Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Доктор апелира за вонредна акција поради експлозивно размножување на глодарите во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryftp8euvsgeqn0hMsLc1

Познатиот епидемиолог д-р Драган Даниловски упати драматично предупредување за состојбата со јавната хигиена во Скопје, оценувајќи дека градот е пред сериозен јавноздравствен ризик поради нефункционирањето на „Комунална хигиена“ и натрупаното ѓубре на улиците.

„Во Скопје последниве месеци сме сведоци на состојба што го доведува во прашање јавноздравствениот минимум на еден модерен град. Купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова не е веќе прашање на естетика, туку на јавно здравје“, пишува Даниловски.

— реклама —

Тој потсетува дека состојбата кулминирала со каснување на дете од глушец во училишен двор, што го оценува како „симптом на системски распад“.

„Преминат е Рубиконот. Нема назад“, нагласува професорот, предупредувајќи дека купиштата отпад создаваат идеални услови за експлозивно размножување на глувци и стаорци, преносители на опасни зарази како лептоспироза, хантавирус и дури бубонска чума.

— реклама —

„Во само 18 месеци, еден пар стаорци може да даде повеќе од еден милион потомци. Таа биолошка експоненцијална прогресија во Скопје веќе има сите услови – изобилство од храна, вода и простор“, вели Даниловски.

Тој апелира до институциите за итна, координирана интервенција, па дури и прогласување на вонредна состојба во делови од градот заради дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

„Причините – организациски, политички или финансиски – стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето на децата. Правото на здравје е уставно загарантирано право на секој граѓанин“, завршува Даниловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykbbnrj6fkaa46u8dm9N

Орце Ѓорѓиевски: Подобрена наплата на даноци, следува репроценка на имотот

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 месец

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 1 месец

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања