Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВОСТИ

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

Две недели го нема Миле од Неготино: исчезна на 30 јануари, му се губи секој траг

Ни трага ни глас од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино. Семејството 15 дена трага по него, но, велат дека не стигнуваат до никаква информација. Познато е само каде е виден последен пат и во што бил облечен. Во потрагата е вклучена полицијата, но и неговите роднини и пријатели.„По изминати две недели сѐ уште немаме никаков траг ниту глас од нашиот брат Миле Тодоров (Скечо), кој исчезна на 30 јануари (четврток), последен пат виден во с.Марена во Кавадарци, околу 10 часот, носејќи работничка облека со бело палто и црн елек, а од тогаш до денес немаме добиено никаква информација околу неговото движење, ниту траг кој би помогнал во наоѓањето на Миле. Ве молиме за споделување со цел да јавноста да знае дека потрагата е сѐ уште во тек!“, напиша неговата сестра, Марија Атанасиевиќ.Ако го забележите лицето, контактирајте ја полицијата или на 075-691-727.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Средношколки прегазени од мотоцикл во Скопје - семејството: Возачот свесно не закочил

Две средношколки биле прегазени од мотоцикл додека оделе кон училиште минатиот вторник, сведочи семејството на едно од девојчињата за „Скопје1“. Тие посочуваат дека мотоциклот свесно не закочил, а не им укажал ниту помош. Според сведочењето на девојчињата, помош им укажале лица кои се движеле со камионче. За кратко, лицето со мотоциклот се вратило, па и кажало на прегазените дека можат да се договорат, да не помислуваат да викнат полиција. Девојчињата со Брза помош биле однесени во болница. Настанот се случил кај Цементара во правец кон средното училиште „Марија Кири Склодовска“.Ирена Стојчевска, мајка на една од средношколките раскажа што се случило и на што се сомневаат.„Тој што го возел моторот и бил позади нив свесно не закочил и удрил во нив по што не им укажал помош и си продолжил.Девојчето е со огромни болки модрици и рани, контузии користејќи цело време Бруфени за да се ублажат болките. Полицијата ги пронашла двете момчиња и ги идентификувала. Интересно е дека патеката која има сообраќаен знак за велосипеди во поголем дел е единствена патека. Над неа има патека за пешаци која по стотина метри завршува како влез во зграда, а долу на патот останува една заедничка тесна патека која е и единствен тротоар и патека за велосипед. При што од полицијата е укажано дека смее да се движат мотори од 50 кубика, а тоа е единствен тротоар на кој што може да се движат и пешаци“, вели Ирена Стојчевска, мајка на едно од девојчињата.„Скопје1“ побара став и од МВР, од каде велат дека направиле увид на местото и составиле записник.„Во врска со вашето прашање околу случена сообраќајна незгода од 04.02.2025 година на булеварот „Србија“ во Скопје ве информираме дека од страна на ОУСН при СВР Скопје е извршен увид на лице место, односно од страна на полициски службеници биле превземени сите увидни дејствија. Воедно, поднесено е и писмено известување до ОЈО-Скопје и во понтамошната постапка ќе следи соодветна пријава по комплетирање на целокупниот увиден материјал“, велат од МВР.Мајката посочува дека револтот кај нив е голем од причина што девојчињата се удрени и никој не чувствува вина за настанот.„До кога вака малолетниците ќе дивеат по скопските улици и тротоари и прашањето ми е дали требаше некој да биде жртва во ситуацијата за да се преземаат соодветни мерки против сторителите?“, прашува мајката Стојчевска.Семејството и само водело истрага, па успеало да стигне и до лицата за кои се сомневаат дека биле на мотоциклот. Оттука, се наметнува можноста, тие да се и малолетни.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-11-at-10.17.33

Убиениот Хебиб е син на поранешен функционер на ДУИ

Лицето кое загина вчеравечер на територија на Чаир е Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, а сега вработен во Општина Чаир, кој во 2013 година беше и директор на Државната техничка инспекција. Пријателите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи.„На Аллах му припаѓаме и само на Него ќе се вратиме! Хебиб Буњаку, најдобриот син на нашето маало во Серово, познат по широкото пријателство низ фудбалот, и по многу други атрибути, почина и Хебиб беше син на Екрем Буњаку. Како соседи кои ги делеле истите неволји во едно маало и во знак на почит, изразувам сочувство до чичко Екрем и целото негово семејство! Бог да ви даде трпение, а Аллах да му даде на Хабиб највисоките чинови од Неговиот Рај“, се вели во една од објавите.[caption id="attachment_321584" align="alignnone" width="753"] Screenshot[/caption]Од него се прости и фудбалскиот клуб „Футсал Скопје“.„Со скршено срце и длабока болка ја примивме веста за смртта на нашиот поранешен играч, нашиот пријател Хебиб Буњаку. Извонреден човек, кој зад себе остави незаборавни спомени за сите што го познаваа. Нашето најискрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите оние кои имаа среќа да го запознаат. Аллах да ве помилува!“, стои во нивната објава.[caption id="attachment_321590" align="alignnone" width="715"] Screenshot[/caption]Повреденото лице со две прострелни рани е Аритон Далишта, кој е задржан на лекување но е вон животна опасност.Деталите од МВР: 

Коментари | пред 1 година

Habib-Bunaku-960x573-1

Караница за сообраќај резултирала со вадење пиштоли и убиство во Чаир

Недоразбирање во сообраќај е причината за расправијата во Чаир. По караницата, почнало пукањето. Неофицијално, според дел од медиумите, кавгата поточно била за паркинг место.Во пукањето, Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, бил погоден со еден куршум што го усмртил на лице место. Другото лице, има две прострелни рани, но не е во животна опасност. Има и трето повредено лице кое е на лекување на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Пукањето се случило на полноќ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-20-at-11.40.34

(Видео) Нема предмет за јавувањето на Заев кај Вилма со барање за „27 април“ да ги гони за друго дело

Јавното обвинителство нема оформено предмет за Вилма Русковска и нејзиното сведоштво дека експремиерот Зоран Заев и се јавил за да изврши преквалификација на делото за „27 април“. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски за „Алфа“ изјави дека не се сеќава да завеле ваков предмет.„Колку што се сеќавам, не. Затоа што, доколку го кажала требало да дојде и да го пријави во ЈО. Такви сознанија немам дека е заведен предмет на таа околност“, рече Коцевски.Од изјавата на Русковска во поткастот „Претрес со Ландов“, поминаа три месеци. Таа кажа дека Заев и се јавил во моментите кога се одвивале уставните измени односно промената на името. И тој побарал од неа, да изврши преквалификација. Иако мешањето на извршната во судската власт претставува притисок, таа посочи дека не го почствувала така.Коцевски, пак, во неколку наврати се пофали во јавноста дека се отворале предмети по негова иницијатива. Но, ова не било случај кога во прашање е Русковска и Заев.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-1

Нема како членовите на Судски совет да бидат разрешени, но борбата ќе биде со јавниот притисок, вели премиерот

Нема начин за со сила да биде разрешен Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација, можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе бидат со јавен притисок.„Органот кој ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење. И со тоа што не го прифатил нивниот извештај, дал свое мислење. Пратениците можат да поднесат интерпелација за членовите кои тие ги избрале. Но тоа не значи дека им престанува мандатот, тие може да речат дека не поднесуваат оставка и да останат понатаму да го водат судството со 2%. Нас тоа нема да нѐ изненади. Со сила не можеме ништо да им направиме, до последно ги штити законот. Тие можат да решат да не поднесат оставка“, рече Мицкоски.Сепак, тој посочи дека се надева на нивни оставки.„Новите членови ќе се бираат според тоа кој закон ќе биде во сила. Ценам дека јавноста не е задоволна од Советот, ќе се бориме со јавноста, со јавен притисок“, додаде Мицкоски. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-09-at-12.21.21

11 дена без Миле: се трага по спротистот од Неготино

Единаесетти ден нема ниту трага ниту глас од Миле Тодоров, кој последно е виден на 30.01.2025 година. Семејството заедно со полицијата и пријателите трагаат по него, но до овој момент нема нови моменти кои би и помогнале на истрагата. Тој тргна пеш од Кавадарци кон Неготино, а телефонот му беше најден кај реката Луда Мара.Се пребаруваше во манастири и цркви. Полицијата ангажираше хеликоптер. Семејството алармира до секој што има било каква информација за Миле, да ја контактира полицијата или нив на 078-909-481, 075-691-727. Тој е спортист, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-06-at-03.33.24

Се бара притвор за ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски - познати сите детали од истрагата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик.Првоосомничениот, во периодот од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши.Тој не го пријавил постоењето на судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење на судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот, иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга. Така тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило “Фолксваген пасат” сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп.Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години, на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејствие што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки.Во периодот од 01.01.2022 до 13.06.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари. Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист и го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата.Исто така, за првиот осомничен, поведена е скратена постапка и за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на Авио службата при Службата за општи и заеднички работи, тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари. Иако знаел дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на воздухоплов, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место.Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.За второосомничениот обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

Македонија | пред 1 година

frosina-jovanov

Судскиот совет оформи Комисија за пресудата за возачот што ја усмрти Фросина

Судскиот совет на денешната седница формира Комисија од тројца кои ќе ја испитуваат пресудата на судијката Даниела Алексова Стојановска од Кривичниот суд, за возачот Васил Јованов за делото трговија со дрога.Јавноста реагираше на судиската одлука, полнолетниот Јованов, за продажба на марихуана и таблети наместо во затвор, да се испрати во поправен дом.Поради жалбената постапка, пресудата сега се наоѓа во второстепениот суд и осудениот никогаш не заминал на воспитување во Тетово.,,Комисијата на Судскиот совет ќе треба да направи увид во предметот за возачот што ја усмрти Фросина Кулакова”, изјави претседателот на Судскиот Совет, Александар Камбовски.Ќе се ,, чешла” пресудата на судијката Даниела Алескова Стојановска.,,Треба внимателно да постапува комисијата, да не створи притисок врз апелационите судови бидејќи тие нормално треба да одлучат по таа првостепена пресуда. Ако е добра ќе ја потврдат. Ако сметаат дека не е во ред, дека постојат одредени повреди на постапката, ќе ја укинат или можеби ќе ја преиначат. Затоа треба комисијата внимателно да изврши увид и откако ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелациониот суд некаков притисок од наша страна. Доволен е притисокот што веќе го има од јавноста врз тој суд”, истакна Камбовски, по седницата на Судскиот совет.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-06-at-03.33.24

Пеце Мирчевски, ексдиректор на СОЗР при Влада оди во притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое:Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците.Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Македонија | пред 1 година

gradinka-2

Негователка од Велес доби условна осуда оти им давала на деца во градинка да пробаат електронска цигара

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата.Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.

Македонија | пред 1 година

falsifikuvani-banknoti

Детали за производството на фалсификувани евра во Македонија

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази.„При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. Воедно десет лица се лишени од слобода.Операцијата се надоврзува на претходната операција од август минатата година спроведена од ОЈО Скопје и косовското Специјално обвинителство, кога беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите, а во Косово беше уапсен македонски државјанин кој ги произведувал и пуштал во оптек.Денешната операција во целост е поддржана од ЕВРОПОЛ и од Проектот на ЕВРОПРАВДА за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за реализација. Истовремено, во денешната акција во РСрбија се извршени претреси на повеќе локации во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица и притоа се приведени шест членови од криминалната група, а запленети се 180 000 фалсификувани банкноти – евра.Со подетални информации јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 1 година

policiska-akcija-960x582-1

Во Македонија се правеле фалсификувани евра: голема акција во тек, дојдени се меѓународни истражни тимови

Акција за запленување на фалсификувани евра спроведува Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со полицијата, со меѓународен тим.„Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста“, велат од Обвинителството.Од МВР засега не споделуваат информации и најавија детали за подоцна.

Македонија | пред 1 година

reel-nov.00_01_19_02.Still003

(Видео) Возачи си направиле трка на Партизанска, на потег каде досега има и загинати пешаци

Автомобили и натаму се тркаат на булеварот „Партизански одреди“, сведочи снимката која ни ја испрати наш читател. Пред осум дена (на 25 јануари), два автомобили „проелтувале“ од семафор до семафор. Возеле со огромна брзина, тркајќи се, кој ќе биде побрз.Според сведочењето на читателот, автомобилите возеле вака од мостот „Влајко“ до Лептокарија. На овој потег, има најмалку пет пешачки премини. На два од овие пешачки премини, имаше и жртви – на пешачкиот кај ТЦ „Антико“ каде нема ниту семафори и пешачкиот кај „Сити мол“ каде загина младата Викторија Николова.Министерството за внатрешни работи најави дека нема да толерира девијантно однесување. Јавноста е згрозена по прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова на пешачкиот кај Универзална сала и денеска повторно излегува на протест.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-01-at-19.26.52

Исчезна Миле од Неготино: заминал на работа, дал отказ и заминал

Според информациите од МВР, вчера во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(Миле Тодоров 28), кој имал здравствени проблеми.Сестрата на Миле во изјава за Фокус вели дека станува збор за одговорна личност, млад спортист, вработен, и семејството вели дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто.„Брат ми вчера замина на работа во Кавадарци, облечен во работничка опрема, со црн елек врз палтото. Висок човек е, со спортска градба. Од она кое го знаеме, му кажал на газдата на компанијата во која работи дека дава оставка, разговарал смирено, а потоа заминал и веќе не знаеме ништо за него“, вели за Фокус неговата сестра.Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот. Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.Од полицијаа преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 1 година

frosina-jovanov

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти бил психички паднат

Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор, дознава „Скопје1“. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото.Јованов, преку адвокатот Сашко Дуковски, посочил дека не може да влијае на постапката бидејќи сите докази потребни на истрагата веќе се собрани. За можноста да избега, посочил дека е невозможно бидејќи пасошот му бил во судот. Тврдел и дека не може да го повтори делото, бидејќи, бил психички паднат, како и дека го погодил настанот, дознава „Скопје1“.Овие аргументи не го убедија Кривичен суд, каде судија на претходна постапка одлучи да му одреди 30-дена притвор на Јованов. Тој е спроведен на издржување на притворот во затворот во Шутка.Ова не му е првпат на Јованов да оди во затворска ќелија. Тој минатиот април завршил во притвор, кој му бил изречен додека траела истрагата за дрогата пронајдена во неговиот дом. По три и пол месеци, односно крајот на јули, тој излегува во притвор со одлука на судијката Даниела Алекосвска-Стојановска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-31-at-07.34.49

Поминал на црвено и удрил во Фросина: возачот Васил бил без возачка и со алкохол во крвта

Васил Ј. кој има 20-години и ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизанска“ кај Силбо, поминал на црвено светло, имал алкохол во крвта и бил без возачка дозвола. Ова се последните детали од Обвинителството. Со автомобилот „пежо 207“ сопственост на неговиот татко, не застанал на пешачкиот премин и удрил во сега починатата Фросина.„Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, велат од Обвинителството.За возачот Васил Ј. се бара притвор, за кој одлучува скопскиот Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Девојка загина на Партизанска: врсник ја удрил со “пежо”

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата.Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-2-2-copy-pretresi

Адеми од Судски совет сакаше со анкета да докаже дека судиите имаат поголема доверба од 2%, а откако им е најавено разрешување

Членот на Судскиот совет Селим Адеми кој се поврзуваше со судијата Енвер Беџети (дел од црната листа на САД), а стоеше зад „пучот“ на експретседателката Весна Дамева, побара од буџетот на Советот да се издвоеле пари за анкета за доверба во судството бидејќи не верувал во таа која утврди дека граѓаните имаат верба во судиите и обвинителите од едвај од 2 отсто. Предлогот на Адеми не доби поддршка, зашто невладините кои ја следат работата на судовите, веќе спровеле таква анкета, а резултатите ќе ги објават денеска.„Предлагам да се одвојат пари во буџетот на Судскиот совет за правење на анкета за довербата во судството бидејќи го слушаме само најлошото од другите институции. Реално довербата во судството не беше 2%, беше околу 20%, па предлагам да одвоиме пари и сами да направиме истражување на јавното мислење, па да видиме колкав е процентот на довербата на граѓаните. Ќе знаеме точно колку е довербата во судство, колку е довербата на судски совет и дефинитивно, да не се шпекулира со бројки, 2, 4, 11, 24. Тогаш ние ќе излеземе точно конкретно и може да кажуваме колку ни е процентот на доверба. Вака само слушаме од други институции што прават анкети и се прикажува само најлошото“, рече Адеми.Распуштањето на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието е една од мерките која ќе ја преземеме со цел исполнување на ветувањето кое го дадовме за подобрување на работата на судско-обвинителскиот совет, најави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека сега Собранието има можност да ја активира оваа опција и да ги распушти тие членови.„Граѓаните очекуваат акција од нас. Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика, посебно во услови кога не им го прифаќа извештајот за работењето. Така што, ги гледаме сите овие законски можности, се разбира дека ние нема да правиме ништо што е спротивно на законот и Уставот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

pukanje-cair

Помилуваниот припадник на нарко-кланот „Барон“ доби обвинение за пукањето во Чаир

Помилуваниот Акиф Равманоски, за кого медиумите пишуваат дека е припадник на нарко кланот „Барон“, доби ново обвинение. Ова се однесува на пукањето пред зградата на Општина Чаир:По спроведена истражна постапка и испитување на сите околности, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против вкупно четири лица за инцидентот кој се случи на 14.10.2024 година во близина на зградата на Општина Чаир, кога при пукање со огнено оружје – пиштол беше повредено едно лице.Првообвинетиот се товари за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, второобвинетиот за – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 и Учество во тепачка од член 132 став 1, додека двајцата останати за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.Обезбедениот доказен материјал упатува на дејствијата на секој од обвинетите поединечно, при што првообвинетиот при тепачка неконтролирано испукал еден куршум со пиштол и нанел тешка телесна повреда – огнострелна рана во левата потколеница кај оштетениот, кој пак на обвинетиот му нанел расекотина во главата со остар предмет. Останатите тројца обвинети претходно ја започнале вербалната расправија и тепачка со оштетениот. Во текот на целиот инцидент и второобвинетиот неконтролирано замавнувал со пиштол и испукал еден куршум во непознат правец, предизвикувајќи со тоа значителна опасност по животот и телото на луѓето.Првообвинетиот во времето на извршување на кривичното дело бил осудено лице кое користело поволности во установата каде ја извршува казната, па од тие причини уште при поведувањето на истрагата јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинението предложено е продолжување на притворската мерка.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka-avtobus

(Видео) Снимка од сообраќајката на Обиколница: три лица во болница

На Обиколница, правец Радишани-Стајковци ноќеска имаше сообраќајка. Три автомобили, камион и автобус се судриле. Три лица се повредени.“На 22.01.2025 околу 20.20 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Бутел кај Смилковско езеро кон Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички возила, товарно возило и паркиран автобус. Од незгодата со повреди се здобиле тројца учесници кои се пренесени во скопските клиники, наведуваат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Има оперативни информации кај е Груби, објави Тошковски

Оперативни информации има, но официјална потврда каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница, засега нема. Ова во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Станува збор за оперативни информации на оперативно ниво кои што ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави кои што, да речеме, имаме оперативни информации дека предметните лица се наоѓаат таму каде што сме ги добиле информациите. Од ден на ден сѐ повеќе и повеќе е сигурно дека се лага тврдењата дека осомничените се чисти како солза и дека имаат приватни обврски. Одделот за внатрешна контрола утврди дека направена е кардинална грешка од полицискиот службеник којшто требало да го запре, да го легитимира, да извести и да постапи по мерки од неговиот надреден во насока на напатствијата коишто ги дало Јавното обвинителство. Поднесена е кривична, постапено е од страна на Министерството, не е крив пајакот како на времето“, вели Тошковски.Груби ја напушти Македонија во средината на декември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-16-at-16.58.49

(Видео) Тешка несреќа во центарот на Скопје: делови од возилата распрснати по булеварот „Свети Климент Охридски“

Сообраќајна несреќа помеѓу комбе и автомобил се случи на раскрсницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ кој води кон Државна болница. На местото беше повикана Брза помош која интервенираше.Од снимките може да се види дека има значителна материјална штета, но засега, не е познато дали има повредени лица. Од силината на ударот, паднато е и едно од тркалата на автомобилот, кој удрил директно и во семафор. Делови од двете возила се распрснати по булеварот.Местото го обезбедуваше полицијата, а детали се очекуваат од МВР во текот на денот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-15-at-22.44.22

Исчезнатата Лидија Трајковска е починатата жена пронајдена во водите на Вардар

Телото на жената, кое минатата недела беше извлечено од водите реката Вардар кај селото Таор, Зелениково, е на исчезнатата 43-годишна Лидија Трајковска.Трајковска од семејството беше пријавена за исчезната на 8 ноември 2024 година. Последен пат беше видена на автобуска станица во скопското село Јурумлери, каде и живееше.Потрагата по исчезнатата жена траеше два месеци, а нејзиниот брат и сестра бараа и меѓународна помош за да ја пронајдат.

Македонија | пред 1 година

kameri-brzina-bezbeden-grad

(Видео) Ако е жолто, а забрзувате - ќе си добиете казна; Како ќе се казнува со активирање на камерите низ Скопје

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ве стигне и и ќе ви стигне порака, а ќе ја добиете и во поштенското сандаче. Залудни ќе бидат сите вртења по телефон на пријатели бидејќи бројот на системот ќе го немате. Таков не постои. Камерите од „Сејф сити“ ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. 90 проценти од поставувањето и инсталацијата веќе е завршено, а за помалку од два месеца, полицијата ќе го постави целосно системот Безбеден град. Поминување на црвено и прекорачена брзина ќе бидат главните прекршоци кои ќе се санкционираат преку видео наздзорот и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи, вели за Алфа, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Од кога е започнат процесот на поставување на новиот систем, тестирањата покажуваат дека прекршоците се намалиле неколку кратно, вели началникот, а очекувањата се бројката дополнително да опаѓа.-Ние имаме дневна бројка на прекшувања бидејќи ние секојдневно го тестираме. Но, ќе ни треба уште 30-40 дена, за да се дотестира и да се доусоврши, за да нема грешки нели или грешките да ги сведеме на минимум. Прeвенцијата ни говори дека, имаме поплаки од нови граѓани каде што се вршат проверки и од прилика на 10 до 15 локации нови ќе поставиме и тука ќе го заокружиме процесот некаде на 100-90 локации таков тип на камери каде што граѓаните нема да можат да видат дека некој го прекшува законот во делот на возењето во однос на поминување на црвено или прекорачена брзина. И тука превентивно ќе делуваме затоа што граѓаните ќе сфатат дека едноставно има камера, и камерата не може на никој да му прости“ вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.На законските измени се работи со полна пареа во Министерството за внатрешни работи. Експертската фела, професори по безбедност и сообраќај, началници, инспектори учествуваат во изработка на законот кој до март би требало да е готов. Откако ќе ги помине сите владини и собраниски процедури влегува во сила.-Јас сум член на една од Комисии каде што макотрпно се работи за законот. Морам да признаам дека на неколку состаноци таму видов луѓе кои се од сообраќајната фела од најразлични карактери, од професори до луѓе кои се бават цел живот со сообраќај и при крај се сите законските решенија кои ќе поминат во Собрание во некој нормален ред, овие месеци, мислам овие месец два и конечно ќе се заокружи тој процес каде што полноправно ќе може системот на Сејфт сити да профункционира и законски да кажеме и казните да течат за прекршителите, ако нема прекршители нема да има казни, вели Топаловски.Но, ова нема да биде единствената новина која ќе се регулира со новите законски измени. Полициски возила опремени со камери кои ќе бидат директно поврзани со системот Безбеден град, ќе патролираат по Скопје. Секое застанување на булевар каде што не е предвидено таканареченото „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано.-За несоодветно паркираните, на паркиралиштата, на булеварите.. Сите оние кои ќе помислат дека ќе може да ја остават колата и некаде да отидат да завршат некоја рабоота, притоа да создадат гужва на таа сообраќајница, сега ќе имаат казна. Колите ќе вртат по цел ден, по неколку часа на различни локации. Морам да им кажам и една порака да испратам на тие кои планираат да бидат сообраќајни прекшители, тоа нема да биде исплатливо“, вели началникот Топаловски.Системот поседува 10 пати повеќе камери кои исто така работат и се користат за откривање на потешки криминални дела, вели началникот. Ставањето во функција на системот нема за цел намерно да се казнуваат граѓаните, туку да се зголеми сообраќајната култура и почитувањето на прописите. Идејата на Министерството за внатрешни работи е да го намали бројот на жрвтви од сообраќајни незгоди на половина, вели началникот. „Сејф сити“ ќе им биде од помош и на полицајците на терен, бидејќи една раскрсница ќе биде покриена од сите агли со камери и ќе ги регистрира сите пркшоци кои со голо око не можат да се забележат. Според плановите на МВР, ваков безбедносен систем до крајот на годината, треба да добијат поголемите градови во Македонија.Извор: Алфа телевизија

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања