Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тројца осомничени за изборни фалсификати и злоупотреба на лични податоци во Богданци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш. (40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „фалсификување исправа“. Кривична пријава е поднесена и против Д.Л. (33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“, како и против Б.З. (45) од Скопје за „фалсификување исправа“.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во септември 2025 година првопријавениот Б.Ш. без согласност ги искористил личните податоци од лична карта и патна исправа на неговата мајка и уште едно лице, по што тие податоци му ги предал на второпријавениот Д.Л.

— реклама —

Второпријавениот, без знаење и согласност на оштетените лица, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред Општинската изборна комисија – Богданци, при што ги фалсификувал и нивните потписи.

— реклама —

Така изготвените лажни јавни исправи, на 13 септември 2025 година во Богданци, третопријавениот Б.З. од Скопје ги предал на членови на Општинската изборна комисија Богданци, со цел поднесување листа за кандидати за членови на Советот на општина Богданци.

По целосно документирање на случајот, кривичните пријави се доставени до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

haker-724x406

Онлајн измамници украле 44.000 евра од фирма од Свети Николе

Македонија | пред 21 минута

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Уапсена Германка во Гостивар, осомничена за тепачка лани во декември

Македонија | пред 1 час

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

73-годишен маж пронајден починат во куќа во Гостивар

Македонија | пред 1 час

pari

Давала пари на заем со висока камата и упатувала закани – пријава против 53-годишна струмичанка

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања