Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

НАРОДНА БАНКА

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Раст на штедењето и кредитирањето: Банкарскиот сектор со двоцифрен раст

Вкупните депозити во банкарскиот систем во март бележат годишен раст од 11,3 проценти, додека кредитната поддршка е зголемена за 13,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народната банка.Според централната банка, растот на депозитите доаѓа од зголемувањето кај двата клучни сектора – домаќинствата и компаниите, при што поголем придонес имаат граѓаните.Во исто време, кредитната активност продолжува да се засилува, при што зголемувањето е резултат на повисокото кредитирање и на фирмите и на домаќинствата, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.Само во март, депозитите пораснале за 1,8 проценти на месечно ниво, главно поради зголеменото штедење на компаниите, додека кај домаќинствата е забележан благ пад.Кредитите, пак, на месечно ниво се зголемени за 1,4 проценти, што дополнително укажува на континуирано зголемување на кредитната поддршка во економијата.Податоците покажуваат дека корпоративниот сектор има клучна улога во овој раст, со годишно зголемување на кредитите од 15 проценти, додека кредитите кај домаќинствата растат со нешто побавно, но стабилно темпо од 11,5 проценти.Овие движења укажуваат на засилена финансиска активност во економијата, со истовремено зголемување на штедењето и задолжувањето, што вообичаено се поврзува со раст на потрошувачката и инвестициите.

Македонија | пред 23 часа

media-library394g3khbjsou2BvmLSz

Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, потпишаа договор за техничка и експертска поддршка за воведување систем за инстант плаќања во земјата, се наведува во соопштението од Народната банка.Од Народната банка информираат, како што е посочено во соопштението, дека со поддршка на Светската банка се интензивираат активностите за приклучување на земјата кон СЕПА и за вклучување на банките во шемата за кредитни трансфери, што веќе придонесува за поевтини и побрзи прекугранични плаќања.Како што стои во соопштението, на средбите во Вашингтон било нагласено дека Светската банка ќе продолжи да ги поддржува напорите за интеграција на финансискиот систем во европските платни системи, вклучително и воспоставување на систем за инстант плаќања и негово поврзување со ТИПС на Европската централна банка и системите во Западен Балкан.Народната банка, според соопштението, работи на систем заснован на клон на ТИПС, развиен од Банката на Италија, а за таа цел е потпишан договор за техничка соработка со Светската банка за експертска поддршка при дизајнот и имплементацијата.Во соопштението се наведува и дека соработката со Светската банка опфаќа и поширока поддршка во области како финансиска стабилност, регулатива, дигитализација, управување со ризици и финансиска вклученост.Како што е наведено во соопштението, делегацијата на Народната банка учествувала и на работна средба во Вашингтон со претставници на меѓународни институции и централни банки од регионот, каде се разгледувале следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања.

Македонија | пред 2 дена

media-librarytpmjhsvt6kut8uLMOyK

Славески на средби со ММФ: Потребен е внимателен пристап во услови на зголемени светски ризици, Народната банка води претпазлива и конзистентна политика

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во Вашингтон оствари повеќе средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, на кои присуствуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.На состаноците биле разгледани актуелните глобални и домашни економски движења, при што е нагласено дека зголемените геополитички тензии придонесуваат за зголемена неизвесност во светската економија.Во однос на домашната економија, било оценето дека трендовите се стабилни, но дека поради надворешните ризици е неопходен внимателен пристап и подготвеност за навремена реакција.Славески истакнал дека Народната банка води претпазлива и конзистентна монетарна политика насочена кон одржување на ценовната и финансиската стабилност, како и дека внимателно ги следи глобалните случувања и нивното влијание врз домашната економија.На средбите била разгледана и новата монетарна рамка, за која е оценето дека придонесува за поефикасно и пофлексибилно водење на политиките во услови на економски промени.Потврдена е и натамошната соработка меѓу Народната банка и ММФ, насочена кон зајакнување на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

Македонија | пред 5 дена

media-librarytd9r6msttjlkeE46P8q

Славески и Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Фокус на инфлацијата и економската стабилност

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции. За време на средбите, делегацијата ќе одржи состаноци со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, извршниот директор Жероен Клик и заменик извршниот директор Марникс ван Рај. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе се разговара за тековните економски состојби во земјава, за спроведувањето на монетарната политика и мерките коишто придонесуваат за постепена стабилизација на инфлацијата, како и за одржувањето на макроекономската стабилност. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерот, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната соработка. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата, каде што ќе се разговара за предизвиците со кои се соочуваат членките во контекст на тековните светски финансиски и геополитички движења, како и на тркалезната маса за спроведувањето на клонот на системот за инстант плаќање ТИПС (TIPS), развиен со поддршка на Европската централна банка. Предвидени се средби и со претставници на Светската банка, заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шјиаочјинг Ју. Пролетните средби претставуваат еден од најзначајните светски економски форуми, на кој секоја година, на едно место, се собираат носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки. Тие, годинава, ќе разговараат за влијанието на геополитичките случувања врз економијата, економската стабилност и економскиот раст, инфлацијата и монетарните политики, како и за дигитализацијата на финансискиот сектор.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryprp4hvck54el0Auukwc

Собранието ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија, по предлог на гувернерот Трајко Славески. Тие ќе ја извршуваат функцијата во наредните седум години.Митреска е реизбрана за втор мандат, откако првпат беше именувана во 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и има над 25 години искуство во централната банка, со значаен ангажман во макроекономските анализи, проекциите и соработката со меѓународни финансиски институции и агенции за кредитен рејтинг.Величковски, пак, е долгогодишен кадар на Народната банка со повеќе од три децении искуство, доктор по монетарна економија, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи. Неговиот ангажман е поврзан со клучни реформи во платната инфраструктура и процесите на модернизација, вклучително и приклучувањето кон европската платна зона СЕПА во 2025 година.Со изборот на новите вицегувернери, се очекува континуитет во спроведувањето на стабилна и кредибилна монетарна политика, со цел одржување на ценовната стабилност и поддршка на економскиот развој.

Македонија | пред 2 седмици

nbrm-narodna-banka

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на соопштението во завршниот исказ по мисијата спроведена врз основа на членот IV, позитивно ги оценува стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, како и напредокот во монетарната политика и институционалната рамка на Народната банка.Во изјавата се посочува на отпорноста на домашната економија, што се огледа во одржувањето солиден раст и во забавувањето на инфлацијата. Воедно, се истакнува дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток и повисоките цени на енергијата се сериозен ризик, а последиците би можеле да се почувствуваат во повеќе сегменти. Поради тоа, се нагласува потребата од натамошно претпазливо водење на монетарната политика.ММФ ја истакнува модернизацијата на оперативната рамка за спроведување на монетарната политика како значајно достигнување, со кое се зајакнува оперативната ефикасност и флексибилност на Народната банка.Се нагласува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, со добро капитализирани, ликвидни и профитабилни банки коишто имаат ниско ниво на нефункционални кредити, а спроведените стрес-тестови укажуваат дека системските ризици и натаму се ограничени и се под контрола. Воедно, преземените мерки во делот на макропрудентната политика се оценети како соодветни.ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржување на ценовната и финансиската стабилност, како и на постојаното унапредување на своите политики и алатки, во согласност со најдобрите меѓународни практики.

Македонија | пред 3 седмици

pari

Банкарските камати без поголеми промени, но новите кредити растат

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во февруари 2026 година изнесува 4,73% и останува непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво бележи намалување од 0,45 процентни поени, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Република Македонија .Истовремено, каматната стапка на вкупните депозити бележи минимален месечен пад од 0,01 процентен поен и изнесува 2,19%, без промена на годишно ниво .Кај новоодобрените кредити се забележува раст. Во февруари, просечната каматна стапка достигнува 4,69%, што е зголемување од 0,22 процентни поени на месечно и 0,06 процентни поени на годишно ниво . Истовремено, новопримените депозити имаат месечно зголемување од 0,08 процентни поени и изнесуваат 2,41%.Во корпоративниот сектор, каматната стапка на вкупните кредити останува стабилна на 4,35%, но е пониска за 0,47 процентни поени споредено со лани. Кај новите корпоративни кредити има месечен раст од 0,35 процентни поени, при што каматата достигнува 4,62% .Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 5,10% и бележи минимално месечно намалување, но и годишен пад од 0,43 процентни поени. Сепак, новоодобрените кредити за населението бележат благ раст и достигнуваат 4,76% .На страната на депозитите, каматите кај домаќинствата се намалени за 0,01 процентен поен и изнесуваат 2,12%, додека новите депозити бележат благо зголемување на 2,38% .Податоците укажуваат на релативна стабилизација на каматните стапки во банкарскиот сектор, со умерени движења кај новите кредити и депозити, што сигнализира внимателно прилагодување на пазарот во услови на променлива економска динамика.

Македонија | пред 3 седмици

nbrm-narodna-banka

Седница на Советот на Народната банка: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици

Советот на Народната банка на својата редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени за тековната макроекономска состојба во земјата.Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од почетокот на 2026 година, годишната стапка на инфлација следи надолна патека и во февруари се сведе на 2,9%, во согласност со очекувањата, при посилно забавување на цените кај базичната компонента. Сепак, поради воените случувања и прекинот во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот, очекувањата за дел од увозните цени, пред сѐ за цените на нафтата, се ревидирани поизразено во нагорна насока во однос на октомвриските проекции, што претставува нагорен ризик за инфлацијата во следниот период. Досега се покажа дека домашната економија е главно отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и во 2025 година забележа забрзан економски раст, што се должи на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2026 година засега не се доволни за попрецизни согледувања, имајќи ги предвид само јануарските податоци за индустријата и за прометот во трговијата, коишто засега бележат послаби остварувања на годишна основа. Девизните резерви бележат раст од почетокот годината и се одржуваат на соодветното ниво. Во однос на монетарниот сегмент, растот на депозитите и кредитите, заклучно со февруари, е солиден и е умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.Советот оцени дека макроекономската состојба засега е стабилна и во согласност со последните проекции, но Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на надворешното окружување и на потенцијалните ризици од светските и регионалните настани, заради одржување на макроекономската стабилност.

Македонија | пред 3 седмици

mmf-1

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на  стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 година. Стапките на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од други земји ќе се применуваат во согласност со висината на стапката којашто е утврдена од надлежниот орган на другата земја. Врз основа на движењата во банкарскиот систем и во окружувањето, вклучително и домашното, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 2% соодветствува на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот систем. Банкарскиот систем ја задржа стабилноста и сигурноста во работењето и е добро капитализиран и ликвиден, со ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во декември 2025 година стапија во сила макропрудентните мерки со построги критериуми за квалитетот на кредитната побарувачка, чии ефекти се очекуваат во следниот период. Се очекува дека овие пакет-мерки, заедно со досегашните измени кај задолжителната резерва, ќе придонесат за намалување на системските ризици и ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Притоа, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика заради натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата, во услови на силна кредитна активност, динамичен пазар на недвижностите и ризици од надворешното окружување, како и од домашните фактори што влијаат врз побарувачката. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

Македонија | пред 3 седмици

nbrm-narodna-banka

Народна банка: Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)  со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема.Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања за граѓаните и за компаниите.Со целосното вклучување на банкарскиот сектор во шемата за кредитни трансфери на СЕПА се овозможува поширока достапност на овие услуги за граѓаните и компаниите, како и зголемена конкуренција и понуда на платежни услуги на домашниот пазар. Ова општо придонесува за намалување на надоместоците и подобрување на транспарентноста при извршувањето на прекуграничните плаќања, особено за компаниите коишто активно тргуваат со земјите од Европската Унија и со другите земји членки на СЕПА.Народната банка, во соработка со банките и со другите учесници на пазарот, и натаму активно ќе работи на унапредување на платежната инфраструктура и на понатамошно усогласување со европските платежни стандарди. Во наредниот период ќе продолжат активностите насочени кон натамошно проширување на учеството на домашните институции во останатите шеми на СЕПА, заради обезбедување сигурни, ефикасни и современи платежни услуги за граѓаните и за компаниите.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysdtol99grorv7GKwqYX

Конференција на Народната банка: Стабилноста, иновацијата и отпорноста како столбови на економијата

„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро“ за економијата.“ Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF  – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“. На настанот учествуваа гувернери, економски експерти и министри од регионот и од Европа коишто ги разменија своите искуства и ги разгледаа стратегиите за справување со сложените светски предизвици.Учесниците истакнаа дека малите и отворени економии, како нашата, се особено изложени на надворешните шокови, коишто доаѓаат од растот на цените на енергентите, нарушувањата во синџирите на снабдување и од геополитичките тензии. Овие промени не само што го зголемуваат ризикот од инфлација, туку го тестираат и капацитетот на институциите за навремено и соодветно реагирање. Во такви услови, внимателното воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и макропрудентните мерки е клучот за зачувување на стабилноста и на довербата кај граѓаните.Во исто време, финансискиот сектор доживува брза дигитална трансформација. Развојот на дигиталните валути, инстант плаќањата, анализата на големите податоци и примената на вештачката интелигенција отвора нови можности за ефикасност и сеопфатност, но истовремено носи и нови ризици, од кибернетски закани, до нарушување на приватноста и на довербата. На Конференцијата се потврди дека дигитализацијата треба да се развива рамномерно, со јасни правила и контроли, за да се заштитат стабилноста на системот и интересите на граѓаните.Особено внимание се обрна на градењето на финансиската отпорност. Со постојано следење на кредитниот раст, долговите на домаќинствата, ризиците од недвижностите и на системските финансиски показатели и со воспоставувањето соодветни макропрудентни и фискални политики, се зајакнува способноста на системот за ублажување на надворешните шокови и за зачувување на стабилноста на економијата. Беше истакнато дека учеството на институциите во координацијата на монетарната и фискалната политика беше е најважно за одржувањето на стабилноста и за долгорочна заштита на економијата.Покрај ова, на Конференцијата беше истакнато и значењето на јавната доверба и на транспарентната комуникација. Јавноста очекува од институциите да делуваат предвидливо, професионално и со кредибилитет, а добрата комуникација е основа за стабилизирање на очекувањата на граѓаните и за одржување на довербата, дури и во услови на криза.На Конференцијата се потврди дека стабилните и иновативни институции, со помош на внимателно одбрани политики и преку транспарентна комуникација, можат најдобро да обезбедат финансиска стабилност и отпорност на економијата во време на светски предизвици.

Македонија | пред 4 седмици

nbrm-narodna-banka

Народна банка: Претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност – каматната стапка е непроменета

На 24 март 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.На оваа седница, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4%. На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 25 март, понудата ќе изнесува 36 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа. Досегашните измени во задолжителната резерва, макропрудентните мерки поврзани со критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица, како и одлуките за управување со системските ризици, обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата поставеност на монетарната политика.Одлуката за монетарната политика се носи во услови на исклучително зголемена светска неизвесност и непредвидливост, предизвикана од неодамнешното избувнување на воениот конфликт на Блискиот Исток. Првичните ефекти се видливи преку нарушувањето на снабдувањето со нафта во светот и растот на цените на енергентите. Севкупните ефекти врз светската економија се условени од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Евентуалното подолго времетраење, како и проширување на воените дејства ќе предизвикаат подолготрајни нарушувања на пазарот на енергенти, посилно зголемување на нивните цени, пролонгирана неизвесност, раст на општото ценовно ниво и полоши економски изгледи. Во ваков контекст, ЕЦБ на последниот состанок за монетарната политика ја задржа истата каматна стапка, правејќи нагорна корекција на очекуваната инфлација и надолна на растот.Во домашната економија, инфлацијата и натаму забавува во согласност со очекувањата, а годишната стапка на инфлација се сведе на 2,9% во февруари. Значително забавување бележи и базичната компонента на инфлацијата, којашто е послаба од очекувањата. Наспроти досегашниот поволен тренд кај домашната инфлација, ризиците околу нејзината идна динамика се зголемени. Тие се поврзани со последните воени случувања и прекините во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот. Пазарните оцени за цените на нафтата во следниот период се ревидирани поизразено во нагорна насока, на кус рок. Подолгорочните ефекти врз светските цени, а со тоа и врз домашната инфлација се условени од силината и времетраењето на воените дејства на Блискиот Исток.На крајот на февруари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.558 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година што, според сите релевантни меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви, се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во 2025 година, надворешната позиција на економијата гледана преку билансот на плаќања беше подобра од очекувањата. Тоа е видливо преку повисокото ниво на девизните резерви на крајот на годината во однос на проекциите, што овозможува и подобра појдовна позиција за справување со шоковите. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, во јануари 2026 година, трговскиот дефицит главно е во согласност со очекувањата за првиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Заклучно со февруари, остварувањата на менувачкиот пазар упатуваат на поумерени нето-приливи од приватните трансфери, во споредба со проекциите за првиот квартал.Во изминатата година, домашната економија се покажа генерално отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и забележа забрзан економски раст, под влијание на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите. Така, економски раст од 3,8% беше забележан и во последниот квартал од 2025 година, со што растот за целата година изнесуваше 3,5%. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2026 година во моментов се ограничени за попрецизни согледувања. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, односно со зголемената неизвесност што произлегува од тековниот конфликт на Блискиот Исток. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти претставуваат едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.Движењата во монетарниот сектор и натаму се солидни. Податоците за депозитите и кредитите на банките во февруари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките. Кредитната активност и натаму расте, но забавено, умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.Општо земено, Народната банка го задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, во согласност со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста во однос на интензитетот и времетраењето на воениот конфликт на Блискиот Исток. Се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка внимателно ги следи сите случувања и редовно ги оценува ризиците од можните ефекти врз домашната економија и е подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти и да презема соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.

Македонија | пред 4 седмици

narodna-banka-na-rm

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

Народната банка ја информира јавноста дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури.„Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање.Согласно член 55, став 3 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон. Ова обезбедува непрекинатост во работењето и ги гарантира стабилноста и непреченото функционирање на институцијата, што е во согласност и со насоките на Меѓународниот монетарен фондВаквата ситуација не е новост и одредени пролонгирања се забележани и во претходните избори на членови на Советот на Народната банка, но институцијата секогаш функционирала непречено.Законот и досегашната практика јасно обезбедуваат непрекинатост и стабилност во работењето на Народната банка до избирањето на новите носители на функциите“, информираат од Народна банка

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryvjq81sv4b3e14oDyOT4

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје.Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на знаења, искуства и мислења меѓу гувернерите, претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции и академската заедница. Темите ќе ги опфаќаат актуелните предизвици со кои се соочува централното банкарство и улогата на централните банки во обезбедувањето стабилен и отпорен финансиски систем во време на забрзани светски промени.Конференцијата ќе ја отвори гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, а ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на СУЕРФ Ернест Ган.Во рамките на настанот ќе се одржат повеќе панел-дискусии на кои гувернери и високи претставници на централните банки и на меѓународните финансиски институции ќе разговараат за главните предизвици за централното банкарство во услови на зголемена светска неизвесност. Учесниците ќе зборуваат за макроекономските политики, искуствата од справувањето со светските економски шокови и улогата на економските политики во одржувањето на финансиската стабилност.Посебна панел-дискусија ќе биде посветена на дигитализацијата и иновациите, каде што излагачите ќе ги разгледуваат можностите и предизвиците што ги носат новите технологии за централните банки и за финансискиот систем. Во рамките на панел-дискусијата за финансиската стабилност ќе се зборува за улогата на макропрудентните политики, нивната интеракција со другите економски политики и за ризиците поврзани со пазарот на недвижности. Учесниците ќе ги споделат и своите искуства од примената на инструментите за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.Конференцијата ќе може да се следи во живо на каналот на Народната банка на „Јутјуб“.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybb5dgfs8v84k0h5y1LR

Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието.Според податоците на ОЕЦД, повеќе од две третини од 15-годишниците веќе користат финансиски производи, како што се платежните сметки или платежните картички, што ја нагласува важноста од нивното навремено финансиско едуцирање. Гувернерот посочи дека во услови на брз технолошки развој, дигитализација на финансиските услуги и сè посложените финансиски производи, финансиската писменост станува неопходна вештина за секој човек. Оттука, образовните системи сè повеќе треба да ја препознаваат финансиската едукација како важен дел од наставниот процес, бидејќи таа не претставува само дополнително знаење, туку основа за одговорно и свесно управување со личните финансии.Народната банка постојано спроведува бројни активности за унапредување на финансиската писменост, насочени кон учениците и студентите, како и кон пошироката јавност. Во изминатите години се одржани бројни едукативни предавања, изработени се печатени и електронски материјали, видеосодржини и едукативни игри, како и активности преку социјалните мрежи.Гувернерот најави дека, и оваа година, Народната банка со повеќе едукативни активности ќе ја одбележи Глобалната недела на парите, насочена кон подигнување на финансиската свесност кај младите.Гувернерот Славески посочи дека финансиската едукација е важна, но самата по себе не е доволна за да им овозможи на граѓаните поефикасно управување со доходите, поголема финансиска сигурност и подобро планирање на иднината, поради што Народната банка, во соработка со банките, ќе иницира и конкретни измени во финансискиот систем со цел тој да стане поправичен и посеопфатен. За таа цел, до Министерството за финансии веќе е поднесена иницијатива за измени во Законот за платни системи и платежни услуги, со која се предлага проширување на опфатот на платежната сметка за основни функции, што ќе овозможи пониски трошоци и бесплатни основни трансакции за граѓаните. Исто така, заедно со банките ќе се разгледа и можноста за воведување посебна штедна сметка за вонредни потреби, со стимулативни услови, т. е. со цел да се поттикне создавање финансиска резерва кај граѓаните и да се зајакне културата на штедење.

Македонија | пред 1 месец

mmf-1

Усвоен Извештајот за работењето на Комитетот за финансиска стабилност за 2025 година: Финансиската стабилност е задржана

Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година, го разгледа Извештајот за работењето на Комитетот и поткомитетите во 2025 година, при што беше утврдено дека финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците.Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови на побрз економски раст, при натамошна неизвесност од светското окружување. Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при историски највисоко ниво на адекватност на капиталот (од 2006 година наваму), подобрена ликвидносна позиција, раст на депозитите и кредитната активност, зголемена профитабилност и задржан квалитет на кредитното портфолио. Стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за справување со потенцијални шокови. Во однос на приватните пензиски фондови, беше заклучено дека тие и понатаму се во фаза на прибирање средства, со ниска изложеност на ликвидносен ризик. При претпазливо инвестирање и соодветна диверзификација, стапките на принос се зголемуваат, особено кон крајот на минатата година.Осигурителниот сектор бележи натамошен раст на продажбата, со соодветна ликвидност, солвентност и солидна профитабилност, додека останатите сегменти на финансискиот систем (штедилниците, друштвата за лизинг, инвестициските фондови и финансиските друштва) и натаму имаат мал удел и ограничено значење како извор на системски ризик. Посебно внимание му беше посветено на пазарот на недвижности, којшто и во 2025 година се одликува со силна побарувачка, раст на понудата и двоцифрен раст на цените, над долгогодишниот просек. Во услови на забрзано станбено кредитирање и засилени градежни активности, беше нагласена потребата од внимателно управување со ризиците, заради спречување на прекумерната задолженост и за зачувување на стабилноста.Во 2025 година, Народната банка примени пакет макропрудентни мерки, со кои ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% на 2,00% (со примена од четвртото тримесечје на 2026 година), а ги заостри и мерките насочени кон кредитирањето на физичките лица, заради превентивно делување врз потенцијалните ризици во сегментот на домаќинствата и пазарот на недвижности. Истовремено, беше олеснето кредитирањето за купување или изградба на прво живеалиште.Комитетот ја нагласи потребата од натамошно внимателно следење на ризиците и координирано дејствување на финансиските регулатори, коишто располагаат со соодветни инструменти за навремено реагирање. Финансиската стабилност и натаму е приоритна, а институциите се подготвени да постапуваат соодветно во рамките на своите надлежности и во наредниот период.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysv6019ub1nkr2D9ARL0

Народната банка ‒ координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи

Народната банка продолжува со активностите околу спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Кодексот се спроведува согласно Меморандумот за соработка потпишан со ЕБРД, а со вклученост на претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор. Станува збор за иницијатива на светско ниво на регулаторите,  давателите на финансиски услуги и на другите учесници во финансискиот екосистем, насочена кон активности коишто треба да придонесат за полесен пристап до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени.Во рамките на активностите на Кодексот, во октомври 2025 година, Народната банка за првпат објави преглед на податоците за пристапот до кредити на претпријатијата во сопственост на жени (достапен на следнава врска: https://mkddashboard.fsturkey.com/mk ). Воедно, активно се работеше на формирање на Националната коалиција за примена на Кодексот во нашата земја. Покрај Народната банка, како национален координатор и обединител, во Националната коалиција учествуваат 19 институции, меѓу кои 6 банки, 2 штедилници и МБА. Од јавниот сектор, вклучени се Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Институциите коишто се дел од Националната коалиција се организирани во три работни групи посветени на деловното окружување, прибирањето податоци и на финансиските и нефинансиските услуги за претпријатијата во сопственост на жени.Институциите членки на Националната коалиција неодамна го заокружија списокот со заложби за примена на Кодексот и го објавија на своите веб-страници, а Народната банка го објави интегрирано, во делот од својата веб-страница посветена на Кодексот за финансирање на жените претприемачи (https://www.nbrm.mk/we-finance-code-en.nspx). Објавените списоци упатуваат на цврстата определба за ангажирање во активности за поддршка на женското претприемаштво во нашата земја, што е во прилог на јакнење на потенцијалот на економијата во целина.Активностите на Народната банка и Националната коалиција во следниот период ќе бидат насочени кон натамошно проширување на Коалицијата со нови потписници, спроведување анкета за оцена на потребите, утврдување на националната дефиниција на претпријатијата во сопственост на жени за потребите на Кодексот, наоѓање системски решенија во доменот на податоците според родовата структура во сферата на финансиите, дефинирање на начинот на известување, како и редовни анализи на податоците“, информираат од Народна банка.

Македонија | пред 1 месец

media-library0ekjjgsp47gl7wCh3Fx

Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

„Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“.Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали економски последици. Доколку дојде до ескалација и ако се покаже дека ефектите од конфликтот се подолготрајни, со посилни притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, централната банка има простор да реагира со повеќе инструменти за стабилизација што ѝ стојат на располагање“, нагласи Митреска.Митреска посочи дека каналите преку коишто може да се пренесе растот на светските цени на енергентите и кај нас се директни и индиректни. Директните се однесуваат на пренесувањето на овој раст директно врз домашните цени, како и врз вкупниот увоз. Индиректните ефекти би ги почувствувале преку промените на економските изгледи на нашите трговски партнери, односно земјите од Европската Унија. Досегашните оцени за последиците од конфликтот за европската економија посочуваат на ограничени ефекти врз инфлацијата и растот или, со други зборови, нема очекувања за некои големи промени во надворешното окружување за домашната економија гледано низ оваа перспектива.Народната банка постојано ги следи состојбите и можните ефекти врз македонската економија. Во изминатите години, напоредно со справувањето со кризите, градевме дополнителен простор и капацитет за ублажување на можните нови шокови. Девизните резерви во моментов се околу 70% над нивото пред пандемијата, а отпорноста на банкарскиот, систем според сите параметри, дополнително зајакна во изминативе неколку години. Оттука, нема дилема околу континуитетот во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и на вкупната макроекономска стабилност“, порача Митреска.

Македонија | пред 1 месец

media-library4hhjldndo2f5fEaXH1v

Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари 2026 година, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.„Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии. Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината.Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемија и на крајот на декември достигнаа 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%). Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година.На седницата на Советот беа разгледани и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

Од 1 март засилена автентикација при извршување онлајн плаќања

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.„Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето.Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања.Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfct7co86mg7a6BAuab5

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години“. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка,  Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив“, на ТВ „Телма“, при што посочи дека во изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните депозити, што е поврзано со стабилизирањето на очекувањата на граѓаните, зголемените приноси од штедењето, особено на долг рок и во домашна валута, како и со мерките преземени од Народната банка за поддршка на процесот на денаризација и поттикнување на долгорочното штедење.„Во декември 2025 година, вкупните депозити на домаќинствата достигнаа 445 милијарди денари, што претставува годишен пораст од 12%. Во однос на периодот од пандемијата наваму, заштедите на граѓаните се зголемени за над 50%, што ја потврдува довербата во банкарскиот систем и неговата отпорност“, нагласи Арнаудова-Стојановска. „Во изминатите години, денарските и долгорочните депозити на домаќинствата растат со двоцифрени стапки, при што учеството на денарските депозити достигна 55%, а на долгорочните 33,5% од вкупните депозити на домаќинствата, наспроти 47,8% и 25,1%, соодветно, во декември 2022 година. Овие показатели потврдуваат дека банкарските депозити и понатаму се најзначајниот и најсигурен облик на штедење за домаќинствата, придонесувајќи за стабилноста на финансискиот систем и за поддршка на вкупната економска активност“, истакна Арнаудова-Стојановска.Според последните расположливи податоци за 2024 година, банкарските депозити и натаму се главниот облик на штедење кај домаќинствата во земјава. Во структурата на финансискиот имот на домаќинствата, депозитите кај банките учествуваат со околу 60%, по што следуваат средствата во приватните пензиски фондови со околу 25%. Овие движења се во согласност со трендовите забележани во повеќе земји од регионот и од Европската Унија.Арнаудова-Стојановска нагласи дека Народната банка и натаму ќе спроведува политики насочени кон одржување на финансиската стабилност и создавање поволни услови за поттикнување на штедењето кај граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8apjuql2insb1u0WJaW

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено забрза. Банкарскиот сектор и натаму остварува солиден раст на депозитната база и кредитната активност, а девизните резерви се задржуваат на соодветно и сигурно ниво.„Народната банка продолжи со унапредувањето на својот оперативен инструментариум заради поддршка на ефикасното спроведување на монетарната политика. Во последниот квартал од 2025 година, таа изврши приспособување на оперативната монетарна рамка заради подобрување на управувањето со ликвидноста и зајакнување на монетарната трансмисија. Со измените се става посилен акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика.Во Кварталниот извештај се наведува дека во четвртото тримесечје од 2025 година годишната стапка на инфлација изнесуваше 4,2%, што претставува очекувано забавување. Инфлацијата за целата 2025 година, во просек, изнесува 4,1%, што е близу до октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2026 година и на среден рок се очекува забавување на инфлацијата и постепено враќање кон историскиот просек. Сепак, и понатаму постојат одредени ризици, при што главните извори на неизвесност се поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, геополитичките тензии и процесите на трговска фрагментација, како и со одредени домашни фактори што влијаат врз побарувачката.Во третиот квартал од 2025 година, реалниот годишен раст на бруто домашниот производ забрза и од 3,5% во претходното тримесечје се искачи на 3,8%, што е малку повеќе од оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Според основното сценарио од октомври, за целата 2025 година се очекува забрзување на економскиот раст којшто би изнесувал 3,5% (3,0% во 2024 година), а во 2026 година, како и на среден рок дополнително би се засилил и би достигнал 4,0%.На крајот на 2025 година, нивото на девизните резерви достигна 4.920,5 милиони евра и според сите релевантни показатели, обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.Податоците од монетарниот сектор укажуваат на натамошна солидна кредитна поддршка за економијата и зајакнување на депозитната база на банките. Во четвртиот квартал од 2025 година, годишниот раст на вкупните кредити изнесуваше 13%, при годишен раст и на депозитите од 10%, што е малку над нивото проектирано за крајот на годината.На седницата, Советот на Народната банка разгледа и повеќе други точки поврзани со тековното работење на Банката“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

Нема фотографија

Гувернерот Славески: Банките ќе мора да ги намалат трошоците за електронските плаќања

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов и поедноставен модел на надоместоци што банките ги плаќаат за користење на услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС. Како што истакна гувернерот, д-р Трајко Славески, во денешната изјава пред медиумите, со оваа промена се поставува поконкурентна тарифна структура којашто ќе овозможи пониски трошоци за електронски плаќања, со директни придобивки за граѓаните и за компаниите.„Новото решение е резултат на детални анализи и отворен дијалог со банкарскиот сектор, заради приспособување кон современите пазарни услови и европските практики. Воспоставениот модел ги поедноставува и ги намалува трошоците на банките за порамнување на трансакциите кај Народната банка, што создава простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплатуваат од граѓаните и од компаниите“, изјави гувернерот Славески.Одлуката ќе стапи на сила на 1 август, а Народната банка очекува дека банките ќе покажат разбирање за јавниот интерес и за пошироките економски придобивки од достапни и евтини платежни услуги.Во рамките на подготовките за приклучување кон европската платежна шема СЕПА, Народната банка воведува и нова структура на надоместоците за плаќањата во евра од страна на државните органи со значително пониска цена. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра по трансакција преку кореспондентни банки, ќе се применуваат фиксни надоместоци од 3 евра за електронски иницирани и од 5 евра за хартиени налози.„На овој начин праќаме јасна порака – очекуваме пофер и поевтини платни услуги за сите. Народната банка ја поддржува изградбата на ефикасен и конкурентен платен пазар во земјава, во согласност со европските стандарди и во духот на интеграцијата во СЕПА“, истакна гувернерот.Гувернерот посочи дека банкарскиот сектор е стабилен, и покрај светските предизвици, а Народната банка и во иднина ќе ги води своите политики одговорно и внимателно, заради одржување на финансиската стабилност и за унапредување на платниот систем во земјата.

Македонија | пред 9 месеци

bezoska

Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата, како гаранција за стабилноста на девизниот курс

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50% во однос на претпандемичниот период. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, посочува дека девизните резерви се најважниот фактор за одржување на стабилноста на домашната валута и дека во изминатиот период, и покрај кризите, тие речиси непрекинато растеа, како гаранција за задржување на стабилноста на девизниот курс.Ангеловска-Бежоска посочи дека растот на девизните резерви главно се должи на откупот на девизи од страна на централната банка на девизниот пазар, којшто речиси постојано се остварува од средината на 2023 година. „Вкупно за изминатите две години ние како централна банка на девизниот пазар откупивме 750 милиони евра, со што во целост се надомести износот којшто беше искористен за интервенции на девизниот пазар во периодот на пандемијата и во периодот на енергетскиот шок. Сето ова јасно говори за воспоставените силни одбранбени механизми од идни потенцијални ризици и шокови, заради натамошно одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута“, нагласи Ангеловска-Бежоска.Гувернерката посочува и дека несомнено странските директни инвестиции имаат позитивен придонес кон порастот на девизните резерви. „Во претпандемичниот период, странските директни инвестиции изнесуваа околу 3,5% од БДП, во просек, по забавувањето во текот на пандемијата следеше процес на постепено закрепнување, а минатата година во првите три квартали достигнаа 5% од БДП, што е солидно ниво според историските параметри“, истакна Ангеловска-Бежоска. Таа истакна дека странските директни инвестиции не се важни само за порастот на девизниот потенцијал во нашата економија, туку поопшто за инвестицискиот циклус и за побрз раст и зголемување на нивото на доходот, којшто кај нас за жал сѐ уште е низок.Ангеловска-Бежоска истакна дека за остварување повисок економски раст особено е важна и солидната кредитна поддршка за граѓаните и компаниите од страна на банкарскиот сектор, чијашто стабилност и капацитет за кредитирање се зајакнати и покрај кризниот период, а адекватноста на капиталот е највисока во последниве две декади. Ова се должи меѓу другото и на мерките коишто ги преземаше централната банка. Гувернерката посочи дека важна улога за зголемувањето на инвестициите има и растот на зеленото кредитирање коешто во изминативе години се удвои од 2,2% на 4,4%.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ангеловска-Бежоска – Палминтери: Народната банка цврсто чекори кон Европскиот систем на централни банки

Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери.Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Амбасадорот Палминтери ја изрази својата поддршка за заложбите на Народната банка во овој процес. Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена што ќе овозможи скорешно пристапување на нашата земја во СЕПА.На средбата, стана збор и за системот за инстант плаќања којшто централната банка на Италија го развива за земјите од Западен Балкан, по одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) како клон на системот ТИПС со кој таа управува. Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во текот на кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ. Поставувањето платежна инфраструктура за инстант плаќања во земјите од регионот по стандардите и правилата на системот на ЕЦБ претставува историски исчекор за развојот на регионот и негова интеграција на единствениот европски пазар и пред земјите да обезбедат полноправно членство во ЕУ, се согласија гувернерката и амбасадорот.Се разговараше и за билатералната соработка на нашата со централната банка на Италија, во рамките на втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од Европската Унија. Оваа соработка ќе придонесе кон унапредување на стандардите и примената на најдобрите практики во Народната банка, преку споделување искуства и експертиза од страна на Банката на Италија.Гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорот Палминтери ја потврдија својата заложба за понатамошно јакнење и продлабочување на соработката, заради унапредување на финансиската стабилност и натамошна интеграција на финансискиот систем со европскиот финансиски систем, особено во платежната сфера.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања