Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Дел од бастионите на подземјето веќе не се на слобода, тие се дел од нарко-мрежа кои егзистирале три децении, вели директорот на БЈБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-libraryhu71nqiq0845cDI9Bcs

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев изјави дека последната полициска акција, во која беа уапсени седум лица и разбиена организирана криминална група, претставува дел од поширока и синхронизирана офанзива против криминалот.

Според него, станува збор за мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога која делувала повеќе од две до три децении, особено на подрачјето на Струмица, од каде што и потекнала иницијативата за акцијата.

— реклама —

„Дел од бастионите на тоа подземје веќе не е на слобода. Ова не е случајност, туку резултат на координирана акција и размена на информации“, посочи Јанев.

Тој додаде дека полицијата е консолидирана и дека е намален одливот на информации, што, како што наведе, претходно претставувало сериозен проблем.

— реклама —

Во акцијата биле уапсени четири лица од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, а извршени се претреси на вкупно 15 локации.

При претресите биле пронајдени и одземени наркотична дрога, оружје, муниција, седум моторни возила, мобилни телефони и поголема сума пари.

Јанев нагласи дека ваквите акции ќе продолжат со засилено темпо, потенцирајќи дека борбата против криминалот ќе се води без компромис и без толеранција, со цел заштита на безбедноста на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vozacka-1

Три случаи на возење без дозвола во Битола и Прилеп

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

МВР: Приведен 22-годишник од Гостивар по агресивно однесување кон полицијата

Македонија | пред 26 минути

media-libraryvtc2h6t1rss30HlgR99

Продал возило, не добил пари: 36-годишник пријавил измама во Тетово

Македонија | пред 27 минути

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Жена од Гостивар пријавила вознемирување и следење од возач во сообраќај

Македонија | пред 28 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања