Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Управител од Струмица за да избегне плаќање на ДДВ, го оштетил државниот буџет за речиси 3 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library709e57jm5bg61w0R0ae

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица во стечај и против М.М.(48) од Струмица, поради постоење основи на сомнение сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 и став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавениот правен субјект и М.М., во времето на сторување на кривичното дело во својство на управител со неограничено овластување, со намера да одбегнат плаќање на Данок на додадена вредност постапиле спротивно на одредбите од Законот за ДДВ така што во поднесена даночна пријава за деловната 2025 година не пријавиле излезен ДДВ по општа даночна стапка на износ од 2.792.438 денари и излезен ДДВ по повластена даночна стапка од 5% на износ од 91.325 денари.

— реклама —

Дополнително, во текот на 2025 година, за приход по фактура на износ од 101.716 денари не пресметале ДДВ на износ од 13.308 денари по општа даночна стапка, а за приход по фактура на износ од 97.552 денари не пресметале ДДВ на износ од 4.873 денари по повластена даночна стапка.

— реклама —

Со таквите дејствија, пријавените во текот на 2025 година се стекнале со противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 2.909.944 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 55 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања