Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Уапсени се шест возачи: Бугарин возел над 200 км/ч, прилепчанец со 1,73 промили алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
policiski-cas-policaec-skopje-7

Шест возачи се лишени од слобода и исклучени од сообраќај во одделни полициски акции спроведени во изминатите два дена на повеќе локации низ државата, информира Министерството за внатрешни работи. Петмина од нив биле затекнати под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило со брзина далеку над дозволената.

— реклама —

На 23 јануари 2026 година во 10:46 часот, на автопатот А1 во близина на селото Милетково, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.К. (52) од Република Бугарија. Со радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 205 километри на час, на делница каде што дозволената максимална брзина изнесува 120 километри на час. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

— реклама —

Во текот на ноќта на 24 јануари, полицијата регистрирала уште пет случаи на возење под дејство на алкохол. Во Куманово, во 00:48 часот, бил лишен од слобода Д.М. (33), кој управувал мопед и кај кого било утврдено присуство на 1,65 промили алкохол во крвта. Во Велес, во 01:30 часот, полицијата го привела Ѕ.Р. (44) од Свети Николе, кој управувал патничко возило со 1,72 промили алкохол.

— реклама —

Во Македонска Каменица, на магистралниот пат А-3, во 01:46 часот, бил приведен Н.В. (23) од селото Дулица, кај кого алкотестот покажал 1,65 промили алкохол. Во Гевгелија, во 03:14 часот, полициските службеници го лишиле од слобода И.М. (51) од селото Миравци, кој управувал возило со 1,52 промили алкохол во крвта.

Последниот случај е евидентиран во Прилеп, во 01:50 часот, на крстосница меѓу улиците „Леце Котески“ и „Трајко Николоски“, каде што бил приведен Х.Р. (38) од Прилеп, кај кого било утврдено присуство на 1,73 промили алкохол.

По целосно документирање на сите настани, против шесте лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 1 час

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 2 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 2 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања