Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) „Беше апокалипса“: Сведоштва од градот погоден од трагедијата во новогодишната ноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryocu304qdsv9p1jq2aEX

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од катастрофалниот пожар што ја зави во црно оваа швајцарска туристичка дестинација. Дел од присутните стоеја со поглед вперен кон местото на трагедијата, додека разговорите, доколку воопшто ги имаше, се водеа шепотејќи.

— реклама —

„Не бев во барот, но многу мои пријатели и роднини беа таму. Некои загинаа, други се во болница“, изјави млад човек кој дошол да положи цвеќе во знак на почит. „Нека почиваат во мир“, додаде тој, видно потресен.

— реклама —
— реклама —

Во близина, групи пријатели се прегрнуваа во солзи, додека мажи стоеја немо, со солзи во очите. Матијс, жител на соседното место Шермињон-д’ан-Ба, за агенцијата АФП изјави дека барот бил едно од главните места за дружење на младите. „Тоа е барот каде што се среќаваме со многу пријатели, практично секој викенд“, рече тој.

Тој сведочеше дека првично помислиле оти станува збор за мал пожар, но реалноста била сосема поинаква. „Кога стигнавме таму, беше како војна. Тоа е единствениот збор со кој можам да го опишам – апокалипса. Беше ужасно“, истакна Матијс.

Пауло Мартинс, француски државјанин кој живее во регионот повеќе од 24 години, изјави дека трагедијата можела директно да го погоди и неговото семејство. „Мојот син многу лесно можеше да биде внатре. Не беше далеку. Беше со девојката и планираа да влезат, но на крајот не отидоа. Кога се врати дома, беше во целосен шок“, рече Мартинс.

Поради интензитетот на пожарот и тешките изгореници, идентификацијата на жртвите се одвива бавно и со големи тешкотии. Меѓу исчезнатите има француски и италијански државјани, вклучувајќи и 16-годишно момче од Болоња, чија мајка јавно апелира за помош. Како исчезнати се водат и двајца тинејџери од Милано.

Барот бил особено популарен меѓу младата популација, а голем дел од жртвите се тинејџери. Преживеани раскажуваат за застрашувачки моменти на бегство од пламените јазици, при што некои биле принудени да кршат прозорци за да излезат од објектот.

Повредените се згрижени во болници низ Швајцарија, но и во странство, а здравствената состојба на многумина од нив се оценува како критична.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Македонија | пред 16 часа

pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Свет | пред 5 дена

media-libraryojlvrk3r3p1r3oifwTT

(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања