, а не обработувале земјоделска површина“, појасни Трипуновски.Според него, дел од производството земјоделците ќе треба да го докажат преку предавање во преработувачки или откупувачки центри.„Сето ова се става во законска рамка за да се следи нивото на производство и на тој начин да се потврди дека површините навистина се обработуваат“, додаде министерот.Трипуновски ги отфрли обвинувањата од опозицијата, посочувајќи дека нема кратење на субвенциите, туку воведување дополнителни услови поврзани со реалното производство.„Реформите што ги спроведуваме имаат цел да постават јасен правец на движење во наредниот период. Субвенциите треба да бидат насочени кон луѓето што навистина работат и произведуваат. Ова е чекор кон зголемување на домашното производство“, истакна министерот.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања