Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Тврдења без докази: Орбан поврзан со подземјето во 90-тите?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
viktor-orban

Само два дена пред парламентарните избори во Унгарија, кампањата влегува во нова ескалација со сериозни обвинувања за наводни врски на премиерот Виктор Орбан со криминалното подземје во 1990-тите, но без приложени докази.

Обвинувањата ги изнесе бодибилдерот Ласло Ковач, кој за „Инсајдер“ тврди дека во тоа време работел како курир за унгарски криминалец, поврзан со рускиот подземен бос Семјон Могилевич. Според неговите наводи, пренесувал пакети со пари до тогашниот, а и сегашен министер за внатрешни работи Шандор Пинтер.

— реклама —

Ковач тврди дека во 1997 година сумите се зголемиле и дека дел од тие пари биле наменети за финансирање на првата успешна изборна кампања на Орбан. Во своите изјави опишува средби, предавање пари и тврди дека Пинтер наводно влијаел врз истраги.

Сепак, овие тврдења не се независно потврдени и за нив не се приложени докази. Лицата кои се споменуваат во наводите досега немаат јавно реагирано.

— реклама —

Ковач дополнително наведува дека по доаѓањето на власт, Орбан и Пинтер наводно ги отстраниле поранешните соработници, додека Могилевич се повлекол во Русија. И самиот Ковач бил осуден на затвор, но тврди дека станува збор за наместен случај.

Случајот доаѓа во чувствителен политички момент, кога Орбан се соочува со неизвесен изборен резултат, а ваквите обвинувања дополнително ја заоструваат атмосферата во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 11 час

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 11 час

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања