Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Уапсени четири лица за семејно насилство во Скопје, Гостивар и Неготино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Полицијата приведе повеќе лица по пријави за семејно насилство во Скопје (Центар, Аеродром, Драчево), Гостивар и Неготино. Во Скопје се приведени К.П.(38) за напад врз 53-годишна партнерка, Ц.М.(26) за напад врз 66-годишниот татко и оштетување покуќнина, и Б.Д.(43) за напад врз 37-годишна партнерка и фрлање остар предмет. Во Гостивар е приведена А.Ј.(44) за напад врз 67-годишна мајка, а во Неготино е извршен разговор со 60-годишен маж поради закани кон сопругата; известени се обвинител и ЦСР. Се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На 26.03.2026 во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) затоа што физички ја нападнал неговата 53-годишна партнерка. Според пријавеното, таа и претходно била психички и физички малтретирана од него.

— реклама —

На 25.03.2026 во 23:10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.М.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во домот физички го нападнал неговиот 66-годишен татко и кршел дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно бил психички вознемируван од синот.

— реклама —

На 25.03.2026 во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Д.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка и фрлил остар предмет кон неа, но не ја погодил.

— реклама —

На 25.03.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода 44-годишната А.Ј. од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 67-годишна мајка.

На 25.03.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле службен разговор со 60-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 59-годишна сопруга. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 53 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања