Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Cvetan-Tripunovski-06.09.2025

„Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Канал 5 телевизија.

— реклама —

Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за да испита што точно се случувало во Платежната агенција.

— реклама —

„Сето тоа е искомуницирано со Брисел, и оттаму дадоа позитивна критика за брзата реакција. Со нашата реакција ќе превенираме евентуални други несакани последици. Она што ние како држава ќе го направиме во проверките, ќе биде испратено како извештај до Брисел, за да дефинираме што се случувало“, појасни тој.

Министерот Трипуновски посочи дека тука станува збор за девијантно однесување на еден од вработените, а не за системот.

Тој додаде дека Агенцијата е поделена на две структури, едниот дел е за национални плаќања, односно субвенции, а другиот дел се однесува на реализација на ИПАРД средствата. Вториот дел во моментов е под национална ревизија.

Министерот Трипуновски нагласи дека нема потреба кај загриженост кај земјоделците, бидејќи се врши контрола само на 50-тина договори, а не 450 како што лиферува опозицијата.

„Исплатите за субвенциите ќе продолжат тековно, земјоделците не треба да се грижат“, рече Трипуновски и додаде:

Инаку се работи за 50-тина предмети кои се од претходно објавени повици да бидат дозавршени, а не како што лиферува опозицијата дека се над 450 апликанти.

Трипуновски нагласи дека на последната владина седница е назначен нов директор на Агенцијата.

„Дополнително она што е важно, ние веќе на последната владина седница е назначивме и нов директор на самата институција којашто нормално веќе од внатре ќе почне да го движи процесот на самата Агенција, за да нема еден сериозен застој“, заклучи тој.

Во однос на прашањето дали постои опасност од дополнително пролонгирање на роковите, доколку ОЛАФ се вклучи во истрагата, Трипуновски информираше:

„Ние сме сведоци дека последниве неколку години ОЛАФ беше присутен во Платежната агенција, доаѓа без најава, без какво било претходно известување. Во моментов она што ние сме го преземале како институција согласно нашите надлежности е позитивно поздравено од Брисел. Дали ќе дојде ОЛАФ не знам, меѓутоа она што е наша обврска и ние ќе направиме се е да провериме и да испратиме сумиран извештај до Брисел што е констатирано при истрагата, и мислам дека веднаш потоа ќе продолжиме понатаму со едно тековно работење“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygicmtqd9mdulaqePD3S

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните 7 години

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryv71mp0eupgdbbd5LRRR

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Македонија | пред 4 дена

media-library63rv5a6pvferacc9uZB

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата за мене е нелегитимна, како што си ти во СДСМ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryo5l1coida6ah1uGqizl

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања