Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Уништен над еден тон небезбедна „здрава храна“, изречени казни од над 20 илјади евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство уништиле 1.010 килограми небезбедна „здрава храна“ кај 14 оператори, во рамки на 373 контроли спроведени неделава во објекти за производство и промет со здрава храна.

Со контролите било утврдено дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За констатираните недоследности издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.

— реклама —

Кај девет оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, додека кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори инспекторите пронашле храна со непознато потекло.

Несоодветно означување на производите било утврдено кај 18 оператори, а кај 23 вработените немале извршено задолжителен здравствен преглед. Двајца оператори немале воспоставени процедури за добра производствена и добра хигиенска пракса или не воделе соодветна документација. Исто така, кај два објекти не била спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library98sjnu8gh3ca6Ad3KNB

Нема небезбедна бебешка храна од HiPP во земјава, уверува АХВ

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
jajca

Запленети и уништени над 40 тони небезбедни јајца во претпразнични контроли

Македонија | пред 6 дена

media-librarydu3tep4ls5ju1YPlng0

Инспекции низ цела држава: Под лупа јајцата, боите и месото пред велигденските празници

Македонија | пред 3 седмици

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања