Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Унгарски министер: Украина воено ја загуби војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarybp4sa6eia58q4mXittx

Унгарскиот министер за одбрана Кристоф Салаи-Бобровницки изјави дека, според ставот на неговата влада, Украина „воено го загубила“ војната со Русија. Изјавата ја пренесе Ukrainska Pravda, повикувајќи се на унгарската агенција Telex.hu.

Министерот оцени дека додека трае „отворена вооружена конфронтација во соседството“, опасноста од намерна или случајна ескалација е „многу висока“ и претставува ризик и за Унгарија. Тој повтори дека решението мора да биде дипломатско, а не воено.

— реклама —

Салаи-Бобровницки тврдеше дека американските напори за постигнување мир ги „поткопуваат европските лидери“, обвинувајќи ги дека сакаат да го продолжат конфликтот. „Унгарија и понатаму стои на страната на мирот“, рече тој.

Повторувајќи ги тезите што Будапешта ги изнесува со месеци, министерот наведе дека секој ден „околу илјада украински борци се отстрануваат од бојното поле“, од кои една четвртина загинуваат. Тој спомена и дека украинската инфраструктура и земјоделство се во тешка состојба и, како што рече, тоа има „директни негативни последици и врз Унгарија“.

— реклама —

Според него, украинската армија наводно функционира со околу 40% од капацитетот, додека руските сили со 70%, па затоа „Украина од воен аспект го има загубено овој конфликт“.

На 28 ноември во Москва, унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со Владимир Путин, повикувајќи на брз прекин на војната, но истовремено изрази надеж за стабилни енергетски договори со Русија. Орбан и повтори на Москва својата теза дека Украина би требало да добие статус на „тампон-зона“ по завршувањето на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 5 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 5 дена

media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Пукање во училиште во Украина: ученик ранил соученик

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања