Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Уживајте во убавото и топло време до недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

“Во Македонија до недела продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Сепак утре локално ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб дожд. Денес и утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено во источните поредели ќе засилува на интензитет, додека за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во јужен”, вели метео-прогнозерот Славчо Поповски и додава:

— реклама —

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, а за време на викендот во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до 20 степени, а не се исклучува можноста тие и да надминат 20 степени. Што е најважно, и утринските температури ќе бидат во пораст, па така ќе се намалат условите за појава на слана и на мраз.

— реклама —

Во Скопје и околината се очекува слично време, претежно стабилно, суво и и сончево, повремено со мала до умерена облачнот. Денес и утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а за време на викендот од јужен правец. Температурата ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.

— реклама —

Веќе од недела доцна попладне и навечер, како и во понеделник очекуваме нова поголема промена на времето кај нас, проследена со врнежи од дожд, во понеделник поради продор на студен бран од север ќе дува силен северен ветер кој ќе услови значителен пад на температурите на воздухот и врнежи од дожд и снег. Сепак детална анализа околу оваа голема промена на времето ќе објавиме во следните наши метео објави, кога се ќе биде многу појасно околу оваа промена на времето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 18 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања