Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Голема полициска акција во Скопје: Перење пари и лихварство од над 2 милиони евра – уапсени единаесет лица, еден во бегство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryu8vvrfsbaib583RWv8d

Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, извршени се претреси на повеќе локации низ Скопје. При акцијата, лишени од слобода се 11 лица, а едно лице, идентификувано како Б.К. (35), е недостапно за органите на прогонот.

— реклама —

Сите се осомничени за кривични дела „Лихварство“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, а според истрагата, од 2022 година до денеска тие делувале како организирана криминална група која давала пари на заем со незаконски високи камати.

— реклама —

Според истрагата, групата на оштетени лица им позајмувала пари со месечна камата од 5 до 15 проценти, а за секое задоцнување пресметувала дополнително зголемување. Кога должниците не можеле да ги вратат средствата, осомничените барале да им предадат или оптоварат недвижен имот, кој потоа го префрлале на свое име или на име на соработници.

— реклама —

Наплатата, како што стои во пријавата, се вршела директно во готовина или преку банкарски сметки, а потоа парите се префрлале на други сметки, во сефови или се користеле за купување имот и луксузни добра.

Според проценките на полицијата и обвинителството, групата нелегално стекнала имотна корист од најмалку 125 милиони денари (над 2 милиони евра).

МВР наведува дека дел од парите биле користени за лични потреби, дел за купување станови, возила и други вредности, со цел да се создаде привид на легално потекло на средствата.

Против дванаесет лица и едно правно лице е поднесена кривична пријава, а истрагата продолжува во насока на утврдување дали има и други вмешани лица и институции што им помагале во незаконските финансиски трансакции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 2 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 3 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 3 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања