Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Настани
media-library0ina52vt0431eY8L1Vs

Царинска управа информира дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што се запленети девет пиштоли, од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.

Како што соопштува Царинската управа, случајот бил откриен во вторникот вечерта на граничниот премин Богородица, на излез од државата. При детален претрес на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, царинските службеници во кровната конструкција на возилото, помеѓу лимот и тапацирот, пронашле девет пиштоли од марката „Црвена Застава“.

— реклама —

По откривањето, случајот бил предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лишило од слобода осомниченото лице. По преземањето на предистражните дејствија, против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, казниво според Кривичниот законик.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, осомничениот се наоѓа во притвор, а истрагата за утврдување на потеклото и намената на оружјето, како и евентуалните поврзани лица, е во тек. Царинската управа најавува дека ќе продолжи со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц и други облици на организиран криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Пад на Шваке системот: ЦУ воведува нов начин за царинење половни автомобили

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvn2d80ca2nuif8vxUE0

Царината спречи четири обиди за криумчарење злато за две недели

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl1b8moaak8nr1lPiJX3

Турчин фатен при обид за шверц на 116 забни импланти на Скопскиот аеродром

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynaqp45tat6dn7IDgDST

Спречено криумчарење: Царина Богородица заплени златен накит вреден 581.900 денари

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања