Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Уапсени три лица за семејно насилство, двајца повикани на службен разговор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
semejno-nasilstvo

На 22–23.03.2026 полицијата постапувала по повеќе пријави за семејно насилство во Тетово, гостиварско село, Скопје и Гевгелија. Во Тетово е уапсен Б.И.(43) по пријава од сопругата за физички напад и закани, а друга жена пријавила напад од син и снаа, со кои е извршен разговор. Во гостиварско село е лишен од слобода С.О.(49) по напад со остар предмет врз брат му. Во Скопје е пријавено дека сопругот упатувал долготрајни закани и оштетувал покуќнина. Во Гевгелија е уапсен 31-годишник по напад врз сопругата; обвинител е известен. Се преземаат мерки и ќе следат пријави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На 22.03.2026 во 21:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет, а претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

— реклама —

На 22.03.2026 во 16:45 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека во домот, по претходно меѓусебно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот син П.С.(26) и нејзината снаа В.С.(21) од Тетово. Тие се повикани во СВР Тетово и со нив бил извршен службен разговор.

— реклама —

На 22.03.2026 во 12:45 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.О.(49) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60 -годишен брат дека физички го нападнал, при што употребил остар предмет и нанел повреди.

— реклама —

На 22.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од скопско пријави дека околу 03:00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг З.М.(51) упатувал закани кон неа и кон нејзините родители. Според пријавеното, тој подолг временски период и упатувал закани, а воедно оштетувал и дел од покуќнината.

Ноќеска (23.03.2026) во 02:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 31-годишен жител на Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека на 22.03.2026 околу 23:45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 53 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања