Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Туск: Европа не смее да си дозволи слабост во однос нс Трамп, ниту кон противниците ниту кон сојузниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
tusk

Полскиот премиер Доналд Туск порача дека Европа не смее да си дозволи слабост во односите со претседателот на САД Доналд Трамп, нагласувајќи дека попуштањето не е стратегија што носи резултати, туку пат кон понижување.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Туск истакна дека отстапките секогаш се доживуваат како знак на слабост и дека Европа нема луксуз да биде слаба – ниту кон своите противници, ниту кон своите сојузници. Според него, актуелниот момент бара јасна европска решителност и самодоверба.

— реклама —

Туск предупреди дека попуштањето не води кон стабилност или подобри односи, туку создава впечаток на немоќ, што може да има долгорочни последици по позицијата на Европа на глобалната сцена. Неговата порака доаѓа во период на засилени трансатлантски тензии и преиспитување на односите меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави.

— реклама —

Со оваа изјава, полскиот премиер испраќа сигнал дека европските лидери треба да настапуваат пообединето и поодлучно, водејќи се од сопствените интереси и вредности, без страв од притисоци или условувања, без разлика од каде доаѓаат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

Четири европски сили го осудија израелскиот план за проширување на смртната казна

Свет | пред 16 часа

fon-der-lajen

Фон дер Лајен: Клучниот енергетски правец мора да биде безбеден, потребно е решение преку преговори

Свет | пред 6 дена

DSC_0109

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подолговечни од мажите

Македонија | пред 1 седмица

w_55031023

ЕУ повика на прекин на нападите во Либан

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања