Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тројца возачи приведени поради алкохол во Куманово и Прилеп, еден предизвикал и сообраќајка удирајќи во три паркирани возила: има повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
soobrakajka

Тројца возачи се лишени од слобода во Куманово и Прилеп поради управување моторни возила под дејство на алкохол, а во еден од случаите е предизвикана и сообраќајна несреќа, велат од МВР и додаваат:

— реклама —

На 27 јануари 2026 година, околу 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј. (35) од Куманово. Претходно, во 20:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, управувајќи патничко возило „пежо“, тој удрил во три паркирани возила. По извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Во Прилеп, на 28 јануари 2026 година, во 01:30 часот, на улицата „Цар Самоил“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Т. (43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал, а по преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,13 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Исто така, на 28 јануари 2026 година, во 01:00 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода и А.К. (35) од Прилеп. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, а по извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, со измерени 2,54 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

haker-724x406

Онлајн измамници украле 44.000 евра од фирма од Свети Николе

Македонија | пред 21 минута

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Уапсена Германка во Гостивар, осомничена за тепачка лани во декември

Македонија | пред 1 час

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

73-годишен маж пронајден починат во куќа во Гостивар

Македонија | пред 1 час

pari

Давала пари на заем со висока камата и упатувала закани – пријава против 53-годишна струмичанка

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања