Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ванковска: Ѓорѓиевски ветува 72 часа за чистење на ѓубрето, како Трамп што за 24 часа ја заврши војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
Vankovska

За професорката Билјана Ванковска, ветувањето на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека ќе го исчисти градот од ѓубрето за 72 часа е наликува на ветувањата на Трамп дека ќе ја заври војната во Украина за 24 часа.

— реклама —

Смешното тврдење на Орце дека за 72 часа ќе го исчистел градот од смет ме потсетува на она на Трамп дека за 24 часа ќе го решел украинско-рускиот конфликт. Само Орце „помудар“, па си дал екстра време, пишува Ванковска во објава на ФБ.

— реклама —

Шегата настрана, тезата дека она што е системски и долгорочен проблем може да го реши ЕДЕН ЧОВЕК, и тоа под услов да е од владејачка партија има БУМЕРАНГ ефект! ВМРО-ДПМНЕ е носител на власта на локално ниво со години, а ефектите се видливи не само во Скопје, туку низ цела држава. Смет, депонии, пожари, нечисти улици, запуштени урбани и рурални средини...

— реклама —
media-librarydr5mdf5tkmj6disV748

Ова не се решава со часови, ниту со чудотворци, туку со услуги, јавни служби, систем, правни санкции, одговорност...Се надевам ниту скопјани, ниту другите нема да паѓаат на вакви пропагандни будалаштини.

Ако и мислат дека имаат моќ, нека повелат веднаш, нека не чекаат октомври и изборен ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања