Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryspuoj27fnlvn11N34FU

„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува Стратегија за оризопроизводство, бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура, поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ Стар.

 Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура.

— реклама —

 „Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи“, посочи тој.

 „Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме“, појасни министерот Трипуновски.

— реклама —

 Тој додаде дека ќе следува редефинирање на процесот на откуп, односно ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема. На тој начин, како што ќе се елиминираат можностите за злоупотреби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Македонија | пред 4 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања