Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Угостителите добија „битка“: одложена примената на дел од законот за заштита од пушење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Министерството за здравство прифати одложување на дел од новиот закон за заштита од пушење, за да им се даде време на угостителите инфраструктурно да се прилагодат. Одложувањето се однесува на одредбите за пушење на тераси затворени од три страни. Министерот Азир Алиу најави забрана за користење електронски цигари во затворени простории и ограничувања во продажбата. Ќе се забранат слатки и атрактивни вкусови наменети за млади, а ќе се дозволат само неутрален и вкус на тутун, со цел заштита на младите и јавното здравје.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерство за здравство прифати одложување на примената на дел од новиот закон за заштита од пушење, со што, како што беше појаснето, им се остава простор на сопствениците на угостителските објекти инфраструктурно да се прилагодат на законските барања.

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција во Владата изјави дека одложувањето се однесува на примената на одредбите за пушење на отворени тераси од три страни, кои во пракса во моментов се затворени.

— реклама —

„Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручни лица и со сите засегнати страни во државата. Исто така, јас и премиерот имавме состаноци со производители, потрошувачи, компании, ресторани и кафулиња. Имаше забелешки што беа логични и можеа да бидат прифатени, но и такви што не беа прифатени. Прифатено беше одложувањето на примената на законот за тераси од три страни, бидејќи им треба време за инфраструктурно да се приспособат“, изјави Алиу.

Во однос на електронските цигари, министерот најави дека тие ќе бидат забранети за користење во затворени простории. Дополнително, ќе биде ограничена и нивната продажба.

— реклама —

„Барањето кое половично е прифатено беше продажбата на електронските цигари со вкус. Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението со фокус на младите. Ќе бидат забранети сите вкусови што се благи и атрактивни за младите, а ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун“, истакна министерот.

Според него, државата е меѓу водечките во Европа по користење на нетрадиционални, таканаречени модерни електронски цигари, поради што законските измени имаат за цел дополнително да ја зајакнат заштитата на младите и јавното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања