Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трипуновски: Македонија домаќин на 18-тиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство, заедно ја подобруваме регионалната соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Tripunovski-24.09.2022

Ми преставува особена чест и огромно задоволство што сум денес домаќин на еден ваков настан како што е 18-тиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа.

— реклама —

Овој министерски состанок дава една одлична можност ние како министри меѓусебно да се запознаеме и нормално да размениме мислења, идеи и прашања кои што се од областа на земјоделството, руралниот развој, па и пошироко.

— реклама —

Започнуваме со една дискусија во текот на денешниот ден каде што очекувам да произлезе една успешна декларација, која што практично е решение на многу ситуации.

— реклама —

Согласно Агендата денеска ќе опфатиме многу важни теми, анализи од повеќе аспекти, додека на крајот од настанот ќе се извлече еден генерален заклучок од дискусиите со што ќе се усвои една Заедничка декларација.

Со оваа Декларација ќе ја потврдиме заедничката решеност да се надминат сите билатерални и мултилатерални конфликти поврзани со слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал поврзани со храната и земјоделството. Сите поврзани прашања ќе се решаваат со добра волја и дух на солидарност, и нормално добрососедски односи.

Ќе ја продолжиме регионалната соработка, меѓусебната размена на информации и взаемна помош како регион.

Со Декларацијата ќе ја изразиме нашата силна решеност да креираме политики и национални акциски планови за да постигнеме национална и регионална безбедност на храна и стратешка автономија во отворената економија за обезбедување одржливо и конкурентно производство на храна достапна за населението од целиот овој регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfdfqhe7rlp7p2MXdlwD

Трипуновски до Лукаревска: Гледајте и учете како се водат аграрни политики, а за тоа говорат и податоците на ДЗС

Македонија | пред 4 дена

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања