Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Гласачка на Трамп: „Три пати гласав, тоа беше грешка, очигледно сум идиот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryl0j7n82dma3e1IconKa

Гласачка од Пенсилванија, Аманда Робинс, која трипати гласала за Доналд Трамп, јавно изрази силно разочарување и го нарече „безвредна личност“, признавајќи дека тоа било нејзина грешка. Интервјуто е направено во Милерсбург, политички неизвесна средина со тесни изборни разлики. Дел од граѓаните сè уште го поддржуваат Трамп, но расте незадоволството поради конфликтот со Иран. Затворањето на Хормушкиот теснец ги зголеми цените на нафтата и бензинот во САД (околу 3,80 долари/галон), а има и жртви: 13 загинати и над 200 повредени американски војници. Анкетите покажуваат ниска поддршка за операцијата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Една гласачка на американскиот претседател Доналд Трамп од Пенсилванија јавно изрази силно разочарување од неговата политика, користејќи остри зборови во телевизиско интервју.

— реклама —

Во разговор за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си, новинарот Џонатан Ален разговарал со гласачи во Милерсбург, каде што Аманда Робинс признала дека трипати гласала за Трамп, но сега отворено го критикува.

— реклама —

„Ти си безвредна личност“, изјавила Робинс, додавајќи дека гласањето за него било нејзина грешка.

„Три пати гласав за него. Тоа беше моја грешка. Очигледно сум идиот“, рекла таа.

— реклама —

Изјавата доаѓа во време кога американската јавност е поделена околу политиките на Трамп, особено по ескалацијата на конфликтот со Иран.

Милерсбург се наоѓа во политички неизвесен округ во Пенсилванија, каде што на последните избори тесна победа извојува републиканецот Скот Пери. Разликата била минимална, што укажува на силна поделба меѓу гласачите.

И покрај критиките, дел од граѓаните и натаму ја поддржуваат политиката на Трамп. Еден од анкетираните, Џим Матер, изјавил дека верува оти мерките на претседателот се неопходни на долг рок, особено во контекст на безбедносните закани.

Во меѓувреме, расте незадоволството поради војната со Иран. Затворањето на Хормушкиот теснец предизвика глобален раст на цените на нафтата, што директно се одрази врз цените на горивата во САД.

Според податоците, просечната цена на бензинот достигнала околу 3,80 долари по галон, што е значително зголемување во однос на претходниот месец.

Дополнително, во првите три недели од конфликтот загинале 13 американски војници, а повеќе од 200 се повредени.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Американци не ја поддржуваат воената операција против Иран, што дополнително го зголемува притисокот врз администрацијата на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 9 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 10 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања