Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трипуновски: Од почетотокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library47tmhluq1cp46PRTcmg

Министерот Цветан Трипуновски изјави дека од носењето на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година до последните исплати, на земјоделците им се исплатени околу 20 милиони евра. Тој посочи дека Министерството одржало низа состаноци со земјоделски здруженија пред и по донесувањето на Програмата, за заедничко креирање мерки според потребите на производителите, преку потсекторски групи со учество на здруженија, наука, бизнис и администрација. Министерството останува отворено за директна соработка и консултации.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Од моментот на носењето на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, заклучно со последните исплаќања, кон земјоделците се исплатени околу 20 милиони евра, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „Топ тема“.

 Министерот посочи дека во изминатиот период Министерството одржало серија состаноци со најголемиот број земјоделски здруженија, со цел креирање на мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

— реклама —

Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата за финансиска поддршка, на кој се разговараше за предлози, идеи и сугестии од земјоделските здруженија. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на потребите на производителите“, истакна Трипуновски.

 Тој додаде дека во рамките на Министерството функционираат потсекторски групи за секое производство, во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, наукатата, бизнис секторот и администрацијата.

— реклама —

Во тие потсекторски групи детално се разговараше за содржината на Програмата и за мерките што треба да ја подобрат конкурентноста и развојот на земјоделското производство“, нагласи министерот.

 По донесувањето на Програмата биле одржани и дополнителни состаноци, на кои биле презентирани новините на Програмата.

 Министерот Трипуновски потенцираше дека Министерството останува отворено за соработка со сите земјоделци и здруженија.

Вратата на Министерството е отворена за секој кој сака да се консултира за одредени теми. Јас секогаш сум на терен, помеѓу земјоделците, затоа што само преку директна комуникација можеме да креираме политики што навистина ќе им помогнат“, порача министерот Трипуновски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Македонија | пред 4 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања