Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трипуновски ја демантира опозицијата: Програмата за субвенции е зголемена на 137 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library63rv5a6pvferacc9uZB

„Имаше една дилема што опозицијата се обиде да ја искористи за политички поен. Верувам дека, во состојба на безидејност, немање креативност и конкретни предлози, се обидуваат набрзина да остварат политички поени. Пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од Програмата за субвенции, што го отфрлам, тоа не е точно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во радио „Лидер“.

 „Во текот на годината, со ребаланс или со пренамена на средства, доколку има потреба, се обезбедуваат дополнителни средства во Програмата. За потсетување, во 2024 година ја наследивме Програмата со околу 100 милиони евра. Со ребалансот што го направи сегашната Влада беа обезбедени дополнителни средства и истата изнесуваше околу 117 милиони евра, а до крајот на годината Програмата беше дополнително зголемена со пренамена на средства и изнесуваше 137 милиони евра“, потсети министерот Трипуновски.

— реклама —

 Тој посочи дека средствата биле пренаменети за исплата на заостанати обврски од претходни години, наследени од претходната власт.

 „Програмата што е донесена за тековната година, доколку има потреба од дополнителни средства, сигурно ќе биде дополнета. Проекцијата од 100 милиони евра е речиси идентична во изминатите 10-тина години и претставува стандардна рамка“, додаде министерот.

— реклама —

 Министерот Трипуновски нагласи дека се шират дезинформации и дека нема кратење или намалување на средствата за субвенции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Македонија | пред 4 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања