Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВОСТИ

mvr-1

Три лица во Тетово ја загрозиле сигурноста на службено лице

На 24.09.2024 година во 21:45 часот на улица ,,Илинденска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово поради загрозување на сигурност и спречување на службено лице во вршење на службени дејствиа ги лишиле од слобода Н.М.(40) А.К.(35) и И.Ф.(33) сите од Тетово. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и прoтив нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

slovenija

Маж од Македонија убил жена, па се самоубил во Словенија

Маж по потекло од Македонија пукал во 40-годишна жена, по што се самоубил. Ова се случувало во Словенија, односно градот Градац во текот на вчерашниот ден. „Скопје1“ дознава дека македонскиот државјанин е по потекло од прилепскиот регион и има околу 30 години.Словенечката полицика посочува дека мажот починал на лице место, додека жената во тешка здравствена состојба е пренесена во Општата болница на градот Градец, каде што починала.Неофицијално, пукањето се случило во индустриската зона Памече, објавија словенечките медиуми.На местото имало истражен судија и јавен обвинител. Детали се очекуваат од Одделот за криминалистичка полиција при полициската управа Цеље.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-51-8610PM

Горела бандера, треви, стрниште - најбарана вчера била полицијата, покажува извештајот на ЦУК

Имало вкупно 1 582 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 55,82%, а 44,18% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.Извештајот на ЦУК, интегрално:Кон полиција биле упатени 62,35%, кон Итната медицинска помош 29,15%, a кон пожарникарите 6,88% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 703 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано само еден пожар на отворено на територијата на државата. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, дека: од 13.10 до 16.00 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 m2 кај м.в. „Три Круши“ (Општина Кисела Вода); од 14.30 до 15.00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ (Општина Карпош); од 15.55 до 16.40 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 m2 кај с.Стајковци (Општина Гази Баба) и од 17.05 до 17.30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 300 m2 во населбата „Шуто Оризари“ (Општина Шуто Оризари).ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-21-at-19.17.21

(Видео) Еве како се случуваат тешки несреќи во Скопје!

Без кациги, со над дозволена врзина и со поминување на црвено светло на неколку семафори.Вака се вози од страна на млади лица низ скопските улици и покрај многубројните несреќи, од кои дел завршуваат со фатални последици.Ова е снимено попладнево во Скопје, на булеварот „Партизански одреди“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-19-at-22.10.47

(Видео) Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег!

Подготвителниот меч кој се играше во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка.Инцидентот се случи на две минути до крајот на мечот кога по еден прекршок од страна на кошаркар на ТФТ имаше реакција на клупата на чаирчани. Тензијата се прелеа и во публиката до степен да дојде и до тепачка.Најдебелиот крај го извлече капитенот на ТФТ, Едис Нури кој беше нападнат од неколку навивачи на Чаир кои со боксови се пресметаа со кошаркарот. Инцидентот е пријавен во полиција.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-43-4680PM

Жена настрада на скопската обиколница: се испревртела со автомобил, однесена е во болница

Тешка несреќа се случила утринава на скопската обиколница. Автомобил се излизгал и неколку пати се превртел.Според првичните информации, возачот е жена која итно е пренесена со Брза помош во болницата „св. Наум Охридски“ позната како градска болница. Карактерот на повреди засега не е познат.На терен излезе и полицијата која прави увид. Несреќата е во близина на клучката за селото Орман.

Скопје | пред 1 година

ambulanta

Ужасно претепување во Скопје: Малолетник прободен од група малолетници, итно однесен во болница

Ужасен настан се случи вечерва во Скопје, во близина на училиште.Според првичните информации, малолетник бил нападнат од неколку лица со остар предмет, со кој би прободен. Малолетникот бил и натепан, со што, неофицијално, се здобил со видвливи хематоми. Полицијата се сомнева дека групата која го нападнала биле исто така малолетници.Лицето е пренесено во комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување помош.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

crkva-gostivarsko

(Видео) Драма во гостиварско Галате, граѓани чистеле црква, дошла полиција: “Сакаат да нѐ приведат, сме узурпирале место“

По обилните дождови, граѓани ја чистеле црквата во атар на село Галате (Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар), а полицајци дошле да ги приведат, објавија тие преку снимка на социјалните мрежи. Според нив, полицијата им кажала дека постапуваат по насоки од обвинител, а причината била узурпација на земјиштето каде е црквата.„Сакале да нѐ приведат, сме узурпирале место. Или ќе нѐ приведат сите, или ниту еден. Ја чистиме црквата, ја средуваме, добиле насоки од обвинител да нѐ приведат сите, ако останеме, да го одземат багерот“, вели мештанин на снимката.Од видео-материјалот се гледаат десетина полицајци, од кои еден се расправа со мештаните. Полицијата дошла со три возила, од кои, едно возило е „марица“, која се користи и за приведување.

Македонија | пред 1 година

reels.09_52_47_25.Still008

(Вознемирувачко видео) Силувачот во Кисела Вода се обиде ладнокрвно да замине, додека жената не можеше да се соземе од шокот

Повеќе од две минути траел обидот за силување на 30-годишната скопјанка во Кисела Вода, покажуваат видео материјалите до кои дојде „Скопје1“. Ја спасиле врисоците, но и упорната борба со силувачот. Од снимките се слуша како жртвата извикува: „Помош, пушти ме“, а нападот врз неа се случува непосредно пред булеварот „Борис Трајковски“, кај црквата.Силувачот не се откажува и натаму ја држи соборена на земја, по што, доаѓа лице од страна кое му го одвлекува вниманието, а жртвата успева да избега. Откако жената поминува улица, истото го прави и силувачот, а тука излегува и уште еден маж кој ги слушна врисоците.Додека жртвата е исплашена и во шок, лицата кои и помогнаа на жената тргнаа да го фатат лицето и го совладаа. „Скопје1“, претходно објави снимки од тој момент.Засега е познато само дека станува збор лице со иницијали С.Г., кој има 31-година. Обвинителството побара, а судот му изрече 30 дневен притвор.*Жртвата е замаглена на снимката, а нејзиниот глас измутиран - со цел нејзина заштита.

Скопје | пред 1 година

IMG_3457

(Видео) Скопјанец се обидел да силува жена: го бркаа и фатија, па претепаа

Млад скопјанец кој се обиде да силува жена во Кисела Вода, среде полноќ. Обидот се случил на булеварот “Борис Трајковски” близу Општината Кисела Вода. Очевидци сведочат дека девојката барала помош, по што се стрчале кон силувачот и почнале да го бркаат. “Скопје1” дознава дека преминале преку булеварот и го стигнале на улица Пушкинова, па го тепале додека не дошла полиција.“Денеска во 00.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 - годишна жена од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.Instagram embed code generator.boxes3{height:175px;width:153px;} #n img{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important} #inst i{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important}

Скопје | пред 1 година

soobrakajka-k-voda

(Видео) Сообраќајка во Кисела Вода: распрскани делови, едно од возилата удрило и во бандера

Две возила се судрија на стотина метри после „Рампа“ во Кисела Вода, во текот на ноќта, после 12 часот.Според првичните информации, едно од возилата удрило и во бандера, додека двата учесници во несреќата имаат поголема материјална штета.. Засега не е позната состојбата на патниците.Увид правела и полицијата.

Скопје | пред 1 година

IMG_6181

Две лица учествувале во убиството кое утринава се случи кај Мавровка, убиениот е бизнисмен

Продолжува увидот и истрагата за убиството кое утринава се случи кај Мавровка.Според нефоцијални информации убиениот е сопственик на фирма, сознава Скопје1.За убиството се осомничени две лица, кои по извршеното убиство избегале во различни правици. Засега останува непознат мотивот, а десетици екипи на МВР веќе собираат оператини информации за расчистување на случајотВозилото од кое е пукано е пронајдено на сред улица во оппштина Гази Баба.Автомобилот што се користел за убиството е со белгиски регистарски таблички.Се очекуваат официјални информации од МВР. Во потрагата е вклучен и полициски хеликоптер.[caption id="attachment_299987" align="alignnone" width="737"] Screenshot[/caption]Фото Принтскрин/Видео/Тв21

Скопје | пред 1 година

ubitstvo-mavrovka1

(Фото) Убиство на паркинг кај Мавровка

Утринава ново убиство на паркингот кај Мавровка.Според првичните информации едно лице е убиено, a oсомничените за пукањето се во бегство.Од МВР веќе еден час нема ниту една информацја за пукањето.Наскоро очекуваме официјални детали.Фото Принтскрин/Видео/Тв21

Скопје | пред 1 година

287829261_1236723307157013_3964917400840923829_n

Пукање кај Мавровка, по вчерашното во Сингелиќ

Ново пукање кај ТЦ Мавровка има утрово, откако вчера, вакви сцени имаше во скопски Сингилиќ.Засега не се познати информациите дали има повредени лица.„Скопје1“ се обрати во МВР и чека информации.

Скопје | пред 1 година

Danela-Arsovska-pred-Vlada

Данела Арсовска конечно утре на прес ќе одговара на новинарски прашања

Утре во 11 часот ќе се одржи прес конференција во град Скопје. Денеска, по средбата во Влада, Арсовска на прашање на Скопје1, рече дека по средбата ќе одговори на новинарски прашања или во Влада или во градот. Сепак реши да преспие и пресот е закажан за утре.По долго молчење и криење од јавноста скопската градоначалничка ќе треба да даде одговори за хаосот во градот, но и за четириесетината директорски смени кои уште повеќе ја влошија состојбата.Денешната средба со премиерот и министерот дојде на барање на Арсовска која на средбата дојде без предлози и план. Тоа ќе го сторела до крај на неделава. Владата не побарала оставка, но остава можност за покренување прашање за кривична одговорност на Данела Арсовска.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски удри по Кривичен за бегството на Рамадани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се огласи на социјалните мрежи во однос на случајот за Блерим Рамадани:„Имајќи предвид дека случајот со екстрадиционата постапка за Блерим Рамадани предизвика голем интерес кај јавноста, а денеска од страна на Кривичниот суд беше испратено соопштение во кое одговорноста за бегството на предметното лице се префрла на Министерството за внатрешни работи, сакам да потенцирам неколку факти кои јасно укажуваат каква е вистинската фактичка состојба.Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол.Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“.Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163.Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата.Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал.Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија.“

Македонија | пред 1 година

samka1

„Сам донел сам изел“: за граѓаните или да му застарат милионските долгови, за кого бие битка Самка Ибраимовски?

„Сам донел, сам изел“. Вака вели една народна поговорка која изгледа добро ја слушнал и разбрал, експратеникот Самка Ибраимоски. Тој и натаму бара да се бришат долгови постари од десет години, но не дава одговор дали тоа го прави за себе или за граѓаните, како што тоа го претставува во јавноста.„Скопје1“ пишуваше за фирмата на Ибраимоски која треба да врати на државата милионска сума, а тој сака да се спаси со законот кој сам го иницираше додека беше пратеник. Сега го прашавме, дали ќе се откаже од застарување на неговиот долг и ќе ѝ врати на Македонија 29 милиони денари кои неосновано ги добил, што е констатирано со ревизија на пресуда и правосилна одлука на Апелација – но тој не одговара.Ибраимоски е особено активен во делот на застарување на долговите изминатиот период. Тој гласно го критикува тоа што долговите не застаруваат, без разлика дали поминале десет или повеќе години. Но и самиот е должник. „Скопје1“ го праша дали тој има долгови и кон поединци и фирми, кои можат да му застарат со законот чија уставност ја преиспитува Уставниот суд. Ни на ова прашање не добивме одговор. Но истовремено, преку социјалните мрежи бара кривичните пријави против извршителите да се процесуираат во јавното обвинителство.„Кажавте дека законот мора да се почитува без разлика кој и да е. Вие како поранешен адвокат, сегашен министер за правда, ние како еден од иницијаторите за застарување на долговите во Македонија со мојот тим, имаме една замолница...Законот за облигациони односи не се почитува, извршителите како да се паднати од Марс. Дали може вие да покренете постапка за непочитување на закон, бидејќи неспроведување на одлука се казнува парично или со казна затвор. Ве замолувам да преземете обвинанија.... Година дена не почитуваат закон (извршителите)“, вели Ибраимоски во вклучувањето во живо.Но експратеникот кој се бори долговите да застаруваат и да не се плаќаат, не кажува ниту збор за тоа дека ниту тој не почитувал судски одлуки донесени врз основа на закон. Па така не ја испочитувал пресудата донесена од Кривичниот суд во 2006 година, која станала правосилна со одлука на Апелација, а во која стои да врати милиони на државата. Доколку ова било испочитувано, неговата фирма немала да биде дадена на извршител, ниту противизвршувањето чиј доверител е Македонија – ќе биде поднесено до извршител.За потсетување, Ибраимоски беше пратеник во Собранието. Тој, две години откако државата започнува извршување на долг од неговата фирма, го поднесува законот кој и денеска го пропагира.Ние сакавме да ја чуеме и втората страна, па Ибраимоски во два наврати доби покана и за гостување во поткастот „Претрес со Ландов“, но и прашања од наша страна, кои можеби не му се допаѓаат, па ги игнорира. Останува отворено и прашањето кој е главниот мотив на Ибраимоски толку да инсистира на бришење на долговите. Нејасно е и зошто ако приоритет му е интересот на граѓаните, тој не ги врати неговите долгови, сосе милионите кои ги чека државата.Повеќе за случајот:

Македонија | пред 1 година

samkka-ibraimoski

Самка ќарува државни 29 милиони денари: му застаре долгот благодарение на законот кој го иницираше како пратеник

Државата барала да наплати 29 милиони денари од фирмата „УНИУС-ИС“ на експратеникот Самка Ибраимоски, но тоа нема никогаш да се случи, бидејќи тој го искористил законот кој сам го иницираше и долгот му е застарен. Македонија барањето за извршување го поднела во 2006 година, извршителот не успеал да наплати до 2016 година, а со новиот закон, ако долгот десет години не се наплати – се отпишува. Ибраимоски беше еден од иницијаторите на тоа долгот да застарува и да не може да се извршува по одреден период. Сепак во изјава за „Скопје1“ посочува дека целта не му била тој да се спаси. Посочува дека државата му должи нему. Но признава, по основ на застареност на извршување, се спасува од враќање на милионската сума.ЗОШТО ДРЖАВАТА БАРАЛА ДА ГИ ВРАТИ МИЛИОНИТЕПред да стане пратеник, Самка Ибраимоски тврди дека имал мотел во Тетово, кој му бил запален во 2001 година при војната. За ова поднел тужба против државата и барал обесштетување. Судот пресудил дека треба да се обесштети и оваа пресуда, која според неговите зборови станала правосилна. Тој добил средства. Но потоа пресудата подлежела на ревизија – па било одлучено дека „УНИУС-ИС“ на Ибраимоски нема право на пари и требало да ги врати.„Прво добив пресуда за оштета поради тоа што мотелот ми беше запален во 2001 година. Кога требаше да почне наплатата, тие дадоа ревизија на правосилната пресуда. Значи мене ми платиле врз база на правосилна пресуда, не на жими мајка или чесен збор. Поради мојата политичка ангажираност направија мучка и го вратија предметот на повторно судење. На повторното судење, ми рекоа дека немам пасивна легитимација. Тоа беше чиста политичка игра“, вели Ибраимоски.Оттука почнува и присилната наплата на парите од страна на државата.ИБРАИМОСКИ ТРЕБА, НО НЕ ГИ ВРАЌА ПАРИТЕФирмата на Ибраимоски станува должник. Државата бара да ѝ бидат вратени 29.545.277 денари како главен долг. Ова е потврдено и со пресуда од Кривичниот суд во Скопје од март 2006 година, која станала и правосилна со одлука на Апелација.„...со решение на Врховен суд од 2004 година, пресудата од 2003 година е укината, а врз основа на таа извршна исправа, доверителот наплатил вкупно 29.545.277 денари од должникот, судот одлучи како во изреката на ова решение па предлогот за противизвршување го уважи и му наложи на доверителот во рок од 15 дена да го врати на должникот износот од 29.545.277 денари, односно износот што доверителот го добил со извршувањето во извршната постапка“, стои во пресудата изречена од Ангелина Поповска.Доверителот Република Македонија поднесува барање за противизвршување во 2009 година, каде како должник се впишува фирмата „УНИУС-ИС“ сопственост на Ибраимоски.„Врз основа на решение ... од 2006 година на Основниот суд Скопје, уважен е предлогот за противизвршување поднесен од должникот, а сега доверител Република Македонија против доверител, а сега должникот ... УНИУС-ИС ДООЕЛ Тетово со кое решение му се наложува на сега должникот да му врати на сега доверителот износ 29.545.277 денари на име главен долг. Ова решение е потврдено со решение на Апелациониот суд од 2008 година“, стои во  барањето за извршување до кое дојде „Скопје1“.СТАНУВА ПРАТЕНИК ВО 2011 И ПОЧНУВА СО БАРАЊАТА ДА ЗАСТАРУВААТ ДОЛГОВИТЕСамка Ибраимоски е претседател на ПЦЕР, од чија партија беше и пратеник во Собранието. Тој во изјава за „Скопје1“ посочува дека законот за застарување на долгови и стопирање на наплати од извршители го пропагирал во 2011 година – додека всушност, според документите кои ги поседува „Скопје1“ траело извршување на милионите кои државата ги барала назад. Сепак, Ибраимоски посочува дека тој не должел на државата и не се работело за него.„Јас овој закон сум го пропагирал и сум барал во 2011 година, тогаш не се работело за мене. Нема врска тоа што јас должам на државата, јас ништо не должам“, вели Ибраимоски.Тој самиот посочува дека сега нема долг, оти со правосилна пресуда е констатирано дека долгот застарел.„Јас сум сопственик на фирмата, но немам долг, јас имам пресуда добиено, јас немам долг, имам пресуда дека се поништува по два основа, поради застареност и поради тоа што државата треба да ми плати оштета. Тие да сакале да ги извршат, немале да чекаат 15 години“, вели Ибраимоски.Кога ја побаравме пресудата со која се констатира дека државата треба да му плати оштета, прво рече дека му е кај адвокатот, па најави дека дополнително ќе ја достави.ПРИБЕЛЕШКАТА НА МОТЕЛОТ СТОИ, ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАВАДека имало прибелешка на мотелот кој го имал Ибраимоски поради долг, потврдува и самиот поранешен пратеник. Тој посочува дека сега има поднесено и кривична пријава против извршителот.„Има прибелешка за мотелот, сега јас барам да се избрише. Тој не ја почитува правосилната пресуда, јас пуштив кривична пријава. Јас имам пресуда дека предметот е застарен“, додава Ибраимоски.Тој најави дека предметот ќе го тера до крај, дека ќе оди до Стразбур.САМКА Е ПРОТИВ ИЗВРШИТЕЛИТЕЕкспратеникот се залага за примена на законот со кој долговите застаруваат, а извршителите мораат да запрат со извршувањето. Тој повикува на протести за утре во 12 часот пред Министерството за правда.„Понесете ги извршните решенија, ќе има барања до министерството за овој закон да почне да се применува“, посочува Ибраимоски во вклучувањето во живо на „Фејсбук“.Тој посочува: „Народот треба да ги ја земе судбината во свои раце“.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

(Видео) Автомобил превртен на кров на обиколница

Тешка несреќа се случи утрово на надвозникот на патот спрема Косово, на самата обиколница.Со часови, возило превртено на кров стои на локацијата. До ова дошло кога возило со германски и возило со косовски регистрации се судриле. Според првичните информации - нема повредени лица.Сообраќајот се одвива по една лента и успорено. Детали се очекуваат од МВР.

Македонија | пред 1 година

safdg

(Видео) Со пиштол извршен грабеж на улица „Македонија“ - снимен моментот и крадецот

Младо лице со пиштол изврши грабеж, среде бел ден, во центарот на Скопје, на улица „Македонија“. Тој со кацига и ракавици, влезе во продажен салон на познат бренд и одзел повеќе часовници.Од снимките кои ги поседува „Скопје1“ се гледа како лицето ги става предметите во ранец и заминува од местото каде се случил грабежот.  Снимено е и како лицето преку плоштадот „Македонија“, се упатува кон Кејот, односно Камени мост.МВР трага по него.„Пријавено е дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кусо од МВР за „Скопје1“.

Скопје | пред 1 година

unnamed-file

(Вознемирувачко видео) Полицаец удира момче со глава во глава, прво во пределот на носот, па странично

Постапување на полицијата завршило со удари глава во глава, сведочи снимка која се појави на социјалните мрежи. Неофицијално, станувало збор за нарушување на јавен ред и мир, по што постапувале полицајците.Додека другите од околу се тепаат, полицаецот удира со глава во лицето на млад дечко, кој неофицијално имал околу 19 години. Од снимката се гледа како полицаецот го удира со глава директно во пределот на носот, а потоа, иако не се гледа дека момчето дава отпор, го удира одново во глава.За сето време, од страна тече тепачката помеѓу другите лица.За детали, се обративме до МВР од каде очекуваме одговори.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-09.56.24

Се трага по жена од Теарце: Има деменција, се знае дека барала превоз за Скопје бидејќи таму живее

Се трага по жена од село Јелошник, Општина Теарце. За неа е објавен апел на социјалните мрежи, а постапува и полицијата, заедно со ЦУК. Директорот Стојанче Ангелов вели: „Зборував со сестрата на исчезнатата жена, дополнително е испратена полиција вечерва“.„Исчезната е Олгица Димитровска во селото Јелошник од 7-8 часот утринава. Има 80 години и има деменција. Во селото засега ја нема, можно е да се тргнала надолу кон Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Доколку ја видите ве молам запрете ја и јавете се, повеќе луѓе се таму и ја бараат, ќе ја земеме во најбрзо време. Телефон за контакт: 076/ 466 689“, стои во апелот на Маја Трајковска.[caption id="attachment_299092" align="alignnone" width="1388"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

Isceznat-Ismail-Muratov

Видео: Исмаил Муратов исчезнат од петокот, попладнево пронајден во критична состојба покрај Брегалница

Исмаил Муратов (35) од Дорфулија кој од петокот вечерта беше исчезнат, попладнево бил пронајден во безсознание покрај реката Брегалница, кај селото Бекирлија, на територијата на Општина Лозово.Тој со хелихоптер веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека спасувачка потрага и мисија се одвивала покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото Бекирлија.Муратов бил пронајден во животнозагрозувачка состојба, а потоа и спасен. Тој на носилки бил пренесен преку реката Брегалница, а потоа качен во хеликоптер и пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Македонија | пред 1 година

tepacka-skopje

Прескокнале и избегале: при броење се припојавиле четворица во затворот во Шутка, фалат уште шест затвореници

Директорот на затворот “Скопје”, во Шутка, Бобан Утковски, за “Скопје1” посочува дека шест лица се пријавени за избегани. Ова значи дека во затворот, во меѓувреме, се вратиле уште четири лица.“Шест се избегани, МВР е во моментов во затворот и постапува согласно со законот. Напуштање на објектот го направиле со прескокнување на оградата. Ако користеле привилегии не би имало квалификација бегство”, вели Утковски за “Скопје1”.Тој додава: “Четворицата во самото броење се имаат појавено, утре ќе се прегледуваат камери за да се произнесеме за нивното движење, биле во кругот или не”.“Скопје1” објави дека првично, недостасувале 14 лица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-09-at-08.52.22

(Видео) „Верник“ снимен како краде од скопски двор

Снимка од младо лице кое извршува кражба е објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“. Објавувачот е со желба сите да го запознаат крадецот и да го лоцираат, па пишува: „Проверете го крадецов, може утре зет ќе ви биде…“. Снимката е од објект во Скопје.Интересен момент кој го забележа јавноста е дека крадецот на себе носи маица со верски обележја.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања