Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Министерот Цветан Трипуновски најави измени во програмата за субвенции со цел зголемување на земјоделското производство, преку повисоки прагови за корисници. Минимумот за овошни и лозови насади расте од 0,2 на 0,5 ха, а за полјоделски култури од 0,5 на 0,7 ха. Во сточарството субвенции за крави ќе има од третата крава, кај кози од 10 на 30 грла, а кај пчеларство од 10 на 30 семејства (овци остануваат 30). Земјоделците под новите прагови ќе имаат преоден период од две години (2026–2027) да продолжат со субвенции, а од 2028 ќе важат новите услови.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство.

— реклама —

„Една од новините што ги предвидува Програмата е зголемување на праговите за тоа кој може да биде корисник на субвенции. Површината за овошни и лозови насади од 0,2 хектари се зголемува на 0,5 хектари, а кај полјоделските култури од 0,5 на 0,7 хектари. Во делот на сточарството, досега се субвенционираа и една или две крави, но сега субвенционирањето ќе започнува од третата крава па нагоре“, истакна министерот.

— реклама —

Тој појасни дека кај овчарството минималниот број грла останува 30, додека кај козарството прагот се зголемува од 10 на 30 грла. Кај пчеларството, минималниот број пчелни семејства се зголемува од 10 на 30.

Министерот Трипуновски нагласи дека сите земјоделци кои што биле досега или ќе бидат под овие прагови, нема да бидат елиминирани од субвенции наредните две години.

„Сите оние кои досега користеле субвенции, а се под новите прагови, ќе имаат преоден период од две години. На пример, доколку некој лозар има 0,2 хектари лозов насад и досега користел субвенции, иако новата Програма предвидува минимум 0,5 хектари, во 2026 и 2027 година ќе продолжи да ги добива истите субвенции. Сепак, од 2028 година ќе може да оствари право само доколку го достигне прагот од 0,5 хектари“, појасни Трипуновски.

Преодниот период од две години, како што истакна министерот, има за цел да им овозможи на земјоделците да се прилагодат на новите услови и да се зголеми земјоделското производство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Македонија | пред 4 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања