Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Унгарија пред историски избори: Орбан првпат сериозно загрозен по 16 години власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

За една недела, на 12 април, во Унгарија ќе се одржат парламентарни избори кои се оценуваат како едни од најнеизвесните и најзначајните за Европската унија оваа година. По 16 години континуирана власт на премиерот Виктор Орбан и неговата партија „Фидес“, шансите за политички пресврт се поголеми од кога било досега.

Орбан во изминатите години изгради модел на таканаречена „илиберална демократија“, консолидирајќи контрола врз институциите и маргинализирајќи ја опозицијата. Неговите позиции, особено во однос на војната во Украина, го поставија како проблематичен партнер за Брисел, но и како значаен сојузник на политиките на Доналд Трамп.

— реклама —

Сепак, изборите овојпат се разликуваат од сите претходни. Според анкетите, водство бележи десноцентристичката партија „Тиса“, предводена од поранешниот член на „Фидес“, Петер Магјар, која во пресрет на гласањето има поддршка што надминува 55 проценти.

Политичката сцена во Унгарија практично се сведува на директен дуел меѓу „Фидес“ и „Тиса“, без трета релевантна опција. Ова ги прави изборите први вистински неизвесни од 2010 година, кога Орбан повторно дојде на власт.

— реклама —

Аналитичарите оценуваат дека „Тиса“ претставува своевидна реинкарнација на „Фидес“ од неговите поранешни години, со кадри кои имаат искуство во европските институции и корпоративниот сектор. Токму тоа ѝ дава кредибилитет како сериозен предизвикувач на актуелната власт.

Дополнително, изборниот систем во Унгарија традиционално го фаворизира победникот, што значи дека победничката партија ќе обезбеди и апсолутно мнозинство во парламентот.

Отворено останува прашањето како Орбан би реагирал во случај на пораз по долги години власт. Според проценките, тој би ја прифатил изборната волја и би преминал во опозиција, каде, според дел од аналитичарите, дури би имал и подобра позиција за политичко реорганизирање во услови на очекувана економска криза.

Изборите во Унгарија се следат со големо внимание и во Брисел, бидејќи нивниот исход може значително да влијае врз односите во Европската унија, но и врз пошироката политичка динамика на континентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 11 час

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 11 час

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања