Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВОСТИ

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Савески ќе бара од колегите поретко да предлагаат затворски притвор

Во гостувањето во „360 степени“на МРТ 1, новиот државен јавен обвинител Ненад Савески изјави дека прво треба да се елиминира најблагата мерка за обезбедување присуство на осомничен или обвинет, пред да се бараат построги мерки. Дополнително, вели тој, условите во притворските одделенија во државата се нехумани, а секој притвореник е и трошок за државата.Наместо воспоставената пракса лесно да се ставаат осомничени и обвинети лица во затворски притвор, Савески смета дека почесто треба да се употребуваат гаранциите.„Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа, и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа“, рече тој.Савески вели дека како држава треба да се однесуваме во согласност со нашите можности.

Македонија | пред 6 дена

media-librarydljk50sle7ft2tzfBHj

(Фото) Автомобил „сплескан“ меѓу камион: сообраќајка на влезот од Скопје кај Автокоманда

Сообраќајна несреќа се случи пред 10 минути на влезот на Скопје кај бензинската пумпа „Лукоил“.Според фотографиите на социјалните мрежи, автомобилот е свртен во спротивен правец и заглавен меѓу жардиниера и камион.Нема информации за повредени лица.

Скопје | пред 4 седмици

puls-19

Телефони, паричници, накит: се враќаат предмети кои останаа во „Пулс“ по кобната вечер

Одделение за внатрешни работи Кочани информира дека од 2 март 2026 година започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на трагичниот пожар во кабарето „Пулс“, што се случи на 16 март 2025 година.Како што соопштуваат од полицијата, сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ број 12.Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети што биле пронајдени при увидот, а им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.Од ОВР Кочани нагласуваат дека враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите.

Македонија | пред 4 седмици

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Сведоштвото на 85-годишната Росанка од селото Челопек за „Сител“ ја открива драмата што ја преживеала кога во нејзиниот дом упаднал насилникот кој се сомничи за убиството на нејзина сосетка. Додека полицијата и обвинителството истражуваат дали во регионот дејствува серија напади врз стари и немоќни жени, таа пред камерата на телевизија Сител го опиша кошмарот што, како што вели, ѝ го променил животот.Во мирното село, на околу 500 метри од главниот пат, се наоѓа домот на Росанка, која успеала да го преживее нападот и да сведочи за случувањата. Нападот се случил минатиот понеделник околу 14 часот, кога, според нејзините зборови, непознато лице влегло во куќата и без да каже збор почнало да ја напаѓа.„Ми фрли ќебе преку глава. Викам – кој е овој? Не збори ништо, само почна да ме удира. Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам“, раскажува Росанка, покажувајќи ги повредите на лицето.И покрај возраста, таа се обидела да се одбрани додека напаѓачот ја пребарувал по телото и низ собата, најверојатно во потрага по пари. Во еден момент, според нејзиното сведоштво, се обидел и сексуално да ја нападне, по што избегал.„Дојдов малку до здив и си велам – Боже, која е оваа будала? 85 години имам… што сака од мене?“, вели таа.Нападот врз Росанка се случил неколку дена пред во селото да биде пронајдено телото на 78-годишна жена, за чие убиство е приведен 25-годишен жител од соседното село Драгоманце. Локалното население стравува дека станува збор за поврзани случаи и дека само случајност и нејзината борбеност ја спасиле Росанка од фатален исход.Обвинителството и полицијата работат на утврдување дали овие настани се дел од серија напади врз стари жени во кумановскиот регион. Истрагата е во тек.

Настани | пред 1 месец

media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Адвокатот Војо Димоски со остра реакција ги коментираше оценките на Совет на јавни обвинители за кандидатите за државен јавен обвинител, оценувајќи дека институцијата ја издигнала „праксата на немање став“ на ниво на уметност.Според Димоски, фактот што Советот оценил дека четворица кандидати имаат ист капацитет, исти досегашни резултати и исто знаење за функцијата, е спротивен на здравиот разум и на логиката на веројатност. Тој смета дека ваквата одлука е очекувана, имајќи предвид, како што наведува, начинот на кој се врши изборот на правосудни функционери.„Ако некому не му е јасно каков е штофот од кој се направени мнозинството правосудни функционери нека го погледне Советот на јавни обвинители.Тие праксата на немање став за работите денеска ја издигнаа на ниво на уметност. По нивната проценка четворица кандидати имаат ист капацитет, исти досега покажани резултати и исто знаење за функцијата Државен обвинител. Тоа се коси со теоријата на веројатност и со здравиот разум, ама од друга страна е сосема очекувано како избор на луѓе кои и самите се резултат на негативна селекција.Трагедијата е дотолку поголема што овојпат, можеби првпат досега, имаа избор кој се движи во распонот од слепи послушници до кандидати со потврден интегритет и стручност.Сега останува Владата да направи чисто политички избор помеѓу кандидатите кои Советот неправедно ги изедначи.Просто кажано:за една работа земаат плата во Советот и кога ќе дојде време да ја сработаат ја префрлаат на друг.Еден мој драг професор, Бог да го прости за негов колега велеше: Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат!“, напиша Димоски.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Скопјанецот Игор Јуруков јавно го сподели своето искуство со системот „Безбеден град“, откако, како што тврди, добил казна за пречекорување на брзина што, според него, не ја сторил. Наместо возилото што навистина се движело со поголема брзина, казната завршила на негово име, поради, како што објаснува, начинот на кој функционира системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.Според неговото сведочење, инцидентот се случил додека се движел во група возила по булеварот „Илинденска“, кога сите забавиле поради црвено светло. Во тој момент, меѓу возилата поминало моторче, по што на неговиот телефон пристигнала СМС-порака за пречекорување на брзина и казна од 15 евра. Јуруков тврди дека радарот ја регистрирал брзината на моторот, а софтверот од камерата ја поврзал со неговата регистрација, бидејќи моторите немаат предна регистарска табличка.Следувала низа административни чекори. На шалтер за „сејф-сити“ во МВР бил упатен да се обрати во полициска станица, од каде што, пак, бил насочен кон судот за прекршоци. Таму му било објаснето дека треба да поднесе жалба во два примероци, но бидејќи возилото било службено, од него било побарано дополнително да даде изјава во полиција дека токму тој управувал со автомобилот.По повторни одења во полициска станица и доставување на патен налог и полномошно, Јуруков вели дека службено лице го советувало да ја плати казната со 50 отсто попуст, бидејќи „нема шанси системот да згреши“. Тој одбил и инсистирал на поднесување изјава, по што требало да добие нов записник на свое име.И покрај најавите дека новата документација ќе пристигне веднаш или најдоцна следниот ден, тоа не се случило, па Јуруков повторно се вратил во полициската станица. По неколкудневна упорност, конечно добил нов записник со нов датум.Потоа следувала нова посета на судот, каде наместо две, од него биле побарани три копии од документацијата. По дополнително враќање со потребниот број примероци, жалбата била примена, но без јасен одговор дали рокот од осум дена за плаќање на казната ќе биде стопиран.Јуруков оценува дека случајот за стручно лице од областа на сообраќајот би бил едноставен, но укажува дека постапката за поднесување жалби е бавна и административно оптоварена. Според него, потребно е системско решение што ќе овозможи поедноставна и поефикасна постапка, наместо, како што вели, „шетање по шалтери и копии на хартија“.Тој изрази надеж дека судската постапка ќе донесе разрешница и дека ваквите случаи ќе придонесат кон подобрување на системот.

Македонија | пред 1 месец

media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци

Камион се запалил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром, по сообраќајна несреќа во која учествувал и патнички автомобил. Инцидентот предизвика застој во сообраќајот, кој започнува од близина на патарината Миладиновци.Во првичните информации, нема податоци за состојбата на возачите и евентуалните патници. На терен веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и противпожарни служби, кои работат на гаснење на пожарот и обезбедување на местото на настанот.Присутна е и полицијата, која го регулира и обезбедува сообраќајот, како и поширокиот периметар околу несреќата. Причините за судирот и за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а од надлежните се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Македонија | пред 1 месец

media-library0ina52vt0431eY8L1Vs

(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица

Царинска управа информира дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што се запленети девет пиштоли, од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.Како што соопштува Царинската управа, случајот бил откриен во вторникот вечерта на граничниот премин Богородица, на излез од државата. При детален претрес на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, царинските службеници во кровната конструкција на возилото, помеѓу лимот и тапацирот, пронашле девет пиштоли од марката „Црвена Застава“.По откривањето, случајот бил предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лишило од слобода осомниченото лице. По преземањето на предистражните дејствија, против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, казниво според Кривичниот законик.По наредба на јавен обвинител, осомничениот се наоѓа во притвор, а истрагата за утврдување на потеклото и намената на оружјето, како и евентуалните поврзани лица, е во тек. Царинската управа најавува дека ќе продолжи со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверц и други облици на организиран криминал.

Настани | пред 2 месеци

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

(Видео) Гужви и застој пред наплатната станица за излез од Тетово, сообраќајка на автопатот го парализираше сообраќајот

Сообраќајна несреќа кај наплатната рампа Желино, во правец од Тетово кон Скопје се случи вечерва, но засега нема информација за состојбата на возачите и евентуалните патници.Од снимките на „Скопје1“ може да се види дека предниот дел на еден од автомобилите е целосно уништен, а две од лентите беа затворени бидејќи се правеше увид.На терен беа присутни и две шлеп-служби, додека пак, останатите возачи, возеа пополека, поради состојбата на автопатот.Од МВР најавија детали за подоцна.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfnvlspaqtivre6EEC7B

Исчезна 72-годишна жена во Скопје

72-годишната Марика Илиевска исчезна во раните утрински часови. Последен пат е видена околу 08:30 часот во близина на ТЦ Лептокарија, Карпош 3.Илиевска била облечена во сива јакна и, најверојатно, носела шешир. Станува збор за дементна личност, поради што е особено важно да се реагира брзо.Сите кои имаат информации за нејзината локација се молат да контактираат на телефонскиот број 070 781 111.Граѓаните се повикуваат на внимателност и соработка во пронаоѓањето на Марика Илиевска.

Македонија | пред 2 месеци

policija-1313

Пронајдено тело на жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Во езерцето во Градскиот парк во Струмица синоќа било пронајдено тело на почината жена, информираат надлежните институции.По добиената пријава, на местото на настанот веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид. Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, со цел да се утврдат причините за смртта, објави МИА.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека истрагата е во тек и најавуваат дека повеќе информации за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo5g524an6grpfHsUH5W

(Видео) Објавени снимки како е ограбен тутунар од Прилеп: „Ова не е кражба на тутун, туку на месеци труд и иднина“

Тутунарот Крсто Дуковски од Прилеп јавно се обрати до јавноста по кражба на голема количина тутун, за која вели дека претставува директен удар врз егзистенцијата на неговото семејство и резултат на месеци натчовечки труд.Во својата изјава, Дуковски нагласува дека минатата година била најтешката во неговиот живот, товар кој, како што вели, може да го почувствува само оној што го носи. Токму затоа, оваа година тој и неговата фамилија вложиле сè што имале – здравје, пари, трпение и огромна работа – со надеж дека ќе ја надминат болката и загубите од претходната сезона.„Ова што се гледа на видеата е кражба на голема количина тутун. Ова е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина“, вели Дуковски, објаснувајќи дека одлучил јавно да ги објави снимките не од револт или омраза, туку со цел да се разбуди свеста, емпатијата и да се поттикне побрза реакција од надлежните институции.Тој упати апел до граѓаните доколку ги препознаат лицата на снимките, случајот да го пријават во полиција, нагласувајќи дека земјоделецот не бара милостина, туку правда и почит за својот труд.Случајот повторно го отвори прашањето за безбедноста на земјоделските производи и заштитата на тутунарите, кои честопати се изложени на кражби што директно ја загрозуваат нивната егзистенција и опстанок.

Настани | пред 3 месеци

media-library28ifr0mh66ngfOZfpK1

(Видео) Сообраќајка на раскрсницата кај „Скендербег“: се судрија мотоцикл и автомобил

Автомобил марка „голф“ и мотоцикл се судрија на раскрсницата кај „Скендербег“. Речиси половина час раскрсницата е делумно блокирана. Состојбата на возачите и патниците засега не е позната.По сообраќајката имало и тензии помеѓу учесниците во сообраќајката. На местото се чека полиција. Кацигата на возачот на моторот е оставена на коловозот.Повеќе информации од МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryrg82p2kr0r3h8Gkd5X7

Исчезна 48-годишен велешанец: Полицијата и семејството трагаат по Стојанче Клифов, се бара помош од јавноста

Полицијата и семејството на велешанецот Стојанче Клифов (48) интензивно трагаат по него, откако околу полноќ во сабота кон недела му се изгубила секоја трага. Неговото исчезнување предизвика голема вознемиреност во Велес, а блиските апелираат до граѓаните да помогнат со каква било информација.Неговата сестра Наташа за „Викимедиа“ изјави дека Стојанче живеел со родителите и никогаш досега не се случило да замине без да каже каде оди. Како што вели, овој пат излегол ненадејно и неочекувано, без да остави каков било траг,Според досега собраните информации, Стојанче излегол околу полноќ, а последен пат бил виден во такси-возило кое го оставило во близина на маркетот „Жито“. Со себе го имал мобилниот телефон, но веднаш по излегувањето од возилото сигналот му се изгубил.Сестрата наведува дека станува збор за крупен човек, висок околу 1,83 метри. Семејството е вознемирено и порачува дека секој детал може да биде пресуден за откривање на неговата местоположба.За сите информации што можат да помогнат, отворен е контакт број: 076 226 323.Денес семејството заедно со родителите официјално го пријавило исчезнувањето во полициската станица, а потрагата е во тек.

Македонија | пред 3 месеци

vardar-potraga

Безживотно тело извлечено од Варадар кај велешко село: на ова место и во минатото имаше повеќе трагични случаи

Безживотно тело, вчера (30 ноември) е пронајдено во водите на реката Вардар кај велешкото село Уланци. По дојава од граѓани, екипите на Територијалната противпожарна единица Велес излегле на терен и со едно возило и двајца пожарникари-спасители го извлекле телото од реката. Случајот веднаш е предаден на надлежните служби.Основното јавно обвинителство Велес потврди дека е издадена наредба за обдукција со цел утврдување на идентитетот на починатото лице и причината за смртта. Надлежната обвинителка Цветанка Богоевска изјави дека се преземени првичните истражни дејства и дека истрагата продолжува за да се разјаснат сите околности поврзани со настанот.Овој дел од реката Вардар во минатото бил место на повеќе трагични случаи. Во јули 2025 година, по шестдневна потрага, беше пронајдено телото на 16-годишната Теодора Б., која исчезна во водите на реката кај Уланци. Претходно, во јануари 2018 година, во истиот предел беше пронајдено и телото на 77-годишен маж со иницијали А.Н.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvqvfpb8rh0vk7Pb1uNB

(Видео) Уште еден пешак удрен кај „Јосип Броз-Тито“

Уште еден човек вечерва беше удрен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“. На социјалните мрежи се појави снимка направена веднаш по несреќата, на која се гледа повредениот маж како седи на коловозот, додека минувачи се обидуваат да му помогнат и да го смирaт до пристигнување на медицинските екипи.Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални информации ниту за причините на несреќата, ниту за здравствената состојба на повредениот.Инцидентот се случува неполн месец по претходната несреќа на истото место, кога возач на теренско возило прегази жена и избегa од локацијата. Тој беше уапсен неколку часа подоцна, на пат кон Средно Водно.Жителите на Центар и околните училишта со години предупредуваат дека преминот е небезбеден, особено во вечерни часови, барајќи трајно решение што ќе спречи нови трагедии.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryf7408nenqaqn8PUnLdH

(Видео) „ТикТок“ снимка откри колкав хаос може да настане со еден клик – секој може да гаси семафори во Скопје?

Видео објавено на „ТикТок“ од булеварот „Партизански одреди“ предизвика бурни реакции, откако во него се гледа како објавувачот, стоејќи покрај отворено сандаче со прекинувач за струја, експериментира со вклучување и исклучување – за да види што ќе се случи со семафорите.Во описот на видеото стои прашањето: „За што служи прекидачов?“, а коментарите под објавата се движат од саркастични до остро предупредувачки.„Ме чуди еден нема од коментарите дека за ова може кривично да одговараш, а најмногу тие што го оставиле отворено! Ќе се помеша тајмерот на семафорите и ќе направиш хаос!“, напиша еден од корисниците.Објавувачот, кој на „ТикТок“ се потпишува како „Катеблане“, се обиде да се оправда, но доби дополнителни предупредувања дека манипулацијата со таков прекинувач претставува кривично дело и може да има сериозни последици.Еден корисник додаде: „Често ги гледам дечиштана од ГУЦ, ќе поминат и еден паметен да се направи фраер, го штрака прекидачот и ги гаси семафорите. Несвесен дека може да предизвика сообраќајна несреќа“.На крајот, објавувачот реагираше со циничен тон: „Не кликам повеќе и ако е толку страшно, залепете ги со супер лепак.“Проблемот со незаштитените сандачиња за семафори не е нов. Пред три години, по трагичната смрт на Викторија Николова кај „Сити мол“, телевизија „Код“ откри дека семафорите биле исклучени преку вакво сандаче, но ниту една институција не презеде одговорност. Тогаш беше утврдено дека овие прекинувачи често се користат од лица што мијат стакла, но и од деца и тинејџери, без никаква контрола.И покрај бројните јавни реакции и апели, отворените електрични сандачиња сè уште стојат на повеќе фреквентни локации низ Скопје, оставајќи ја безбедноста на сообраќајот – во буквална смисла – во рацете на случајни минувачи.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryc84gdnu8qtna9sVne3q

Осум месеци мистерија: „Мики, те чекаме брате наш“ – емотивна порака за роденденот на Тодоров

Осум месеци по исчезнувањето на 28-годишниот Милe Тодоров од Неготино, неговата судбина и понатаму останува непозната.Тој исчезнал на 30 јануари 2025 година, а последен пат бил виден во селото Марена, во близина на Кавадарци. Според сведоци, бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек.Исчезнувањето на младиот маж предизвика огромна загриженост во јавноста. Семејството и полицијата презедоа интензивни мерки и потрага, во која беа вклучени нуркачи, дронови и волонтери.Во февруари беше пронајден неговиот мобилен телефон покрај реката Луда Мара, на потегот меѓу селата Глишик и Марена — наод што дополнително ја зголеми тревогата кај семејството.Според неговата сестра, Марија Атанасиевиќ, постоеле наводни забележувања на лице со сличен опис во пределот на планината Серта – видно ослабено, со подолга коса и брада. Таа апелираше до граѓаните доколку забележат лице со вакви карактеристики веднаш да пријават во полиција.Вчера, неговата навивачка група „Винари“ упати емотивна порака по повод роденденот на исчезнатиот пријател:„Среќен роденден на нашиот брат Скeчо, кој сè уште е исчезнат и за кого нема никаква информација до денес.МИКИ, ТЕ ЧЕКАМЕ, БРАТЕ НАШ ❤️“И покрај изминатото време, потрагата не е запрена. Полицијата продолжува со истрагата, а семејството не губи надеж дека Милe ќе биде пронајден жив и здрав.„Се надеваме дека ќе го прегрнеме повторно. Го молиме секој што има било каква информација – нека се јави. Секоја минута е важна,“ порачува семејството.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.Порари неможност за нормалното одвивање на сообраќајот, сообраќајот е во прекин.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryno3lrkce7lihai2XloV

Избегал пет дена пред експлозијата во Белград: Мартин Сипковски имал криминално досие со тешки дела – бил осуден за обид за убиство на 7 години затвор

Младиот Мартин Сипковски кому му експлодирал експлозив и според српските медиуми загинал во Белград, има дебело досие на само 21 година, во Македонија. Во него се вбројуваат кривични дела како насилство, разбојништво, предизвикување општа опасност. Во јавноста речиси и да нема детали за негово криминално портфолио, се додека српските медиуми не излегоа со информацијата дека загинал откако несоодветно ракувал со експлозивот, наводно наменет, за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал. Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека Сипковски е веќе осуден на 7 години и 6 месеци затвор, пресуда која не е правосилно за обид за убиство.„Основното јавно обвинителство Скопје против осомничениот поведе истрага за кривично дело - Убиство (во обид) извршено на 15.09.2024 година во зграда на булевар "Јане Сандански", при извршен напад со нож на едно лице, а надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје веднаш по лишување на осомничениот на 29.09.2024 година поднесе предлог за определување мерка притвор. Прифаќајќи дел од аргументите на одбраната, пред се во поглед на личноста на обвинетиот, судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа. Надлежниот јавен обвинител го обжали ваквото решение, но жалбата беше одбиена. На 26.12.2024 година, по спроведена истрага, ОЈО Скопје поднесе обвинение за кривично дело - Убиство (во обид), а по спроведена судска постапка, на 03.06.2025 година обвинетиот е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци, при што со одлука на Судот мерката куќен притвор е продолжена до правосилност на пресудата“, велат од Обвинителството.Обвинителот за „Скопје1“ посочува дека на 25 септември биле првпат известени дека Сипковски не е пронајден во неговиот дом. Ова е една недела пред да се случи трагедијата во Белград. Ова би значело дека тој успеал и нелегално да премине граница.„Согласно тоа Јавното обвинителство во ниту еден момент не е известено за недостапност на обвинетиот, додека на 25.09.2025 година СВР Скопје-БЈБ доставило известување до Судот дека лицето не е пронајдено во неговиот дом, по што Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да ја укине мерката куќен притвор и да определи ефективен притвор за обвинетиот“, велат од Обвинителството.Детали за Сипковски сподели и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ:

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryr9f348cno9hlaT17L5I

(Видео) Од куќен притвор во Македонија до експлозија во Белград – нови детали за патот на Мартин Сипковски

Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми јавија дека загинало во Белград, откако според првичните информации, по грешка активирал експлозив, избегал додека бил во куќен притвор, дознава „Скопје1“ од свои извори во скопското Обвинителство. На нему му се суди за обид за убиство, предмет кој го застапува обвинителот Александар Марковски, а бранител му е Владимир Туфегџиќ. „Скопје1“ контактираше со адвокатот, кој потврди дека му е застапник, но тој се уште нема никаква потврда дека Сипковски учествувал во настанот во Белград.„Како негов бранител известен сум од неговата мајка дека пред неколку дена Мартин под неразјаснети околности не е достапен но немам официјална потврда за неговото учество во настанот. Точно е дека во Кривичниот суд против него се водат неколку кривични постапки и изречена е мерка куќен притвор до правосилно завршување на кривичната постапка, во кои постапки сум негов бранител, и досега  против него не е изречена правосилна  пресуда“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Според информации на „Скопје1“ од полициски извори, во евиденцијата стои дека Сипковски секогаш ја почитувал мерката куќен притвор. Постапката за обид за убиство се водела повеќе од година, а исто толку време тој издржувал мерка за обезбедување присуство. На момчето му биле изрекувани и други воспитни мерки, а Туфегџиќ го впери простот во институциите.„Како и да е надлежните институции не направија доволно за Мартин како исклучително интилигентено и талентирано дете, во насока на навремено превенирање и артикулирање на неговата енергија во вистинска насока, иако му биле изрекувани воспитни мерки како дете во судир со законот. Овој настан нека биде повод нашите институции и воспитно поправните домови навремено да превенираат и да работат со деца во судир со законот во смисла да им ја пренасочат погрешно насочената енергија“, додава Туфегџиќ од „Скопје1“.Стапивме во контакт и со МНР, од каде велат дека остваруваат контакти со српското МНР. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.Како што стои во досегашните откритија на истрагата објавени од српските медиуми, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика

На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наведува, наводно бил наменет за ликвидација на лице поврзано со организиран криминал. Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се случил настанот, а оштетени се и два соседни стана.Полицијата приведе лице осомничено дека му предало експлозивБелградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело.Истрага за околностите и мотивитеКако што стои во досегашните откритија на истрагата, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.Кој беше Мартин Сипковски?Во јавноста Сипковски беше познат како поранешен младински ракометар на РК Вардар, кој подоцна се насочил кон моделинг и работење во модната индустрија. Неговиот пресврт кон модата и достигнувањето договор со агенција во Истанбул беа широко покриени во медиумите, а соработуваше и со покоен Зоки Фаци; исто така е споменат како студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Белградските извештаи, како и некои информации од Македонија, укажуваат дека имал претходни полициски евиденции, но точниот карактер и опсег на евентуалните криминални активности се предмет на истрагата.Што е пентрит?Пентрит (пентаеритритол тетранитрат, PETN) е силен експлозив во форма на бели кристали, користен во детонатори и во производството на одредени видови пластични експлозиви. Заради големата разорна моќ и чувствителност на удар и триење, неговото нелегално поседување и употреба претставува значаен безбедносен ризик.Надлежните српски служби најавија дека ќе продолжат со темелна истрага за да ги утврдат сите факти и мотиви поврзани со трагичната експлозија.

Македонија | пред 5 месеци

DSC_0422

Слушалки и телефони забранети во сообраќај – казните стартуваат денес

Вчера официјално стапија на сила законските измени за побезбеден сообраќај. Со нив се забранува користење слушалки и зборување на мобилен телефон со цел пешаците, велосипедистите и возачите на електрични тротинети да бидат максимално сконцентрирани на патот.Според новите правила, казната за преминување пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, глобата е 50 евра.Иако мерките веќе важат, вчера на улиците во Скопје и другите градови сообраќајната полиција не изрекуваше парични казни, туку само ги опоменуваше и информираше граѓаните за новините во законот.Најчести прекршувања беа пешаци кои минуваа на пешачки премин со слушалки во уши, како и возачи на велосипеди и електрични тротинети со телефон во рака.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Уапсени директор, полицајци, службеници: акција во три града во Македонија

Синоќа на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево започна широка полициска акција за разбивање на криминална мрежа која со години се занимавала со нелегална сеча и трговија со дрвна маса.Меѓу уапсените, според неофицијални информации, има актуелен директор во ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, неколку полициски службеници, шумски полицајци, претставник на Министерството за земјоделие, како и сопственици на приватни фирми. Тие се сомничат дека преку коруптивни врски нелегалното дрво го претставувале како легално и профитирале на сметка на државата и шумските ресурси.Информациите засега се непотврдени, а институциите не се огласиле по повод оваа акција.

Македонија | пред 6 месеци

motor-soobrakajka

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на Југо на пешачка патека, возачот кој немал возачка ќе прави вештачење

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека. Според неофицијални информации, адвокатите на возачот Фатон Љ., кој го прегази и избега, ќе правеле нивно вештачење за причините за несреќата и усмртувањето.За тоа време, возачот Фатон останува во притвор. Следното рочиште е закажано за 10 октомври, на кое, ако се одржи, возачот ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен. Доколку признае вина, без да се изведуваат докази, ќе се изрече пресуда. Во спротивно, низ повеќе рочишта ќе се презентира доказниот материјал и ќе се сослушаат сведоците.Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против возачот за тешки кривични дела во сообраќајот.Според обвинението, лицето управувало мотор „Кавасаки“ по пешачката патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, и тоа без да поседува возачка дозвола. Иако моторот се движел со брзина од 35 километри на час, надлежните утврдиле дека тоа е небезбедна брзина за условите – пешачка зона на која не смее да се вози моторно возило.Обвинетиот не успеал да го запре моторот навреме и удрил во 67-годишниот пешак Југослав Николовски. При ударот, повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да им помогне, обвинетиот го оставил моторот и избегал од местото на несреќата.Николовски со тешки повреди бил пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна починал. Сопатникот на моторот се здобил со полесни повреди.Обвинетиот се товари за две кривични дела:Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, иНеукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.Обвинителството посочува дека во текот на истрагата се обезбедени доволно докази кои го потврдуваат обвинението.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања