Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Јанчев: Да, бев политички лицемерен кога реков „дај Боже да бидеме како Заев“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryirtpknbeeulodgic0aK

Во најновата епизода на „Претрес со Ландов“, градоначалникот на Кавадарци и сопственик на Кожувчанка, Митко Јанчев, отворено призна дека изјавата од 2020 година — „Дај боже сите да бидеме како Заев“ — била „политички лицемерна“, но, како што рече, направена во интерес на граѓаните и општината.

— реклама —

„Лицемерно. Е, можам да кажам политички лицемерно за еден политичар, не за граѓанин. Од тоа добив проект од милион ипол евра за граѓаните. Една реченица, милион ипол евра проект. Ако е во интерес на граѓаните, би го направил пак“, рече Јанчев во разговор со новинарот Кристијан Ландов.

— реклама —
— реклама —

На прашањето дали тогашниот премиер Зоран Заев му сугерирал да ја каже таа реченица, Јанчев одговори дека идејата била негова и дека целта му била Кавадарци да добие проект што првично не бил планиран за општината.

„Проектите беа поделени — 35 милиони евра. Кога Кавадарци се јави, сите беа затворени. Како градоначалник успеав да воспоставам контакт со премиерот и го замолив да нè вклучи во делот од програмата“, објасни Јанчев.

Разговорот доби дополнителна тежина кога Ландов потсети дека токму Заев бил премиерот под чија власт во 2017 година Јанчев беше приведен од полицијата.

„Викавте ‘дај боже сите да бидеме како Заев’, кога истиот човек ве апсеше со полиција и ве претресуваше со војска. Господине Јанчев, вашите калкулации изгледаат премногу флексибилни“, му рече Ландов.

Јанчев, пак, одговори дека за него политичката култура значи почит кон институциите и функцијата, а не нужно кон личноста.

„Баба ми ми велеше: ‘Синко, тој ти е претседател – имај почит’. Заев бил господин додека бил премиер. Сега нема потреба да му се обраќам така, но ако го видам, ќе му речам ‘господине Заев, како сте’ – од воспитување, не од политика“, рече Јанчев.

Овој дел од интервјуто повторно го отвори прашањето за прагматизмот и моралните граници во македонската политика, особено кога јавните изјави на функционерите се во спротивност со нивното минато. Погледнете го во целост:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypjgde581o1t96pDR9qg

(Во живо) Жерновски: Бараме ветинг на стекнатиот имот од политичари и судии

Скопје | пред 5 дена

media-librarygri0cbg4njpr6JvYuAw

(🔴Во живо) „Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Студио | пред 5 дена

media-library84b706f3fme4dHRFQMc

(🔴ВО ЖИВО) Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Студио | пред 1 седмица

media-library26aalb5n7rcj5heipx1

(Видео) Ѓурчески: Ме згрозува што газда Деко не се чувствува виновен, СЈО е најголемото зло

Студио | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања