Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryvjq81sv4b3e14oDyOT4

Народната банка, со поддршка на SUERF, на 24 март во Скопје организира конференција на високо ниво за централното банкарство во услови на постојани глобални промени, со фокус на стабилност, иновации и издржливост. Ќе учествуваат гувернери, централни банки, меѓународни финансиски институции и академската заедница. Конференцијата ќе ја отвори гувернерот Трајко Славески, а ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и Ернест Ган. Панелите ќе опфатат макроекономски политики, справување со економски шокови, дигитализација и иновации, како и финансиска стабилност, макропрудентни политики и ризици од пазарот на недвижности. Настанот ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Народната банка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје.

Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на знаења, искуства и мислења меѓу гувернерите, претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции и академската заедница. Темите ќе ги опфаќаат актуелните предизвици со кои се соочува централното банкарство и улогата на централните банки во обезбедувањето стабилен и отпорен финансиски систем во време на забрзани светски промени.

— реклама —

Конференцијата ќе ја отвори гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, а ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на СУЕРФ Ернест Ган.

Во рамките на настанот ќе се одржат повеќе панел-дискусии на кои гувернери и високи претставници на централните банки и на меѓународните финансиски институции ќе разговараат за главните предизвици за централното банкарство во услови на зголемена светска неизвесност. Учесниците ќе зборуваат за макроекономските политики, искуствата од справувањето со светските економски шокови и улогата на економските политики во одржувањето на финансиската стабилност.

— реклама —

Посебна панел-дискусија ќе биде посветена на дигитализацијата и иновациите, каде што излагачите ќе ги разгледуваат можностите и предизвиците што ги носат новите технологии за централните банки и за финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата за финансиската стабилност ќе се зборува за улогата на макропрудентните политики, нивната интеракција со другите економски политики и за ризиците поврзани со пазарот на недвижности. Учесниците ќе ги споделат и своите искуства од примената на инструментите за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.

Конференцијата ќе може да се следи во живо на каналот на Народната банка на „Јутјуб“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library394g3khbjsou2BvmLSz

Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarytd9r6msttjlkeE46P8q

Славески и Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Фокус на инфлацијата и економската стабилност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryprp4hvck54el0Auukwc

Собранието ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка

Македонија | пред 2 седмици

pari

Банкарските камати без поголеми промени, но новите кредити растат

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања