Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВОСТИ

lesko-tufke

„Крупни пропусти од полицијата, истрагата треба да е насочена кон газдата на објектот“, Туфегџиќ ќе ја бара правдата за загинатиот Љупчо

Адвокатот Владимир Туфегџиќ ќе се бори семејството Лешко, чиј син Љупчо почина од струен удар на приватна забава, во изнајмен објект во Радишани. Тој смета дека постапката која ја води скопското Обвинителство треба да биде насокчена кон сопственикот и менаџерот на објектот, објаснувајќи дека го издавале без одобрение. Укажува дека има и пропусти од страна на полицијата.„Во конкретниот случај како адвокат на оштетеното семејството сметам дека постои основано сомневање за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност и истражната постапка во оваа смисла треба и мора да биде насочена кон сопственикот на објектот како и кон лицето кое го менаџирало објектот преку позната инстаграм адреса со издавање за настани на кои биле собрани поголем број луѓе и со ставање на неисправна и неиспитана музичка опрема на располагање, без одобрение и согласност од надлежен орган“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Тој смета дека полицијата делувала пристрасно, бидејќи игнорирале факти и докази. Поради недовербата која се зодала поради повеќе работи, Туфегџиќ вели дека му најавил на јавниот обвинител дека заедно со семејството активно ќе учствуваат во предметот.„Од прибраните податоци и докази ценам дека се направени крупни пропусти при увидот на лице место и наместо непристрасна и независна истрага полицијата очигледно имала однапред изградено мислење и теорија дека се работи за несреќен случај и тоа во криминалистиката е познато како пристрасност или заблуда на потврдувањето на состојби, докази и факти каде што се игнорираат сите факти и докази кои се противни на однапред изградениот став, школски пример како не треба да се постапува. На јавниот обвинител му најавивме активно учество во постапката со техничко лице од областа на електротехниката а со цел целосно расчистување на состојбата на работите“, додава тој.Обдукцијата покажа дека Љупчо починал од струен удар. Раде и Кети Лешко, родители на починатиот Љупчо Лешко трагаат по вистината. Го бараат виновникот. Во гостување во поткастот „Претрес“, тие ги раскажаа сите „случајности“.

Македонија | пред 1 година

vardar-potraga

Се трага по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар, детето е во стабилна состојба

Потрагата по мажот кој бил во автомобилот што излета во Вардар од патот Расче-Кондово - трае. Полицијата добила пријава во 16 часот, и веднаш постапиле.-Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар. Во 21.05 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на река Вардар го извадија возилото „ауди”, во кое биле пронајдени три починати лица, соопшти МВР.Како што вчеравечер информираше Центарот за управување со кризи, од возилото кое било извлечено од Вардар биле извадени тела на три женски лица.Дететo е е згрижено во Детска хирургија. Тоа, неофицијално, е во стабилна состојба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-09.32.13

Мицкоски: Оставам до Обвинителството да допре гласот, па да видиме, дали тие ќе преземат некакви мерки

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува разврска во однос на вчерашната изјава од собраниска говорница дека бил следен како лидер на паравоена формација, изјави:„Финансиер. Инспиратор и финансиер на милитантна, вооружена, паравоена, параполициска и веќе не знам каква структура. Инаку она што е интересно, од тоа што можам да го кажам и да го споделам со јавноста е дека овие списи, извештаи или како да ги наречам, дебрифинзи се креирани на почетокот на 2020 година, кога е изборна година. Замислете една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која, располага со вакви информации, во која што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури, вооружени, а при тоа не го информира Министерството за внатрешни работи. И се поставува прашањето зошто не го информирала. Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше господинот Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин, преку монтажа, да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ. Останатото, еве оставам до Обвинителството, впрочем тоа зборувавме и со обвинителот на настанот. Да допре гласот на Обвинителството, па да видиме тие, дали овој глас ќе допре до нив и дали после ова допирање на овој глас, тие ќе преземат некакви мерки.“

Македонија | пред 1 година

aramii

(Фото) „Во Капиштец кружат крадци, денес околу 19 часот пробуваат да влезат по домови“ - скопјанка алармира на внимателност

Скопјанка сподели фотографии низ кои алармира за внимателност кај граѓаните кои живеат во Капиштец. Таа посочува дека крадци се обиделе да упаднат во нејзината куќа.„Во Капиштец кружат крадци, денес околу 19 часот пробуваат да влезат по домови“, објави скопјанката, која сподели и фотографии.[caption id="attachment_318448" align="alignnone" width="1238"] Screenshot[/caption]Засега не е познато дали овој обид за упад е пријавен во МВР.Во предновогодишниот период, кога граѓаните заминуваат на зимување и прослави, зачестени се ваквите појави.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-22-at-10.39.48

Шест месеци голгота: Уште ја нема Злата, семејството во исчекување, разочарани од полицијата

Поминаа шест месеци од исчезнувањето на Злата Јанкова, која последен пат е видена во селото Орел, Свети Николе. Семејството посочува дека нема никакво сознание за правецот во кој се движи истрагата. Член на фамилијата посочува дека немаат ниту помош од полицијата. Тие посочуваат дека Злата немала кавги со семејството, живееле во слога и разбирање, а немала ниту здравствен проблем.„Оставени сами да се молиме на Господ да ни помогне да е жива и здрава да се појави од некаде или пак некој добро намерен човек да ни помогне. Шест долги месеци тага и болка исчекување да се случи нешто позитивно, до толку тешко што животот е бесмислен! Наспроти нас имаме изгубено член и столб на семејството , и секако полицијата која до петиот месеци си ги помина многу убаво сите продолжени викенди, државни празници и летни одмори“, пишува Дарко Јанков, член на семејството.Според него, првпат потрага по Злата се направија по пријава во Внатрешна контрола.„Добро се наспаа цели пет месеци за да се појави внатрешна контрола по моја иницијатива и на нивно барање на пет месеци за првпат организираа претрага на исчезнато лице, жално, болно, но вистинито“, додава тој.Целото негово сведоштво:[caption id="attachment_317849" align="alignnone" width="702"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

nesrekja

(Видео) Сообраќајка на Партизанска: Делови од автомобил распрскани по булеварот, автомобил извртен од силината на ударот

Сообраќајна несреќа се случи вечерва после мостот „Обединети нации“ во правец Влае кон Карпош 4. Едно од возилата е со сериозни оштетувања и распрскани делови низ булеварот „Партизански одреди“, но засега нема информација за состојбата на патниците.Евидентно е дека станува збор за судир меѓу два автомобили. Од силината на ударот, едното од возилата се свртело во насока на спротивниот правец на движење.Местото се обезбедува од полицајци, кои вршат и увид.Детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Скопје | пред 1 година

grubi-523

Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука иако бил на стоп листа, смета Калајџиев

Професорот Гордан Калајџиев коментирајќи го случајот со заминувањето на ексвицепремиерот Артан Груби за Косово, вели дека полцииските службеници не можеле да го спречат. Тој смета дека за тоа не постоела судска одлука, за да се спроведе.„Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука. Полициските мерки како “стоп листа” или распис се во спротивност со Уставот и ЗКП!“, вели Калајџиев.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот премин „Блаце“ Б. Ј. и Б. А., кои на денот на акцијата за претрес за случајот „Лотарија“ на 15. овој месец, го пуштија за проневера осомничениот поранешен прв вицепремиер Артан Груби да избега од апсење, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицискиот службеник Б. Ј., кој се товари дека направил тешка дисциплинска грешка, е тргнат и суспендиран од работа.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

По силните критики Коцевски реорганизирал низ Обвинителство, соопштија кои се приоритетни предмети

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на Јавното обвинителство во борбата против корупцијата“, се вели во соопштението од Обвинителството и се додава:Од тие причини, во рамките на своите надлежности, кои се од организационен карактер и не навлегуваат во предметното постапување на јавните обвинители, републичкиот јавен обвинител презема чекори за сериозна реорганизација на силите Јавното обвинителство која овозможува поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата.Во таа насока, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Задолжително упатство со кое заради заштита на јавниот интерес и за поефикасно откривање и гонење на кривични дела и нивните сторители, се задолжуваат сите јавни обвинители итно да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес. На ваквите предмети приоритет ќе се дава и во преземањето на дејствијата од страна на истражните центри на јавните обвинителства, а сите обвинители кои имаат во работа такви предмети се задолжени итно да извршат нивно ажурирање во смисла на проверка на преземените дејствија и на веќе издадените наредби и барања и на пристигнатите одговори од надлежни органи и институции. Доколку по издадени наредби и барања не е пристигнат одговор или соодветни податоци од надлежни институции и органи во законски определениот рок, веднаш ќе бидат испратени ургенции за итно постапување.Основните јавни обвинители на основните јавни обвинителства се задолжуваат во рок од 10 работни дена по донесувањето на Упатството да одржат стручен колегиум со сите јавни обвинители во основните јавни обвинителства на кој ќе го разгледаат обемот на работа на конкретното обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата по број на предмети, подносители, преземени дејствија и активни издадени наредби, ќе ги анализираат предизвиците при постапувањето во таквите предмети и ќе изнесат предлози за нивно надминување со цел поефикасен кривичен прогон.Вишите јавни обвинители на вишите јавни обвинителства се задолжуваат во рок од 10 работни дена по донесувањето на Упатството да одржат стручен колегиум со сите јавни обвинители во вишите јавни обвинителства на кој ќе го разгледаат обемот на работа на конкретното обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата, предизвиците при постапувањето во таквите предмети во втор степен и предлозите за нивно надминување со цел поефикасен кривичен прогон.За сите овие активности ќе бидат доставени извештаи до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а доколку биде констатирано неоправдано одолговлекување на постапките ќе биде извршен вонреден надзор над постапувањето на соодветните јавни обвинители.

Македонија | пред 1 година

avtomobil-Bajrami

Запален автомобилот на јавниот обвинител Џелал Бајрами

Ноќеска во Куманово е запалено возилото на јавниот обвинител Џелал Бајрами.Станува збор за сопствено возило кое било паркирано пред објектот каде живее.Дежурен јавен обвинител излегол на местото на настанот и од страна на органите се подигнати доказни материјали.Џелал Бајрами е обвинител во државното јавно обвинителство, а претходно во Владата на Груевски бил министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, како кадар на ДУИ.Инаку синоќа во Куманово се случиле неколку пожари, во еден од нив во изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи и повеќе автомобили.ДУИ реагира дека пожарите се подметнати.

Македонија | пред 1 година

kumanovo-zapalen-dukjan-750x430-1

(Фото) Неколку пожари во Куманово: ДУИ вика дека се случува криза, обвинител собира снимки од камери

Синоќа во Куманово се случиле неколку пожари, во кои изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи и повеќе автомобили, а ДУИ реагира дека пожарите се подметнати. Според пишувањата на дел од медиумите, еден од изгорените автомобили е на висок јавен обвинител.За пожарот во кој му изгоре канцеларијата, ноќеска извести самиот Јакупи на својот профил на Фејсбук.„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи во својата објава.Тој повика на брза реакција од надлежните органи.Се огласи и Обвинителството.„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите каде беа опожарени два автомобили и една деловна просторија. Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор“, велат оттаму.

Македонија | пред 1 година

shetkli13

(Фото) Раде Штекли објави фотографија

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако утрово беше фрлена бомба во дворот на неговата куќа, а тој заврши во болница. Фотографијата е од него, каде се гледаат раните од куршумите, по претходните две пукања во него. Фотографијата е илустрирана со песна „Мафија“.Штекли имаше полесни повреди и беше вон животна опасност. Според информации на „Скопје1“, станувало збор за полесни повреди. Нема информација дали е пуштен на домашен третман.Од МВР нема информации дали се фатени лицата кои ја фрлиле експлозивната направа.

Македонија | пред 1 година

shtekli3

(Видео) Бомбата за Раде Штекли била најавена на „Тикток“: Скопје, Керамидница, карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат

Минатата среда, на мрежата „Тикток“ било објавено видео со порака дека ќе има бомба и експлозија кај „Ист гејт“. Токму на оваа локација живее Раде Трајковски-Штекли, во чиј дом, беше фрлена експлозивна направа токму утрово. Снимката со најава е објавено точно осум дена пред денешната експлозија од профил со име „радештекли26“.„Скопје, Керамидница, карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“, стои во натписот на видеото.И ова не е првпат, пред да има обид за убиство на Штекли, тоа биде најавено на оваа социјална мрежа. Истото се случуваше и минатата година, кога три дена пред да биде пукањето кон Штекли во трговски центар, беа објавени снимки. Истите снимки, сега се избришани.

Скопје | пред 1 година

rade-stekli

Штекли е вон животна опасност по експлодираната бомба во неговиот дом

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема тешки повреди, дознава „Скопје1“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба, фрлена во неговата семејна куќа. Сепак, директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов, каде бил пренесен Трајковски-Штекли, вели дека се прават и дополнителни анализи.„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, доиследувања се прават во моментов“, вели доктор Настов за „Скопје1“.Засега не се фатени лицата кои ја фрлија бомбата во семејната куќа. Според МВР, други повредени нема. Ова е трет напад врз Штекли.Претходно, во него два пати беше пукано додека шеташе низ трговскиот центар „Ист гејт мол“. Беше погоден и во белодробното крило, но се спаси. Двете ликвидации биле добро планирани, а од беа објавени и снимки од моментот на пукање.Штекли е добро познат во скопското подземје и криминалните кругови. Еден период се поврзуваше со т.н. група „Барон“ од Чаир.

Македонија | пред 1 година

asdfa

„Душата моја, мајче моја, очите мои“, трет ден се трага по скопјанката Лидија, од која нема ни трага ни глас

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска, која трет ден се води за исчезната. Семејството посочува дека е семејна жена, која немала никакви здравствени проблеми. За медиумите посочија дека била одговорна и не била конфликтна личност. Засега ниту тие не можат ни да претпостават што се случило со Лидија. Засега до нив нема нови информации, ниту пак, полицијата соопштува нови детали. Познато е само дека освен теренска обиколка, информативни разговори, преглед на камери - пребарувано е и со дронови.„Душата моја, мајче моја, очите мои“, напиша вчера нејзината ќерка Мартина Трајковска која бара било каква информација за нејзината мајка.[caption id="attachment_311572" align="alignnone" width="1378"] Screenshot[/caption]Семејството претходно соопшти дека Лидија излегла од дома и отишла на автобуска станица. Според нивните информации, таа била вознемирена, но не се знае од што. Нема телефон, ниту документи во неа. Сето ова се случило утрото околу 5 часот. Што се случило со неа од автобуската станица па натаму - не е познато. Носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.Семејството ги повикува сите граѓани кои евентуално ја забележале или имаат информации кои би помогнале да се расветли случајот, да го контактираат нив на бројот 071 345 208 или полицијата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-08-at-21.26.49

Ни траг, ни глас од жената од Јурумлери: Немала здравствени проблеми, последно видена на автобуска

И по неколку часа од јавниот апел, се уште ја нема 43-годишната жена од Јурумлери за која семејството посочува дека последно била видена на снимки од бензиска станица како стои на автобуска. „Скопје1“ исконтактира со член на семејството кој го објави апелот, но посочува: Нови детали нема. Во дел од медиумските објави, се посочува дека снимките кои биле прегледани од семејството, им оставиле впечаток дека жената била вознемирена.Според неофицијалните информации, објавени од „Лидер“ кои се повикуваат на членод семејството, тој рекол: „Од снимките се гледа како таа излегува од дома, како да се обидува да избега од нешто“.Станува збор за жена која немала здравствени проблеми, ниту пак конфликти, тврди нејзиното семејство. Засега не е потврдено дали таа се качила во автобус и заминала, како и ако се качила, во кој автобус односно линија. Куќата ја напуштила во 05:10 часот утринава, без на никого да каже било што.Семејството посочува дека Л.Т. носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми. Семејството ги повикува сите граѓани кои евентуално ја забележале или имаат информации кои би помогнале да се расветли случајот, да го контактираат нив или полицијата.

Македонија | пред 1 година

klinika-hirurski-kliniki-

Еден убиен во Арачиново

Еден од застреланите во Арачиново, ја изгубил битката на Ургентниот центар во Скопје, сооштија оттаму. Второто лице веднаш е примено во Одделот за интензивна нега„Заради сериозноста на состојбата на 50- годишниот пациент, веднаш е извршена реанимација, но за жал и покрај сите напори на дежурните медицинските тимови, кај овој пациент настапила смрт“, велат од Ургентниот центар.На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново.Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Isceznat-Hadis

Пронајден е Хадис, објави неговиот татко - се чека МВР со детали

Малиот Хадис кој беше изгубен во Ченто, е пронајден, објави неговиот татко Самир Абазов.„Детето е пронајдено живо и здраво, фала ви од срце“, напиша тој.Засега не е познато каде е пронајден Хадис и како исчезнал. Детални информации „Скопје1“ побара од МВР, од каде очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

policija-141

(Видео) За малку избегната нова трагедија на пешачки во Карпош 4

За влакно беше избегната трагедија на пешачкиот премин во Карпош 4, каде изминатите години имаше неколку прегазени лица, а велосипедист им подлегна на повредите. Пешак кој поминуваше улица на преминот, еден чекор го делеше за во него да удри автомобил марка „сеат“.Пешакот ги помина првите две ленти, каде автомобилите застанаа и го пропуштија. Кога стигна на третата лента, пред него „пролета“ автомобилот „сеат“, чиј возач, во обид да избегне директен судир, влета во жардињерите. Возачот и патникот веднаш излегоа од возилото за да ја проверат состојбата на пешакот – кој не беше повреден и по настанот си замина.Од несреќата, има материјална штета на возилото, во кое поради ударот, беа вклучени и воздушните перничиња. Во истиот момент застанаа и две возила на Брза помош, кои случајно поминуваа, за да видат дали има повредени лица.Овој пешачки премин е озлогласен изминатите години. Пред три години, таму загина велосипедист. Друг, беше прегазен минатиот септември.  И пешак беше прегазен на истото место пред три години.По несреќата пред три години, медиумите известуваа дека сепак возилата и натаму не застануваат на овој пешачки премин.Граѓаните апелираат на построги казни и повеќе контроли. Дел од нив се залагаат и за поставување на семафори, бидејќи сметаат дека контролите и казните нема да дадат резултати. Случајни минувачи коментираат и дека ретко поминуваат на овој пешачки премин, од страв дека може да бидат прегазени.

Македонија | пред 1 година

straza

(Фото) Километарска колона: сообраќајка на Стража

Два камиони се судриле денеска на превојот Стража, по што патниот правец Гостивар – Кичево е затворен во двата правци.[caption id="attachment_308346" align="alignnone" width="646"] Screenshot[/caption]Од Автомотосојузот на Македонија потврдија дека има застој. На превојот има километарска колона.[caption id="attachment_308347" align="alignnone" width="608"] Screenshot[/caption]Нема информации за повредени лица.

Скопје | пред 1 година

brza-pomos-541

Три лица загинаа на патот Скопје-Велес: нова трагедија, се преврте комбе

На автопат Скопје-Велес, пред тунелот, се превртело комбе.До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош.На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител.

Македонија | пред 1 година

490FF7A4-F900-4F8B-9A1A-E108DC83350E

(Видео) Камион гори на патот Охрид-Ресен

Камион се запали на патот Охрид-Ресен. Според првичните информации нема повредени лица, бидејќи возачот на време успеал да излезе од возилото. И други лица кои поминувале застанале да му укажат помош, но пожарот брзо се раширил.Неофицијално, пожарот избувнал додека возачот го управувал возилото. Засега не е познато што транспортирал и која е причината.Детали се очекуваат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-03-at-19.06.18

Стабилна ли е зградата во Чаир, ќе се вратат ли станарите дома: 30 часа беснееше пожарот, уште мириса на пластика

Повеќе од 30 часа гореше зградата на улица „Серава“ во Чаир, по што се отвори прашањето дали и колку е оштетена бетонската конструкција на зградата. Стотина жители, можат да останат без кров над глава, доколку се потврдат првичните сомнежи дека статиката на зградата е нарушена.На местото се уште мириса на изгорена пластика, а станарите беа спасувани преку покривот. Станарите се уште чекаат одговор дали некогаш повторно ќе можат да влезат во своите домови, додека сите хоспитализирани поради вдишување на чад се пуштени на домашно лекување освен две деца кои беа задржани на Детската клиника.Подрумите, односно магацинот каде избувна пожарот е преполн со вода. Од Обвинителството велат дека се очекува целосно завршување на истрагата, за потоа да се разјаснат деталите за причините за пожарот. Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на целосно расчистување на случајот.„Бевме тука до 4:30 часот наутро и потоа пожарот беше локализиран, немаше повеќе чад или горење. Најмногу изгореле кабли, приклучоци, лустери, пластика. Тука бевме три смени и работевме без престан 24 часа, имаше околу 40 пожарникари во три смени. Состојбата на повредениот пожарникар е стабилна“, рече Ерол Али – заменик командант на противпожарната бригада.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka-prilep

Ден на жалост утре во Прилеп: градот тагува по тројцата доктори кој го загубија животот во сообраќајката

Прилеп утре ќе прогласи Ден на жалост за смртта на трите медицински лица кои рано утринава, на пат кон работа загинаа во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.„Со тага ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп. Прим. д-р радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска ги загубија животите одејќи да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа. Најдлабоко сочувство до нивните семејства, пријателите и колегите“, напиша министерот Арбен Таравари на Фејсбук.Тројцата загинаа на место на несреќата. Како и секое утро, двајцата лекари и ренген техничарка од Прилеп, тргнале на работа во битолска приватна болница. Некаде во близина на клучката Лагово, точно во 7 часот и 51 минута, нивната Тојота налетува на камионот Волво, кој доаѓал од спротивен правец, од Битола кон Прилеп. По судирот, двете возила изгореа речиси во целост. Медицинските работници останале во едното од нив.

Македонија | пред 1 година

20240929080257

(Видео) Во околината на Велес: Патници кршеле прозори за да излезат од автобус во кој се појавил чад

Патници кои се враќале од Грција со автобус на туристичка агенција, кршеле стакла за да излезат од автобусот откако возилото почнало да чади. Ова го пренесуваат повеќе македонски медиуми, кои јавуваат дека несреќата се случила во околината на Велес.Според информациите на ТВ21, кои пренесуваат сведоштво, возачот на автобусот прв алармирал да се кршат прозори и да се излезе, а вратите бил затворени.„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

Нападнат 17-годишник од неколку малолетници

Денеска (25.09.2024) во СВР Скопје е пријавено дека 17-годишник бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања