Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Иран со трет бран напади: Дрон го погоди „Бурџ Ал Араб“ во Дубаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library8veqktt162270NZf5br

Иран вечерва го започна третиот бран одмазднички напади, при што дрон го погоди луксузниот хотел Burj Al Arab во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати.

— реклама —

Хотелот, висок 321 метар со 60 ката, е изграден на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и е поврзан со копното преку приватен мост. Отворен во 1999 година, „Бурџ Ал Араб“ е еден од најпрепознатливите симболи на Дубаи и често се нарекува „хотел со седум ѕвезди“, иако официјално има пет. Познат е по двокатните апартмани, приватните батлери и хелиодромот на врвот.

— реклама —

Според Канцеларијата за медиуми на Дубаи, четворица вработени се повредени, но ситуацијата била брзо ставена под контрола. Итните служби веднаш интервенирале, а повредените добиле медицинска помош.

Истовремено, дрон ја погодил и меѓународната аеродромска зона во Дубаи, по што е започната евакуација на населението. Граѓаните се упатувани кон подземни паркиралишта и други засолништа, додека дел од терминалите, според надлежните, веќе биле испразнети согласно плановите за вонредни ситуации.

Нападите претставуваат нова фаза во ескалацијата меѓу Иран и американско-израелската коалиција, со зголемен ризик конфликтот да се прошири и надвор од директните зони на судир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvlo32bhv6qek9LMv1B7

(Видео) Испрскан со црвена течност синот на соборениот ирански шах во Берлин по политичка конференција

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryvbncmtrq6fc5dJJ5vSa

Иран: првите приходи од новите давачки веќе пристигнаа во централната банка

Свет | пред 3 часа

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 6 часа

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања