Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трка за најсилните – „OCR Кучково 2024“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Спорт
OCR-Leunovo-2023-04130

На 27 октомври 2024 година, во село Кучково, Општина Ѓорче Петров (кај Крстот), ќе се одржи четвртата трка со препреки во Македонија, организирана од страна на Спортското здружение Отаку. Оваа трка е уникатно искуство за сите натпреварувачи, кои ќе можат да ја тестираат физичката и психичката подготвеност соочувајќи се со повеќе предизвици долж патеката.

— реклама —

Предизвикот во село Кучково е трчање во должина од 13 километри по планинска патека совладувајќи 18 интензивни препреки. Секој учесник треба да поминете низ кал, да се искачи на стрмнини, да се прекачува преку високи ѕидови, да се натпреварува во различни активности, како што се носење товар, ползење и фрлање копје.

— реклама —

— реклама —

Оваа трка е предизвик, но истовремено претставува и трка за самонадминување.

Трката со препреки (OCR) има цел да промовира спорт и рекреација, притоа промовирајќи ги и природните убавини и вредности во Македонија.

По завршувањето на трката, ќе се одржи церемонија за наградување на најдобрите во категориите: мажи, жени и тимови.

Општина Ѓорче Петров ги поканува сите љубители на спортот, авантурата и природата во недела во 11 часот кај Крстот во село Кучково да ги бодрат натпреварувачите и да уживаат во единствената трка со препреки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysjsn4sa3c77e1iPPEID

Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст оддадоа признание на посветени крводарители и хумани граѓани

Скопје | пред 4 дена

media-library3g0q3i21q4jn6pIMbUW

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за децата со попреченост

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryk0nscrmdlvhn6HRf0aW

Градоначалникот Стојкоски на средба со амбасадорката Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД

Скопје | пред 1 седмица

media-library2e1d6tmoj5co0AfwE86

Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата кровна фотоволтаична централа на јавни објекти во Македонија

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања