Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Додека градоначалничката на Скопје во заминување пишува на „Фејсбук“, ние спасуваме човечки животи на терен, и врати Ѓорѓиевски на Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
orce-51

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и одговори на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по прозивките дека се сликал кај Маркова река.

— реклама —

„Додека градоначалничката на Скопје, во заминување и одговорност пишува на Facebook од удобна фотелја, ние спасуваме човечки животи на терен. И да не се грижи, повторно ќе бидат во функција и пожарна, водовод и сите ЈП - Скопје повторно ќе биде горд град! Остануваме на терен цела вечер, во овој момент ги одзатнуваме шахтите, вршиме мобилизација на нашите ресурси за жителите да немаат катастрофални последици!“, напиша Ѓорѓиевски објавувајќи видео.

— реклама —

— реклама —

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Арсовска се јави за излевањето на Маркова река: коментарите на објавата ги имаше, па ги немаше...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку статус на „Фејсбук“ посочи дека Противпожарната бригада на Скопје и екипи на ЈП Водовод и канализација работат активно на терен по излевањето на Маркова река. Таа ја искористи приликата и да го искритикува градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски оти се сликал додека бил на терен, но и Општина Студеничани кои според неа се виновни што каналите не се чисти. На објавата имаше и низа критики, но од момент во момент, коментарите ги снемуваше.„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно треба да ја превземаат во континуитет. Џабе се слика со лажен хероизам градоначалникот во заминување Орце Ѓеоргиевски, кој освен со сликање со друго не може да се пофали. Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител за проблемите кои градоначалникот на општината сам ги дозволил. Проблемот од Батинци поради неодржување на каналите се прелева кон Скопје, а Противпожарната бригада на Град Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација активно работат на терен. Само немаат време да се сликаат!“, напиша Арсовска.„Скопје1“ вечерва испрати прашања до Град Скопје, но и директно до Арсовска преку кои меѓудругото, и за атмосферската каначлизација која се гради и не е пуштена во употреба, односно дали преку неа се изливала вода од Маркова река. Оттаму не добивме одогвор, но испратија соопштение еден час по полноќ (апдејт).По објавувањето на статусот, Арсовска имаше низа коментари, меѓу кои и критики. Од 52 коментари колку што имаше до моментот кога ја следевме објавата, можеа да се прочитаат девет. „Фејсбук“ има опција да се сокријат коментарите без бришење, но дали е таа искористена или не - знае само објавувачот. По желба на профилот, во случајот на Арсовска, тие можат да се вратат и да се прикажуваат. Од принт-скриновите можете да видите што друго се коментираше.

Скопје | пред 11 месец

Под објавата, до моментот на објавување на овој текст имаше пет коментари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања